Квалитетниот сон се смета за еден од клучните фактори за здравјето и виталноста на телото. Иако многу луѓе го занемаруваат поради нивниот зафатен животен стил, редовниот и квалитетен одмор во текот на ноќта е неопходен за правилно функционирање на целото тело. Додека спиеме, телото се обновува и се подготвува за нови секојдневни предизвици. Во овој период, природните одбранбени механизми на телото се зајакнуваат, поради што квалитетниот сон ...

Проектот за изградба на луксузен ресорт ќе продолжи, ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама за проектот на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и покрај постојаните протести поради неговото влијание врз животната средина. Тоа ќе биде прекрасен проект и ние ќе го направиме и ќе бидеме горди што ќе придонесеме за Европа. Јас бев избран за да ги остварам овие работи. Не сум избран да ме водат луѓе кои имаат поинаква идеја за тоа како да се ...

Доскорешната претседателка на Советот за македонски јазик Симона Груевска-Маџовска која даде неотповиклива оставка денеска ги негираше тврдењата на министерот за култура Зоран Љутков дека оставката ја поднела од лични причини. – Оставката не ја поднесов од лични причини, туку поради односот кон мене од министерот за култура и туризам Зоран Љутков и заканата од државниот советник за култура (Марија Ѓоргова – н. з.), вели професорката ...

Ким Кардашијан се најде на удар од фановите на Формула 1 откако го игнорираше легендарниот новинар и поранешен возач Мартин Брандл на Големата награда на Монако. Риалити ѕвездата беше на стартната линија пред трката во недела за да го поддржи своето момче Луис Хамилтон , а Брандл ѝ се приближи за време на неговата позната прошетка по патеката за Скај Спортс. Сепак, Кардашијан и нејзината сестра Клое, која беше со неа, одбија да разговараат ...

Ново истражување покажа дека времето кога одите на спиење може да биде поврзано со чувство на осаменост и анксиозност. Студијата покажа дека луѓето кои претпочитаат да одат на спиење подоцна навечер имаат поголема веројатност да пријават полошо ментално здравје и поголема целокупна осаменост, објавува Express.co.uk. Подоцнежно легнување и ментално здравје Резултатите од студијата, кои ќе бидат презентирани на годишниот состанок SLEEP 2026 ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека ќе бара и пензионирани полицајци или лица кои инаку ја напуштиле полицијата или армијата, кои ќе ракуваат со водни пумпи за прскање на изгорени површини. „За да немаме барања од локалните пожарникари, бидејќи минатото лето поставивме искусни пожарникари на таа позиција, но верувам дека по интензивната обука што ќе ја спроведеме и по учеството во помали и помалку ...

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, правосилно е осуден на една година затвор откако Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда за кривичното дело „бесправно градење“. Одлуката е донесена по разгледување на жалбите поднесени од обвинетите и од Јавното обвинителство. Според информациите од Основниот кривичен суд Скопје, во изречената казна ќе му биде пресметано и времето што го поминал во куќен притвор во ...

Односот меѓу родителите и возрасните деца станува потежок кога љубовта е придружена со контрола, скриени очекувања и вина. Кога си млад, семејството изгледа силно и трајно, речиси како ѕидовите на куќата што стоеле пред тебе и ќе продолжат да стојат по тебе. Многу родители живеат со тивко убедување дека децата што ги одгледале, оние што ги поминале бессоните ноќи и на кои ја потрошиле последната енергија, еден ден ќе станат нивна поддршка. ...

„Владата на Мицкоски најави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во следните 10 години“. Ова не е стратегија за развој. Ова е нова замка за долгови за граѓаните“, велат од опозициската партија на Македонија, СДСМ. Според нив, Мицкоски веќе додал над 2,3 милијарди евра нов јавен долг на Македонија за нешто повеќе од две години. „Доколку се спроведат дури и некои од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. ...

Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – поранешен градоначалник на општина Карпош, за кривичното дело – Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година СЕ ПОТВРДУВА, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши истакна дека Европската Унија за граѓаните на нашата држава не е само политички и економски блок, туку таа претставува посветеност на вредностите како демократија, владеење на правото, човекови права и ...

Oкеаните се сè повеќе загрозени од човековите активности, додека стапката на пораст на нивото на морето е двојно поголема денес отколку што беше пред 10 години, предупредува новиот извештај на Обединетите нации. Во Проценката на состојбата на океаните од страна на Третиот свет ( Светска проценка на океаните ), која ја подготвија речиси 600 научници од 86 земји, се наведува дека екосистемите се изложени на сè поинтензивни притисоци, ...

Неуспешниот проект на европскиот борбен авион FCAS, вреден 100 милијарди евра, во кој, покрај Германија и Франција, беше вклучена и Шпанија Франција и Германија се откажаа од планот за заедничка изградба на борбен авион од нова генерација , а напуштањето на проектот познат како Иден борбен воздушен систем (FCAS) беше објаснето со длабоки несогласувања меѓу индустриите на двете земји. Ова е голем удар врз визијата на францускиот претседател ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов соопшти дека ќе побара и пензионирани полицајци или лица кои на друг начин ја напуштиле полицијата или армијата кои ќе ракуваат со водните пумпи со кои се прска изгорената површина. -За да немаме побарување кон локалните пожарникари, бидејќи минатото лето на таа позиција стававме искусни пожарникари, но верувам дека после интензивната обука која ќе ја направиме и по ...

Главната обвинителка на МКС, Кан, суспендирана, заканувана со отпуштање, близок колега го обвини во 2024 година дека ја принудувал на сексуални дејствија Карим Кан, главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) , беше суспендиран од функцијата синоќа откако беше осомничен за сексуално вознемирување, објавија денес германските медиуми. – Конечната одлука за неговото евентуално отстранување од функцијата ќе биде донесена на посебна ...

Португалскиот невронаучник Антонио Дамасио во нова книга тврди дека свеста се развива од примитивен дел од нашето тело. Кон средината на септември, познатиот португалски невронаучник Антонио Дамасио ќе објави нова книга во која презентира револуционерна идеја за потеклото и развојот на човековата свест – тој тврди дека свеста се развива од примитивен дел од нашето тело, чувства кои се поврзани со регулирањето на животот. Книгата се вика ...

Договор насочен кон прекин на конфликтот со Иран би можел да се постигне „во рок од два или три дена“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите рано во вторникот, додавајќи дека исходот ќе го спречи Иран да има нуклеарно оружје и ќе доведе до итно повторно отворање на Ормутскиот теснец. Трамп, кој разговараше со новинарите по присуството на финалето на НБА во „Медисон Сквер Гарден“, рече дека Иран и Израел се согласиле ...

Општина Аеродром и оваа година ја продолжува мерката за поддршка на семејствата, со која се обезбедува еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината. Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни до 30 септември 2026 година. За аплицирање, граѓаните треба да достават барање во архивата на Општина Аеродром, заедно со ...

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. – Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми, а ...

Трошоците за живот во мај годинава, во споредба со мај минатата година, бележат зголемување од 4,8%, а цените се зголемија малку за 5,6%. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во мај во споредба со април годинава изнесуваше 0,6%. Во мај 2026 година, во споредба со април 2026 година, зголемување на трошоците за живот е забележано во следните групи: Транспорт за 1,6%, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалоци за 1,0%, ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер го погоди морското подрачје западно од Хавана во понеделник, а потресите на земјата беа почувствувани во кубанската престолнина и делови од Флорида. Според Американскиот геолошки завод, епицентарот бил во водите веднаш западно од кубанската престолнина, на длабочина од 10 километри. Веднаш по земјотресот нема пријавено повредени или материјална штета. Флавија Пупо, менаџерка на хотел во Пинар дел ...

Демократска Република Конго соопшти дека бројот на потврдени смртни случаи од ебола се искачил на 101, а присуството на вооружени групи продолжува да ги попречува напорите за ограничување на епидемијата во најтешко погодената покраина, објави Ројтерс. Епидемијата на ебола , предизвикана од редок сој на вирусот Бундибугио, беше објавена на 15 мај. Во својот последен извештај за состојбата, конгоанската влада соопшти дека имало 35 нови ...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, е суспендиран од должност со непосреден ефект, соопшти доцна вчера управното тело на судот. Суспензијата на Кан доаѓа по 18-месечна истрага за сведочењата на една негова соработничка за сексуално недолично однесување од страна на обвинителот. Во реакција, адвокатите на Кан ја опишаа одлуката како „незаконска, процедурално неправедна и неподдржана со докази“. Кои се ...

Ким Кардашијан пристигна на престижната трка за Големата награда на Монако за да го поддржи своето момче Луис Хамилтон, а вниманието на сите го привлече нејзиното бујно деколте. Пред почетокот на квалификациите, таа се прошета низ познатиот падок во придружба на нејзината сестра Клое Кардашијан и обезбедувањето. Поради нејзиното длабоко и многу впечатливо деколте, беше речиси невозможно да не се забележи. Старлетата и ријалити ѕвезда одеше ...

Freepik Откако Иран и Израел соопштија дека ги суспендираат нападите, иранските државни медиуми објавија дека е укината наредбата за ограничување на летовите и воздушниот простор се враќа во нормална состојба. Претходно беа стопирани сите летови од иранските аеродроми поради страв од нови израелски напади. Во исто време, израелската Команда за цивилна заштита го суспендира речиси сите ограничувања, а Министерството за образование потврди ...

Претседателот на СДСМ и лидер на опозицијата Венко Филипче во интервју за српскиот магазин „Неделник“ испрати една од своите најостри политички пораки откако е на чело на партијата. Во разговорот тој оцени дека Македонија се наоѓа во „политичка, економска и длабока морална криза“, а актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски ја обвини за систематска партизација на државата, притисоци врз правосудството и оддалечување од европскиот ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да го прифати договорот што САД го преговараат со Иран, бидејќи претседателот на САД е тој што одлучува. „Јас одлучувам. Јас одлучувам за сè. Тој не донесува одлуки“, рече Трамп. Трамп зборуваше кратко откако Иран лансираше бараж од балистички ракети кон Израел, што е најсериозно кршење на прекинот на огнот постигнат на ...

Протестите во Албанија против најавениот развоен проект во областа Зврнец продолжуваат да се интензивираат. Синоќа, осма вечер по ред, граѓани се собраа пред зградата на Владата на булеварот „Дешморет е Комбит“ во Тирана, изразувајќи противење на големиот крајбрежен проект што се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Демонстрантите предупредуваат дека проектот може сериозно да ја загрози заштитената лагуна ...

Ослободителна пресуда доби Зоран Јованов, таткото на Васил Јованов кој се товареше за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“. – Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К.бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и релевантните законски одредби, оцени дека дејствијата кои му ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68