Витаминот Д е важен за здравјето на коските, мускулите и нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Најголем дел од него организмот го создава кога кожата е изложена на сончева светлина, но одредена количина може да се внесе и преку исхраната. Природните извори на витамин Д не се многубројни. Меѓу растителните намирници најмногу се издвојуваат печурките изложени на УВ-светлина, кои можат да содржат витамин Д2. Значаен извор можат да ...

Шеесет и петгодишен работник од Скопје го загубил животот во трагичен инцидент што се случил вчера во кругот на фирма на подрачјето на скопската општина Аеродром. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, околу 12:25 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во кругот на фирмата има починато лице. Според пријавеното, В.Н.(65) од Скопје, додека извршувал работни задачи, бил прегазен од виљушкар кој претходно ...

Во Италија од почетокот на годинава до 12 август се потврдени 226 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, а седум лица починале, покажуваат најновите податоци на италијанскиот Национален институт за здравство. Од вкупниот број заразени, 102 лица развиле невроинвазивна форма на болеста, додека кај 38 дарители на крв инфекцијата била откриена без симптоми. Циркулација на вирусот досега е потврдена во 55 провинции во 16 региони во Италија, ...

Овошјето е одличен избор во лето, особено видовите богати со вода и со релативно малку калории и јаглехидрати. Меѓу нив се издвојуваат јагодите, дињата, лубеницата, грејпфрутот и малините. На 100 грама, јагодите содржат околу 32 калории и 7,7 грама јаглехидрати, додека дињата има околу 34 калории и 8,2 грама јаглехидрати. Лубеницата, која во голем дел е составена од вода, има приближно 37 калории и 8,4 грама јаглехидрати на 100 грама. Поради ...

Необична средба под вода го изненадила српски турист додека нуркал во близина на Никити, на Халкидики. На морското дно забележал риба со големи градни перки кои, кога се раширени, изгледаат како крилја. Туристот раскажал дека нуркал со детска маска кога го забележал морското животно. Воодушевен од глетката, веднаш ја повикал сопругата да го види, но таа, според неговото сведоштво, се исплашила и се оддалечила. Тој подоцна го споделил ...

Благородноста не значи совршенство, туку способност човек да ги зачува достоинството, принципите и човечноста и во тешки ситуации. Според астролошките толкувања, четири женски хороскопски знаци особено се издвојуваат по овие особини – Лав, Скорпија, Стрелец и Бик. Жената Лав се поврзува со великодушност, гордост и силно чувство за достоинство. Според астролозите, таа не сака ситни одмазди и понижување на другите, а кога помага, најчесто го ...

Голема пожарникарска операција е во тек во близина на Сивири на Халкидики, на полуостровот Касандра, каде што пожар зафати ниска вегетација. Поради ширењето на огнот бил активиран и грчкиот систем за итно предупредување 112, а Цивилната заштита издала наредба лицата кои се наоѓаат во пошироката област на Сивири да се оддалечат во правец на Мола Калива. Во предупредувањето се наведува дека во подрачјето има шумски пожар и граѓаните и туристите ...

За православните христијански верници од утре, 14 август, започнува Богородичниот или Успенскиот пост, посветен на Успението на Пресвета Богородица, празник кој се одбележува на 28 август. Станува збор за најкраткиот од четирите повеќедневни пости во текот на годината. Неговата цел, според црковното учење, е верниците преку молитва, воздржување и духовна подготовка да го дочекаат празникот познат и како Голема Богородица. Богородичниот пост ...

Четириесетгодишен маж од Делчевско бил приведен откако полицијата добила пријава за семејно насилство во домот во едно од селата во регионот. Според пријавеното, А.З. во текот на денот агресивно се однесувал кон својата 59-годишна мајка, при што повеќепати физички ја нападнал и ѝ упатувал закани. Ситуацијата дополнително ескалирала кога, според пријавата, тој ја заклучил мајка му во една од собите во семејниот дом. Полициските службеници ...

Оставените мачиња во парк во Скопје доведоа до прва конкретна санкција, откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му изрече глоба на лицето осомничено дека ги напуштило животните. Случајот бил пријавен до ЈП „Лајка“ од страна на граѓанин, кој доставил и видео и фотографии како доказ за настанот. Според пријавата, легло со мали мачиња било оставено во парк во близина на трговски центар во Скопје. По добиените информации, АХВ спровела ...

Голем безбедносен проблем во софтверот на канадската компанија Coinkite предизвика сериозна загриженост во крипто-секторот, откако од одредени хардверски паричници биле украдени повеќе од 1.300 биткоини, чија вредност се проценува на околу 75 милиони евра. Станува збор за паричниците Coldcard, уреди кои се наменети токму за зголемена заштита на криптовалутите. Наместо средствата да се чуваат постојано поврзани со интернет, хардверските ...

Седумнаесетгодишен тинејџер од Ирска починал за време на семеен одмор во Грција, во трагичен инцидент што се случил во изнајмена куќа на островот Кимолос. Несреќата се случила на 9 август, кога младото момче се наоѓало во бањата. Според првичните наоди на истрагата, тој доживеал струен удар додека се туширал, по што се случила трагедијата. Полициски службеник надлежен за поширокиот егејски регион за „Irish Sun“ изјавил дека тинејџерот починал ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица за злоупотреба на службената положба и овластување во случај поврзан со набавката на видеолотариски терминали за „Државна лотарија“. Според обвинението, со преземените дејствија на акционерското друштво му била нанесена материјална штета од 507.632.173 денари, односно повеќе од 8,2 милиони евра. Обвинителството во официјалното соопштение не ги наведува имињата на ...

Војната меѓу Русија и Украина продолжува да се интензивира, а во најновата размена на напади повторно се најдоа критична енергетска и транспортна инфраструктура. Додека украинските сили ја таргетираат руската нафтена индустрија, руските напади повторно се насочени кон украинските пристаништа и инфраструктурата поврзана со извозот. Еден од најсериозните последни удари ја погоди рафинеријата во рускиот град Орск, која според регионалните власти ...

Во рамките на програмата за „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи еден поинаков, весел и посебен настан посветен на најмладите, но и на сите љубители на добрата забава. Омилените Мими и Сале подготвуваат вистинско роденденско шоу исполнето со многу музика, танцување, смеа и бројни изненадувања за присутните. Локација: Градски плоштад – Кавадарци Време: 20:00 часот Манифестација: Кавадаречко ...

Трагичен настан вчера попладне ја потресе Пештани, откако турист од Грузија го загубил животот во водите на Охридското Езеро. Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен во 14:32 часот, кога било известено дека од езерото во близина на Пештани било извлечено машко лице. Веднаш по пријавата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Медицинските лица се обиделе да го реанимираат мажот, но и покрај укажаната помош, ...

На 11 август 1999 година, Војчех Кубјак бил меѓу милионите луѓе низ Европа кои сакале да го набљудуваат целосното затемнување на Сонцето. Имале заштитни очила, но во еден момент направил нешто што подоцна ќе има трајни последици по неговиот вид – ги симнал за неколку секунди за да направи фотографија. Во тој момент не почувствувал болка, печење или друга непријатност. Ништо не му укажувало дека неговите очи претрпуваат оштетување. Последиците ...

Судењето на српскиот државјанин, иначе градежен работник Един Д. (32), обвинет за смртта на две жени и деветгодишно девојче кои го загубија животот во судир минатата година во Германија, продолжи пред Регионалниот суд во Дармштат. Несреќата се случила за време на првата недела од Адвент 2025 година. Обвинетиот, управувајќи „голф“ со брзина од дури 145 километри на час на место каде што ограничувањето било 50, директно удрил во „ауди“ во кое ...

Плажите во јужна Калифорнија годинава се соочуваат со необична појава која предизвика рекорден број повреди кај капачите. Необично топлата морска вода придонела за зголемено присуство на ражи во плитките делови, каде што контактот со нив може да заврши со убод. Од почетокот на 2026 година, на две државни плажи во близина на Хантингтон Бич се регистрирани повеќе од 3.100 случаи на убоди од ражи. Бројката е речиси двојно поголема од вкупниот ...

Тројца мажи во Тенеси, Алабама и Оклахома денеска треба да бидат погубени со смртоносна инјекција, што би бил прв таков случај во Соединетите Американски Држави (САД) од јануари 2010 година. Во Тенеси за погубување е закажан 66-годишниот Ентони Дарел Хајнс, осуден на смрт поради убиство на 54-годишната собарка Кетрин Џин Џенкинс во 1985 година, пренесе АП. Хајнс ја избодел со нож додека работела во мотел во Кингстон Спрингс. Тој безуспешно се ...

Службениците од Одделението за спречување криумчарење при Управата за царина, за време на контрола на стока во еден магацин, ја прекинаа постапката за увозно царинење на детски играчки. Станува збор за три тони детски играчки приведени поради сомневање за повреда на правото на интелектуална сопственост. Стоката што е привремено задржана на 4 август опфаќа речиси 7.000 играчки. Од Управата за царина соопштија дека станува збор за играчки кои ...

Дваесет и шестгодишна жена од Гостивар пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер, кој, според нејзиното сведоштво, воедно ѝ упатувал и закани. Случајот бил пријавен во текот на ноќта, на 13 август во 2:35 часот, во Полициското одделение Галате. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената пријавила дека околу полноќ, во едно гостиварско село, била физички нападната од нејзиното ...

Необичен случај бил откриен при царинска контрола во Скопје, откако службениците во товарниот простор на грчки камион пронашле тројца мигранти од Судан скриени меѓу картонски кутии. Камионот бил предмет на детална проверка откако пристигнал со товар пријавен за увозно царинење. Според информациите од Царинската управа, возилото превезувало стока со потекло од Кина, која претходно била натоварена во пристаништето во Солун. По натоварувањето, ...

Трагичен настан утрово ја потресе јавноста во Скопје. Во близина на трговскиот центар „Мавровка“ било пронајдено телото на Лирим Хајредини, долгогодишен оперативен директор на националната телевизија на албански јазик „Алсат“. Според првичните информации, случајот бил пријавен во текот на утрото, по што на местото пристигнале полициски службеници. Просторот бил обезбеден, а надлежните започнале со утврдување на сите околности поврзани со ...

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила во кичевскиот регион, во близина на селото Тајмиште. Во судирот учествувале патничко и товарно возило, а повредените веднаш биле пренесени во болница. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска, 13 август 2026 година, околу 8 часот, во ОВР Кичево. Во сообраќајката учествувале автомобил и камион, а во патничкото возило се наоѓале ...

Сè помалку деца седнуваат во училишните клупи, а последиците од демографскиот пад веќе директно се чувствуваат во образованието. Во делови од Македонија подрачните училишта остануваат со само неколку ученици, а некои од нив од новата учебна година би можеле да престанат со работа. Од Министерството за образование најавуваат дека процесот на оптимизација на училишната мрежа ќе продолжи и годинава. Таму каде што бројот на ученици е исклучително ...

Светот на фудбалот се обедини во поддршка за Лионел Меси по веста за смртта на неговиот татко Хорхе, кој ја загуби битката со тешка болест во родното Росарио. По емотивната објава на аргентинскиот ас на социјалните мрежи, следеше бран сочувство од бројни поранешни соиграчи, пријатели и спортски ривали. Посебно се издвои гестот на Кристијано Роналдо, со кого Меси го изгради веројатно најголемото и најпознатото ривалство во историјата на ...

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која стои зад организацијата на „Евросонг“, воведува серија нови правила со кои значително се менуваат условите под кои една земја може да биде домаќин на следното издание на натпреварот. Една од најважните новини се однесува на безбедноста и политичката стабилност на земјата победник. Според новите правила, доколку државата чиј претставник ќе победи е вклучена во вооружен конфликт или се процени дека се ...

Вознемирувачки случај бил регистриран во хрватскиот град Пореч, каде што брачен пар од Босна и Херцеговина е осомничен дека го оставил своето малолетно дете само во паркиран автомобил додека тие заминале во трговски центар. Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, двајцата државјани на Босна и Херцеговина. Тие, според пријавата, го оставиле детето во заклучен автомобил со затворени ...

Православните верници утре го одбележуваат празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи, ден кој има посебно место во црковната традиција, но и во македонските народни обичаи и верувања. Со празникот започнуваат и Богородичните пости, период посветен на духовна подготовка пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Според црковното предание, празникот е посветен на седумте браќа Авим, Антонин, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
68%
1029
weather icon

Софија

6ᴼ / -1ᴼ
1.54
54%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.69
93%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
84%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
0.45
74%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
66%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53