Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Повеќе од половина од постоечкиот деловен софтвер би можел да биде заменет со вештачка интелигенција (AI), изјави Артур Менш, директор и основач на компанијата „Мистрал АИ“. Неговите коментари доаѓаат во време на растечка загриженост кај инвеститорите за иднината на софтверските компании, чии акции во последните месеци бележат пад, објави „Си-Ен-Би-Си“. Стравувањата дека вештачката интелигенција може да ги преземе функциите на постоечките ...
Кинеската компанија „Бајтденс“, сопственик на „ТикТок“, најави дека ќе ги заостри правилата за својата нова алатка за вештачка интелигенција откако корисници почнаа да создаваат пародии на холивудски акциски сцени. Капката што ја прели чашата беше видео-клип генериран со алатката „Сиденс 2.0“ (Seedance 2.0), кој викендов стана вирален само неколку часа по лансирањето. Во видеото е прикажана сцена на тепачка меѓу ликови што наликуваат на Том ...
Бил Гејтс се откажа од воведниот говор на самитот за влијанието на вештачката интелигенција во Индија, бидејќи се соочува со обновени прашања за неговата врска со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин. Коосновачот на Мајкрософт пристигна оваа недела во Индија, каде што неговата фондација соработува со владата за примена на вештачка интелигенција за општествено корисни цели. Гејтс првично беше најавен како говорник веднаш по индискиот ...
Google и Meta на Марк Цукерберг се обвинети дека намерно ги прават своите платформи зависни за децата и со тоа го оштетуваат нивното ментално здравје. Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, се појави вчера на суд во Лос Анџелес, каде што сведочеше на судење кое ја стави неговата компанија во центарот на вниманието поради штетните ефекти на социјалните медиуми врз децата. Жена од Калифорнија, која ги користела Instagram на Meta и YouTube ...
Пронаоѓањето на идеалниот лаптоп честопати знае да биде исцрпувачки процес. Помеѓу перформансите, дизајнот и цената, купувачите често поминуваат недели во истражување, чекајќи го вистинскиот момент за својата следна инвестиција. За сите оние кои веќе некое време разгледуваат, но сè уште ја немаат донесено финалната одлука, Анхоч ја започнува својата најнова кампања која ги отстранува сите дилеми. Под слоганот „Вистински избор. Во вистинско ...
Извршниот директор на „Мета“, Марк Цукерберг, денес ќе сведочи на револуционерно судење за зависност од социјалните медиуми, побарано од адвокатите на тужителите кои тврдат дека Инстаграм и другите платформи се намерно дизајнирани да создадат зависност кај младите корисници. Извршниот директор на „Инстаграм“, Адам Мосери, беше првиот извршен директор од Силиконската долина кој сведочеше на 11 февруари, кога им рече на поротниците дека го ...
Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Telegram од 1 април, објави рускиот Telegram канал База. Руското тело за цензура Роскомнадзор ниту ја потврди ниту ја негираше оваа информација, пишува Украинска правда. Повикувајќи се на своите извори, База наведува дека Роскомнадзор ќе иницира целосно блокирање на апликацијата, слично на она што го направи со Instagram и Facebook. Овие социјални мрежи во сопственост ...
Научници од Санкт Петербург развија уред за брзо откривање на клеточни оштетувања што го забрзуваат стареењето и предизвикуваат рак и други болести. Уредот е 1,5 до 2 пати попрецизен од претходно достапните аналитички алатки и поставува основа за развој на брзи тестови од следната генерација, според податоците од Руската научна фондација (RSF). Пушењето, консумирањето алкохол, загадувањето на воздухот, хроничните болести и голем број други ...
Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го примерот на Австралија и затворајќи ја дупката во законот што ги остави чет-ботовите со вештачка интелигенција надвор од безбедносните правила. Австралија стана првата земја во светот што ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години во декември, блокирајќи ги од платформи како што се TikTok, YouTube, Instagram и ...
Првото затемнување на Сонцето оваа година ќе биде видливо денес во некои делови од светот. Затемнувањето ќе биде видливо само за околу два проценти од светската популација, главно на Антарктикот, делови од Африка и Јужна Америка, според астрономите, објави CNN. Таканареченото „прстенесто“ затемнување на Сонцето се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, но е премногу далеку во својата орбита за целосно да го затемни ...
Вчера во Њу Делхи се отвори Светскиот самит за вештачка интелигенција (AI) за да се дискутира влијанието на претстојната револуција, од вработувањето до заштитата на децата, но учесниците се сомневаат дека ќе бидат преземени какви било конкретни мерки. Се очекува околу дваесетина шефови на држави и влади да му се придружат на индискиот премиер Нарендра Моди на овој, четврти по ред собир посветен на технологијата што веќе ги трансформира ...
Еден од тројца Германци верува дека нивната земја треба да дозволи вештачката интелигенција да донесува одлуки за живот или смрт на бојното поле, според нова анкета на „Политико“. Една третина од испитаниците во Германија изјавиле дека се за користење на системи со вештачка интелигенција во оружјето наместо човечки носители на одлуки, дури и ако тие системи се помалку транспарентни, покажа анкетата. Релативно високото прифаќање на ...
Од есен наставната програма „Вештачка интелигенција: од концепт до примена“ ќе се спроведува во сите класови на средните училишта во Хрватска, со што Министерството за наука, образование и млади ја проширува програмата што веќе опфаќа 5.455 ученици во основното и средното образование. Според податоците на Министерството, наставата за вештачка интелигенција моментално се реализира во 147 основни и 93 средни училишта. Во основните училишта ...
Руи-Сианг Лин, основачот и операторот на озлогласениот Incognito Market, е осуден на три децении затвор во Њујорк за трговија со дрога и перење пари на „дарк веб“. Канцеларијата на јавниот обвинител на САД за Јужниот округ на Њујорк ја објави пресудата, со која му наложи на Лин, познат на интернет како „Pharaoh“, покрај затворската казна, да предаде повеќе од 105 милиони долари нелегални приходи на владата. По отслужувањето на казната, Лин ќе ...
Се очекува компанијата да претстави безжични слушалки покрај новите телефони. Самсунг треба да ги претстави своите најнови Galaxy телефони за оваа година, а јужнокорејскиот гигант го потврди Galaxy Unpacked настанот за 25 февруари. Како дел од презентацијата, се очекува Samsung да ја претстави најновата серија телефони Galaxy S26, како и подобрувања и новини за Galaxy AI. Претходно протечените информации сугерираат дека би можеле да ги ...
Капсулата на SpaceX наскоро ќе однесе четири астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS), враќајќи ја орбиталната лабораторија на нејзиниот полн екипаж по еден месец работење само со тројца. Мисијата, наречена Crew-12, е закажана да полета најрано во 5:15 часот наутро по источно време (ET) во петок од воздухопловната станица Кејп Канаверал во Флорида. НАСА, која го ангажира SpaceX за транспорт на своите астронаути, се обидуваше да го ...
Албанската министерка – првиот виртуелен државен функционер во светот, би можела да остане без својот препознатлив лик, откако актерката врз чии карактеристики е создаден дигиталниот аватар поднесе тужба против Владата на Албанија. Премиерот Еди Рама во август 2025 година најави можност за именување министер или премиер заснован на вештачка интелигенција, а веќе во септември беше претставена Диела – вештачка функционерка задолжена за борба ...
Адам Мосери, шефот на Instagram, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални медиуми. Мосери е првиот извршен директор кој сведочи во историското судење за зависност од социјалните медиуми против Meta, матичната компанија на Instagram, во кое сега 20-годишна жена тврди дека технолошките компании намерно развиле функции кои предизвикуваат зависност за да привлечат млади корисници, ...
Американската технолошка компанија Meta соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата. „Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета. „Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се ...
Бидејќи гејмингот станува се помал дел од профитабилниот бизнис на Nvidia, технолошкиот гигант наводно дури и не се обидува да издаде нови графички картички оваа година. Порталот The Information објави дека Nvidia ги одложила своите планови за издавање на освежена серија RTX 50 и дека тоа нема да се случи во текот на 2026 година. Ова би бил прв пат во три децении компанијата да не лансира нов чип за игри. Виновникот, се разбира, е вештачката ...
Според податоците обезбедени од Google, дури 40% од сите Android телефони во моментов се ранливи на нови напади со малициозен софтвер и шпионски софтвер. Доколку вашиот Android уред е во оваа незаштитена група, препораката е јасна – време е да надградите на понов телефон. Еден од клучните проблеми е што Google повеќе не издава безбедносни закрпи за телефони што работат со Android 12 или постари верзии на системот. Ова значи дека уредите ...
Извештајот на порталотв „The Verge“ наведува дека паметниот телефон T1 нема да се произведува целосно во САД и би можел да биде значително поскап. Според најновите информации објавени од „The Verge“, „Trump Mobile“ веќе не успева да ги исполни некои од своите првични ветувања. Извештајот го откри речиси финалниот дизајн на паметниот телефон T1 и откри големи промени во однос на цената и производството. „The Verge“ разговараше со Дон ...
Судењето против Meta и Google започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија за „создавање зависност во мозоците на децата“ кои ги користат нивните платформи. Механизмот забележан на Instagram (Meta) и YouTube (Google) не се случил „случајно, туку намерно“, нагласи Марк Ланиер во своето воведно излагање, „бидејќи зависноста е профитабилна“. Исходот од сослушувањата би можел да постави значаен ...
Турската одбранбена компанија „Рокетсан“ премиерно ја претстави својата нова високобрзинска, повеќенаменска муниција наречена „Ерен“ на Светскиот саем за одбрана во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, објави Анадолија. „Рокетсан“, водечкиот производител на ракетни системи и муниција во Турција, изложува широк спектар на свои производи на саемот, кој се одржува од 8 до 12 февруари. Новата муниција „Ерен“ е развиена од идеја до ...
Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина врз односите што тој ги изградил со влијателни поединци, вклучувајќи многумина во американската технолошка индустрија. Иако во последните недели јавноста беше насочена кон технолошкиот могул Илон Маск и коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кои негираа каква било поврзаност со злосторствата на Епстин, ...
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, предупреди дека експлозијата на американскиот јавен долг може да доведе до финансиски колапс на САД доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, јавува „Форбс“ Во интервју за подкастерот Дваркеш Пател, Маск изјави дека без масовна примена на ВИ и роботи, САД „1000% ќе банкротираат“. Тој посочи дека јавниот долг достигнал 38,5 билиони долари, а каматите изнесуваат ...
NASA потврди дека роверот Perseverance успешно ги заврши првите возења на Марс, кои беа целосно планирани од вештачка интелигенција, без човечка помош во исцртувањето на патеката. Додека сè уште се води дебатата за автономно возење во градски сообраќај на Земјата, вештачката интелигенција штотуку го положи својот „тест за возење“ во една од најсуровите средини во Сончевиот систем. Роверот Perseverance на NASA помина речиси половина километар ...
Откако ја освои орбитата и ја редефинираше автомобилската индустрија, Илон Маск се подготвува за голем пробив во телефонската индустрија. Според извештаите, SpaceX работи на свој паметен телефон кој ќе има една клучна предност во однос на конкурентите. Шпекулациите за „Tesla Phone“ траат со години, но најновите извештаи од Android Authority сугерираат дека SpaceX всушност би можел да стои зад проектот. Целта е јасна: да се создаде уред кој ќе ...
Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и регулација на пристапот за малолетници до 16 години во Македонија. „Ние сме група загрижени и општествено одговорни родители, наставници, стручни лица и граѓани што започнуваме петиција со која бараме воведување забрана за употреба на социјални мрежи за деца до 12 години и ...
Минатата недела, една германска продавница ја објави цената на Xiaomi 17 заедно со клучните спецификации на телефонот, а денес истите детали беа објавени и за најмоќниот модел на кинескиот производител – Xiaomi 17 Ultra. Според овие информации, Xiaomi 17 Ultra ќе се продава во Европа по цена од 1.499 евра, исклучиво во конфигурацијата со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија. Иако секако не е мала цена, треба да се има предвид дека таа не се ...