Г-а Весна Јаневска не можеме да ја сметаме за министерка бидејќи нејзиното делување, реферирам на повлекувањето и менувањето на програмата за Сеопфатно сексуално образование (линк во коментар), е несомнено во својство на служителка на отец Јаков и МПЦ, и на серија анти-демократски и протофашистички здруженија и движења, што е делување спротивно на Уставот на државата (демократска и секуларна), чиешто слово мора да го почитува за да биде ...

Изјавата на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, дека ќе ја повлече програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО), изборен предмет во средните училишта низ земјава, предизвика низа реакции во јавноста. Јаневска најави дека ќе се прави ревизија на програмата на барање на јавноста. Не прецизираше за кого станува збор, но овој потег го отвори прашањето што ќе значи ваквата одлука за можноста младите да добијат сексуално ...