Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Битката со проруските наративи деновиве се пресели во зданието на ОН, каде што од 22 до 30 септември 2025 се одржува јубилејното 80-то заседание на Генералното собрание. Темата на годинешното заседание е доволно сигнификантна за сегашниот момент во светот – „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“ Пишува: Стојан Синадинов Руската Федерација деновиве со сите сили се труди да ја брани нејзината позиција на ...
Руската кампања за дезинформации што го придружува нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала, е дел од поширока хибридна операција против НАТО и ЕУ. Целта на овие акции е ширење страв, продлабочување на внатрешните поделби и создавање тензии во односите со Украина со цел да се обесхрабрат западните општества и носители на одлуки да обезбедат понатамошна поддршка. Директната употреба на воени средства, во ...
Пред гласањето што ќе се одржи в недела (28 септември) повеќе онлајн групи за мониторинг следеа пропагандни и дезинформациски кампањи што ѝ се припишуваат на Русија. Нивната цел е да ја намалат поддршката за владејачката проевропска ПАС, на гласањето на 28 септември, што многумина го сметаат за геополитички избор помеѓу Исток и Запад Пишува Мирослава Симоновска Претседателката на Молдавија Маја Санду во обраќање без преседан изнесе ...
На првите локални избори 1996 година најголема и најсилна партија од албанскиот блок- со победа во 20 општини, беше ПДП. Во 2005 година беше првиот настап на локални избори на ДУИ – партијата која во следните изборни циклуси ќе се етаблира како втора по големина, користејќи ја слабоста на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. На локалните избори во 2017 година се појавија нови политички играчи од албанскиот кампус. „Порталб“ објавува „досие“ за изборните ...
Историјата на предвремените избори во земјата покажува дека тие во принцип се загубено време за државата и за сите прогресивни процеси во нејзе, но од аспект на политичката партија на власт или на елитата што владее, може да бидат и продолжено време на владеење. Тоа го покажаа четирите предвремени избори од независноста досега – сите за време на претходната гарнитура на власт на ВМРО-ДПМНЕ, кога со нејзе управуваше експремиерот Никола ...
Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на ...
Гостинот на премиерот, освен што е со потекло од Берово, во 2021 година се стекна со руски пасош и државјанство и беше лично одликуван од Путин за неговиот придонес во руската култура. „Меката моќ“ на Милош Биковиќ е значајна за Русија – тој служи како познато, симпатично лице кое не ја критикува Русија, што во ерата на меѓународна изолација е многу вредно. Неговата популарност ја прави руската култура „пристапна“ и „пријателска“ за ...
Според Руската служба за надворешно разузнавање, Брисел смета на тоа дека финансиското пумпање во медиумите и невладините организации ќе го мобилизира електоратот на изборите, ќе ги изнесе луѓето надвор на улиците и ќе го заврши „српскиот Мајдан“. Во списокот на таргетирани медиуми се наведени FoNet, RAM Network, Vreme, Juzne Vesti, Slobodna rec, Boom93, Podrinske, Freemedia, Indjija, SOinfo, FAR и Storyteller. Ваквите таргетирања на ...
Иако соопштението на ВЛЕН е реакција на претходно обвинување од ДУИ за улогата на министерот Изет Меџити како министер за животна средина и просторно планирање, тоа не може да биде оправдание за неоснована (зло)употреба на името на ексминистерот Насер Нуредини, неговото, како што велат, лично пријателство со сегашниот кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и од тоа да се генерализира дека ДУИ „е главниот виновник за еколошката ...
На чекор сме до осмите по ред локални избори. За овој изборен циклус планирано е да се потрошат 9 милиони и 760 илјади евра. Portalb.mk направи анализа на досегашните изборни циклуси на локално ниво Првите локални избори во независна Македонија се одржаа во ноември 1996 година, а се спроведоа во 123 општини и Град Скопје. На овие „пионерски “ избори најголем број – 54 градоначалнички места, освои СДСМ, на второ место со 30 е ВМРО-ДПМНЕ, а на ...
Во Пекинг се одржа парада по повод 80 години од победата над Јапонците, но неа ја извојувале САД со нивните атомски бомби, СССР со неговата Манџурска операција и тогашната Република Кина на чело со антикомунистот Чанг Кај-Шек, а не кинеските комунисти на Мао Це Тунг и нивната Народна Република Кина, која била создадена дури во 1949 г., иако и воените единици на комуниститие се бореле против Јапонците Пишува: Вангел Башевски На почетокот на ...
Најпрво премиерот Мицкоски, а потоа и министерот за здравство Алиу, два дена по ред даваа непоткрепени изјави за последиците по здравјето на граѓаните во врска со штетните материи во воздухот од пожарите во депониите Вардариште и Дрисла. Обајцата се повикаа на резултатите од мерните станици, а резултатите никој не ги соопшти официјално, со појаснување и контекст. Непоткрепеноста раѓа контрадикторност и збунетост како што тоа се случува ...
Ембарго, приватизации, криминал, економски и финансиски кризи, битка за просечен стандард , битка за повисоки функционерски плати, се подлабок јас меѓу оние кои имаат и оние кои преживуваат, пишува Порталб.мк. 34 години државна независност. За македонската економија стапките на раст на БДП за 4% сеуште се сметаат за “дострел“! Економската независност преку “очите“ на економистите Осми септември 1991 година – граѓаните на референдум се ...
Точно е тоа дека депониите Вардариште и Дрисла во моментов продуцираат опасен воздух за голем дел од Скопје, но делумно е вистинито дека премиерот и партијата, односно нивните градоначалници можат да се обвинат за овие еколошки проблеми, како што тврди СДСМ во соопштението насловено „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат Скопје“. Вината кај нив е само делумна затоа што проблемите, особено со Вардариште е многу постар од ...
Путинистите ја плукаат Европа, нарекувајќи ја „Гейропа“ (Гејропа) и водат хибридна војна против неa и дури ѝ се закануваат со нуклеарна, но откако Трамп иницираше преговори за Украина, тоа плукање стивна, но тоа не е искрена желба за мир. За разлика од Трамп, Европејците се понепопустливи преговарачи, па Русија сака да ги омекне со наративот дека не треба да ја отфрлаат, дека „нема Европа без Русија“ и дека таа е „најголемата европска земја“ ...
Истражувачките медиуми објавија аудиоснимка од телефонски разговор меѓу Стен Милер, генерален директор на „Јунајтед Груп“ и Владимир Лучиќ, кој е директор на „Телеком Србија“ и близок соработник на претседателот Александар Вучиќ. Од овој разговор меѓу Лучиќ и Милер произлегоа бројни обвинувања за тоа дека наводно претседателот на Србија барал да се смени една од клучните личности во компанијата „Јунајтед Медија“ – Александра Суботиќ, под чие ...
Москва континуирано шири комплексни и континуирани пропагандни наративи за украинската армија. Сите овие имаат за цел да го подриваат моралот, да ја разнишаат јавната доверба и да ја минимизираат поддршката од Западот. Ширењето лажни вести за масовни загуби, епидемии, недостиг на оружје или дезертерство имаат за цел да ја намалат борбената мотивација на украинските војници и довербата на цивилите во военото раководство. Со манипулации дека ...
ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинува за доделени пари од програмата Еразмус, овој пат на сопругата на лидерот на Левица Димитар Апасиев, професорката Тамара Јованов. И овој пат, како неколку пати претходно, ВМРО-ДПМНЕ не посочува детали од проектот или дали е тој по нешто сомнителен, туку спори и обвинува, само затоа што професорката е сопруга на Димитар Апасиев, што е недоследно Миле Левков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференција изрази ...
Проекцијата од 2,7% инфлација за годинава станува сè понеостварлива. Според последните податоци од Заводот за статистика, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани, инфлацијата е зголемена за 4,8%, а цените на мало се зголемиле за дури 5,3%, пишува Порталб.мк. Премиерот Мицкоски најави „непопуларни“ мерки за намалување на ценовниот притисок на долг рок Годинава повисока инфлација од проектираното ниво од 2,7%? На годишна основа, во ...
Иако родителите и роднините на жртвите од пожарот во кочанската дискотека се под комбиниран притисок преку закани и ветувања, сепак не е вистина дека не го слушаме зборот правда во земја којашто е четири пати помала од земјата на српскиот претседател Вучиќ. Обвинението во врска со пожарот во Кочани е во фаза на оцена на обвинителен акт, а и јавноста во С. Македонија постојано ја бара правдата, меѓу другото и преку постојани „Маршеви на ...
Проруските пропагандисти слават победа по средбата на Путин и Трамп, иако тој изјави дека нема договор додека не се постигне договор, т.е. ништо не е потпишано, а камоли капитулација на Украина. Тоа е само почеток на преговорите, а Трамп за тоа даде само штури изјави. И, ако Путин победил, тој треба да држи парада во Киев, а не да преговара. До средбата дојде по ултиматумот на Трамп и неговото праќање на нуклеарни подморници кон Русија, што ...
Локалните избори распишани, локалните власти на терен „работат“ со парите од унгарскиот кредит. На локалните избори 2025 година „општинарите“ ќе настапат со вкупни доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 65 милиони евра. Споредбената анализа на „Порталб“ покажа дека долгот е зголемен и на квартално и на годишно ниво 10 општини со највисок доспеан а неплатен долг На новата должничка листа на Министерството за финансии, Општина ...
За своето тврдење дека ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства, премиерот Мицкоски се повикува на „Евростат и според сите останати параметри“. Во анализите објавени на веб-страницата на Евростат може да се најдат детални податоци за потрошувачката на домаќинствата за сите европски држави, но последните ажурирани се од втората половина на 2024 година. Односно нема податоци за 2025 година, ...
Центрите за вработување во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Прилеп предничат според бројот на активни баратели на работа – односно лица со статус на невработени. Конечните полугодишни податоци за бројот на невработени на ниво на државата покажуваат тренд на пораст и во однос на мај годинава и во однос на истиот месец лани. Според Владата годинава треба да заврши со намалена стапка на невработеност на ниво од 11,1 отсто, пишува Порталб ...
Само реализацијата на капиталните инвестиции не мора да биде главен фактор на успешност на економски политики и добар вкупен учинок во економијата. На пример во 2023 биле реализирани над 700 милиони евра, а растот на БДП бил само 2,1 отсто, наспроти 2022 година, кога биле реализирани над 450 милиони евра, но растот на БДП изнесувал 2,8 отсто Младинскиот функционер од СДСМ Јовица Јанковиќ во име на партијата даде изјава за дел од економската ...
Интересно е што врвните политички фигури присутни на едниот или на другиот натпревар, иако на „местото на настанот“, сепак таму ниту слушнале ниту виделе недолично однесување и националистички скандирања, туку отпосле разбрале. Што би се рекло, спокојно си ги проследиле натпреварите. Наивно е да се верува дека овие инциденти се случајни, немаат политичка заднина и не се поврзани со предкампањата за претстојните локални избори.Впрочем не е ...
Кина ја признава Државата Палестина, уште од 1988 година, и силно ја поддржува нејзината државност и меѓународна интеграција. Но, Кина не нуди приклучување на Палестина кон нејзината територија или државен систем. Такво нешто не може да се најде во официјални изјави или дипломатски документи. Ваквото тврдење е без основа Анализираме објава на Фејсбук која вели: Кина официјално ја признава државата Палестина и нуди приклучување на Кина. Кина ...
Деновиве се навршуваат 80 години од крајот на Втората светска војна и бомбардирањето на јапонските градови Хирошима (6 август) и Нагасаки (9 август) 1945 година, што е повод да се потсетиме на филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, со Килијан Марфи во насловната улога. Како физичарот Роберт Опенхајмер ја конструирал првата атомска бомба и колку филмската приказна е веродостојна на неговиот живот и дело? Пишува: Стојан Синадинов ...
За некои работи, што би рекол премиерот Мицкоски, „нема втора шанса за прв впечаток“. Така е и со постапката што ја тера Владата за избор на судија за Европскиот судот на човекови права во Стразбур (ЕСЧП), која деновиве е актуелна поради својата контроверзност. Сега, што и да соопшти Владата, впечатокот е веќе направен, а „возот е заминат“. Заради својата нетранспарентност остава впечаток дека сака да влијае врз изборот на кандидатот, надвор ...
Дезинформацијата дека Украинците се западни „кукли“ е комбинирана со дезинформацијата дека самиот претседател Володимир Зеленски е „кукла“ на Западот – „марионета“. Целта на ваквиот наратив е да се ослабне украинскиот суверенитет и да се сугерира дека Украина нема вистинска власт и автономија. Исто така, со ваквиот наратив се цели да се ослабне домашната поддршка во Украина кон своите лидери и наклонетоста кон Западот, но и да се претстави ...