Во најновиот неделен билтен од Марк Гурман, во кој го најавува конечното презентирање на понапредната верзија од Siri за идниот месец, тој пишува и за сите Mac новости кои може да ги очекуваме оваа година. Да се изразам со неговите зборови, 2026 „ќе биде највозбудливата година за линијата на компјутери од Apple после подолго време“. За што е тоа што може да се очекува оваа година веќе можевме да прочитаме во различни статии, па сега на еден ...

На прогласувањето на најдобрите за 2025 година од страна на Kарате Федерацијата на Македонија, „Макпетрол“ се закити со седум признанија. На свечената промоција на КФМ беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата година. Kаратистите на скопската екипа и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категории. „Макпетрол“ беше прогласен за најдобар клуб во сениорска конкуренција, а Петар Заборски за ...

Во коментар за Axios, главниот директор за глобални односи на OpenAI, Крис Лехан, откри дека од компанијата имаат за цел да го претстават нивниот прв уред во втората половина од оваа година. Оваа информација може да се каже дека до некаде доаѓа како изненадување со оглед на тоа што сите неофицијални информации досега најавуваа доцнење на овој сѐ уште непознат производ, за кој само се знае дека ќе биде со вештачка интелигенција, се разбира. ...

Во периодот од 18 до 25 јануари, каратистите на „Макпетрол“ успешно ги завршија еднонеделните заеднички подготовки во рамки на проектот „Карате – пронајди го својот пат“. Оваа активност членовите на скопскиот клуб ја реализираа со претставници на „Хрватски Драговољац“ од Загреб и „Самобор“ од истоимениот град. На еднонеделните подготовки, тренерите и каратистите, разменија знаења и искуства, а се реализираа и голем број практични задачи со ...

Новата година е совршена можност за воведување здрави навики, а денот најдобро започнува со избалансиран и хранлив појадок. dmBio базната каша е практичен избор за сите кои сакаат брзо, едноставно и квалитетно решение. Содржи спелта и псилиум и е подготвена од 85 % интегрални житни снегулки, збогатени со јаткасти плодови и лушпи од псилиум. Станува збор за органски производ, без додаден шеќер (содржи само природно присутни шеќери), погоден за ...

По потврдата на неофицијалните најави дека Apple ќе ги користи Gemini јазичните модели за Siri и Apple Intelligence, сега имаме поконкретни очекувања за тоа што ќе донесе iOS 26.4, односно дека Siri конечно ќе го добие унапредувањето кое беше најавено пред скоро две години. Сепак, работите нема да застанат тука, па познатиот Марк Гурман од Bloomberg сега најавува целосно нова верзија од Siri со најавата на iOS 27 во јуни на WWDC, односно за ...

Microsoft најави дека во Windows Insider верзиите од Windows 11, пушти неколку новини за две нивни апликации, односно за Notepad и Paint. Ова се две апликации кои не ретко добиваат нови функции изминатите години, а тоа е дефинитивно чудно со оглед дека ретко кој ги користи, освен за мали и брзи работи. Notepad добива подобрување на Markdown функцијата, која исто така е доста нова, па сега корисниците ќе можат да додадат „прецртување“ врз ...

Компанијата NexDock, која во главно работи со додатоци за смартфоните и компјутерите, претстави смартфон кој дефинитивно ќе биде уникатен на пазарот. NexPhone доаѓа со можност за користење како класичен Android смартфон, но на него е инсталиран и Windows 11, нешто што сега е доста лесно да се направи и да се користи со оглед на конечниот напредок на овој систем на ARM чиповите. Главната замисла со NexPhone е да се користи со надворешен екран, ...

Пред околу две недели можевме да прочитаме за наводно големата промена која треба да дојде кај iPhone 18 Pro моделите. Face ID сензорите беше најавено дека ќе бидат поставени под екранот, а предната камера ќе остане единствениот дел што би се гледал. Големата новина беше најавата дека оваа камера ќе биде поставена на левата страна од екранот, наместо во средината, па реакциите на корисниците беа различни, од позитивни, до доста негативни. Со ...

За корисниците кои немаат проблем да функционираат со отворени доста голем број на „табови“, можноста за нивно вертикално поставување е доста корисна, најверојатно и доста покорисна од можноста за нивно групирање. До некаде како доказ за тоа може да се земе популарноста на сега откажаниот Arc Browser, кој овозможуваше само вертикално поставување на табовите, иако имаше уште доста други функции поврзани со можноста за организирање на работата. ...

Скопје, 21 Јануари, 2026 година – Македонскиот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски ќе се натпреварува за награда на Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин, еден од најпрестижните филмски фестивали на светско ниво. Филмот е дел од селекцијата „Перспективи“ која опфаќа исклучителни филмски таленти ширум светот кои дебитираат на интернационалната филмска фестивалска сцена. Оваа селекција на филмови е од ...

Со кратка објава на X, Opera најави дека посебната верзија од нивниот прелистувач, Opera GX, ќе стане достапна на Linux. Opera GX беше претставен во 2019 година како обид да се привлечат „гејмерите“ кон овој доста популарен, но со не така голем број на корисници, прелистувач. GX верзијата од Opera им овозможува на корисниците следење на ресурсите на компјутерот, нивно ограничување, како и посебен кориснички интерфејс. Тоа што привлекува ...

Скопје, 20 Јануари, 2026 година – Новиот македонски долгометражен игран филм во режија на Косара Митиќ и продукција на Томи Салковски селектиран во програмата “Перспективи“ на овогодинешниот 76-ти Берлински Филмски Фестивал. Ова беше денес соопштено во Берлин, со што филмот на режисерката Митиќ ќе се натпреварува во селекцијата „Перспективи“, во која се селектираат и натпреваруваат најдобрите дебитантски филмови, на светско ниво. Во Берлинале ...

Со по еден златен и сребрен, како и два бронзени медали, се закитија каратистите на „Макпетрол“ на интернационалниот турнир „Гранд при Кроација“. На турнирот во хрватскиот град Риека настапија 1.270 каратисти со 1.571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клубови. Данило Божовиќ (-84 кг.) освои злато одличје во сениорска конкуренција. Јована Мицовска (У21, -61 кг) се избори за сребро, додека Стефан Стојановиќ (+84 кг.) се закити ...

Воопшто не се сомневав дека Марк Гурман ќе испадне во право, па неговите најави за соработка помеѓу Apple и Google за новата и понапредна верзија од Siri, сега се официјално потврдени. Apple официјално ќе ги користи јазичните модели Gemini за развој на сопствените модели, како и технологијата за сервери од Google. Информацијата ја потврдуваат од Apple за CNBC, со изјавата: „По внимателна евалуација, утврдивме дека технологијата на Google ја ...

Zorin OS е Linux дистрибуција која директно се обидува да ги привлече корисниците на Windows, а тоа го прави преку прилично познат кориснички интерфејс, кој во платената верзија може да изгледа и како Windows 11, како и со стабилност и едноставност при работата. Иако јас сметам дека има доста подобри дистрибуции, сепак, следењето на оваа одлична Windows алтернатива го покажува трендот на зголемување на популарноста на Linux кај обичните ...

Дел од стилот на iOS веќе со години, а од неодамна и од One UI на Samsung, неофицијално се најавува дека и Android ќе почне да го дели делот за известувања со брзите контроли. Се работи за познатиот начин на отворање на известувањата со повлекување доле на горниот лев дел од екранот, додека делот за брзи контроли и прилагодувања од горната десна страна. Според најновите информации, оваа промена кај Android изгледа ќе ја видиме оваа година со ...

Дали е поради форсирањето на Copilot и се друго што Microsoft го прави изминатите години или нешто друго, но Linux никогаш немале поголема шанса за добивање на многу поголем удел на пазарот. Како еден од главните фактори кој мораше да се случи за да воопшто има шанса за поголема популарност на Linux е достапноста на најголемиот дел на игри од Windows, а благодарение на Valve, развивачите на Steam. Во основа, Valve поради нивниот SteamOS ...

Microsoft полека, но сигурно го трансформира својот прелистувач Edge во нешто што сè повеќе личи на Copilot, нивниот популарен AI асистент. Во најновите тест верзии на Edge, компанијата експериментира со целосно редизајниран кориснички интерфејс кој директно влече инспирација од дизајн јазикот на Copilot апликацијата. Новиот изглед вклучува позаблени агли, усогласени бои и фонтови кои потсетуваат на Copilot. Промените се видливи на неколку ...

Microsoft изминатите неколку години може да се каже дека се познати по интегрирањето на вештачката интелигенција, во форма на Copilot, во скоро сите нивните производи. За ова од компанијата добиваат критики, а можевме да прочитаме и за тоа дека ваквиот однос не им се покажува баш како најуспешен. Без разлика на расположението на барем дел од корисниците, од компанијата ќе продолжат со инвестирањето и интегрирањето на вештачката интелигенција. ...

Вештачката интелигенција е дел од Gmail подолго време, но дури сега овој познат сервис од Google добива посериозна интеграција со Gemini. Изгледа од компанијата сега се сигурни дека нивните јазични модели се доволно развиени за да може да станат дел од работата со имејл пораките, нешто што останува доста важно до ден денес. Преку нивната „Gmail влегува во ерата на Gemini“ објава, Google најави неколку новини кои стануваат дел од сервисот ...

Познатиот „Ice universe“, кој најчесто објавува точни неофицијални информации, тврди дека iPhone 18 Pro нема да дојде со „динамичниот остров“, како неколкуте претходни модели. Ова оди во правец и на повеќе претходни најави дека Apple ќе почне да ги поставува барем дел од сензорите под екранот. Според информациите, Face ID сензорите ќе бидат поставени под екранот, конечно, па ќе остане да се гледа само „селфи“ камерата, за која изгледа сѐ уште ...

XPS брендот од Dell до минатата година на корисниците им овозможуваше лесно препознавање на одлични лаптоп компјутери кои се издвојуваат од останатата понуда на компанијата. Dell сепак одлучија да го откажат овој бренд, барем како име, па сите нивни компјутери беа ставени во ново и поедноставено брендирање, односно наместо XPS, Inspiron, Latitude, Dell најавија дека ќе има само Dell, Dell Pro и Dell Pro Max. На CES 2026 настанот, Dell ја ...

Realme одредено време најавуваше комерцијален смартфон со капацитет на батерија од околу 10.000 mAh, па дури и повеќе. Сега, кон крајот на годината, „протекоа“ слики и информации за моделот со кодно име RMX5107, кој има батерија со капацитет од точно 10.001 mAh. Овој капацитет е минимално поголем од оној на неодамна лансираните Honor Win и Win RT модели (10.000 mAh), кои се првите масовно достапни телефони со ваков капацитет. Realme досега ги ...

Samsung конечно решава да го оживее својот долго запоставуван гласовен асистент Bixby, кој во последниве години беше засенет од Google Assistant и Gemini на Galaxy телефоните. Според најновите информации, компанијата тестира интеграција со Perplexity AI – популарниот пребарувач базиран на вештачка интелигенција – што би требало да му донесе на Bixby многу попаметни и покомплексни одговори. Ова доаѓа во момент кога Gemini доминира на Samsung ...

Xiaomi вчера го претстави својот нов телефон од највисоката класа, Xiaomi 17 Ultra, а вистинската ѕвезда на настанот е специјалното Leica издание. Овој телефон не е само уште еден смартфон со одлични камери, тој носи нешто што слободно може да се каже дека е карактеристично за Xiaomi, физички подвижен прстен, односно Leica Camera Ring. Замислете како околу големиот кружен модул со камери има ротирачки прстен, инспириран директно од класичните ...

Samsung слободно може да се каже дека се главниот играч на пазарот на уреди на преклоп, иако конкуренцијата од кинеските производители не е баш слаба. Сепак, од компанијата идната година се најавува дека ќе претстават нов уред на преклоп, направен специјално како одговор на сѐ уште непретставениот и неофицијален iPhone Fold. Интересно е какво е влијанието на пазарот од страна на Apple, па компанијата која веќе седум години претставува уреди ...

Microsoft беше една од првите компании која започна со пуштањето на производи со генеративна вештачка интелигенција и големи јазични модели, а тоа беше поради големата инвестиција во OpenAI. Додека ChatGPT направи огромна промена на пазарот и го освои првото место, кое го држи до ден денес, а другите компании може да се каже дека се најдоа затекнати, Microsoft веднаш го претстави Bing Chat, односно подоцна брендот Copilot. Од компанијата ...

Познатиот Џон Просер, кој оваа година поретко објавува видеа, најверојатно поради тужбата која Apple ја има против него за објавата на iOS 26, конечно излезе со ново видео. Во новото видео тој го прикажува iPhone Fold, уред за кој веќе е скоро сигурно дека ќе биде претставен идната година, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Просер ги потврдува досегашните информации дека Apple ќе го подели претставувањето на нивните телефони, па во ...

Според објава од страна на Neowin, а врз основа на истражување кое е направено од страна на Digitain, новиот интернет прелистувач од OpenAI е на првото место, но не според нешто добро. Истражувањето, за кое нема баш детални информации, е направено на основа на три мерки, односно приватност и „anti-fingerprinting“, блокирање на податоци и „тракери“, како и безбедност на конекцијата и навигацијата на страните. Резултатот од ова истражување ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
85%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.69
70%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
97%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
2.68
71%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
94%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
78%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
59%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Родиум

324722.54

Алуминиум

3.53

Платина

66712.80

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Калај

49.88

Бакар

12.14

Цинк

3.44

Злато

166450.52

Рутениум

55395.74

Паладиум

49215.93

Иридиум

253540.09