Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за целата 2026 година стигнала само една понуда, таа на државната компанија ЕСМ. Според информациите, понудената цена изнесува 65 евра за мегаватчас, што е за речиси 5% повисоко од цената добиена на последниот тендер за периодот јуни–декември 2025. Од компанијата објаснуваат дека единствената понуда го покрива целиот планиран обем на потреби за домаќинствата. – Добивме една понуда од ЕСМ ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања изјави дека борбата против корупцијата и криминалот мора да биде бескомпромисна и без исклучоци. – Борбата со корупција и криминал не познава граници. Ние како Влада и како Министерство тоа го покажавме на дело. Независно дали некој извршува политичка или државна функција, доколку го прекршил Законот, ...
Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата. Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. -Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги по читуваат законските ...
Наместо строго пропишан распоред, сè повеќе работници избираат „флексибилно“ работно време, работа од далечина и флексибилни распореди во кои тие одредуваат кога и од каде ќе работат, а според анкета објавена од порталот MojPosao, 66 проценти од мажите и 60 проценти од жените во Хрватска користат некаков облик на флексибилна работа. Анкетата за трендовите во флексибилната работа е спроведена на повеќе од 300 испитаници од Alma Career Croatia ...
Многу луѓе посегнуваат по капсули со рибино масло и додатоци во исхраната со омега-3 со надеж дека ќе го подобрат здравјето на срцето и ќе го намалат воспалението. Иако омега-3 масните киселини (EPA и DHA) се неопходни, новите научни истражувања ја доведуваат во прашање поентата на земање нерегулирани додатоци што се продаваат во аптеките. Студија на Кокрејн: Капсулите не го намалуваат ризикот од срцев удар Најголемата прегледна студија, ...
Охрид / Новинска агенција ОХРИДСКАЈ / 25 ноември 2025 Contents Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, бележи убедливо највисок рејтинг од сите политичари во изминатите 30 години на политичката сцена во Македонија. Според најновата ексклузивна анкета на Новинската агенција ОХРИДСКАЈ, спроведена на репрезентативен примерок од 50.000 испитаници, Мицкоски ужива рејтинг од 42.8%, што претставува ...
Во тек се работни активности за поставување на нова опрема во пумпната станица „Метропол“. Во рамки на проектот се врши целосна замена на двете вертикални турбински пумпи кои датираат од 1988 година. Се поставуваат нови поекономични и автоматизирани пумпни агрегати, со цел обезбедување непрекинато водоснабдување на градот Охрид и околните населени места. Исто така, проектот предвидува и целосна промена на постојното напојување на пумпните ...
Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно стандардите на СЕПА, во 40 земји кои се опфатени со системот. Имајќи предвид дека 80% од вкупните одливни плаќања и 90% од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи. Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку ...
Шведската армија има намера да набави ракети со долг дострел кои можат да погодат цели длабоко во руска територија, изјави министерот за одбрана на скандинавската земја, Пол Џонсон. Во извештајот усвоен од владата оваа недела, шведските вооружени сили изјавија дека сакаат системи за оружје со дострел до 2.000 км, што ќе им даде можност да напаѓаат критична инфраструктура лоцирана далеку зад непријателските линии. – Искуството од војната во ...
Словенечкиот парламент го одобри Уставниот закон за измена на третата глава од Уставот, врз основа на која правото на плаќање во готово ќе биде запишано во Уставот. По неговото усвојување, во Уставот ќе биде додаден нов член 74, во кој ќе се наведува дека секој има право да користи готовина во банкарските и другите форми на правни трансакции во согласност со законот. Се очекува Државното собрание да го прогласи законот на 1 декември. ...
Најмалку 10 лица загинаа, а шест се водат како исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови на индонезискиот остров Суматра, соопшти денес локалната полиција. Спасувачките екипи се борат да стигнат до погодените области во шест области во покраината Северна Суматра откако монсунските дождови во текот на изминатата недела предизвикаа излевање на реките, пробивајќи ги ридестите села додека калта, ...
Италијанскиот парламент едногласно одобри закон во вторникот со кој фемицидот се дефинира како специфично кривично дело казниво со доживотен затвор. Законот беше одобрен по серијата убиства на жени што ја потресоа Италија во последните години, а премиерката Џорџија Мелони го поздрави како алатка за одбрана на слободата и достоинството на секоја жена. Усвојувањето на законот ќе додаде дополнителен член во кривичниот законик со кој се воведува ...
Руските власти мора да го зголемат бројот на луѓе кои се идентификуваат како Руси и зборуваат руски во делови од Украина анектирани од почетокот на инвазијата до 2022 година, според документ објавен во вторник и потпишан од претседателот Владимир Путин. Документот, насловен како „Национална политичка стратегија на Русија за периодот до 2036 година“, беше објавен во вторник како декрет потпишан од Путин. Во него се повикува на мерки за да се ...
Говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски пред претставниците на земјите од „коалицијата на добронамерните“ привлече големо внимание, но не толку поради она што го кажа, туку поради изразите на лицето на тројцата европски лидери. Недолго откако Зеленски објави видео од своето обраќање до претставниците на „коалицијата на добронамерните“ на својот „X“ профил, многумина го забележаа однесувањето на албанскиот премиер Еди Рама. ...
Ако фрлите ситен отпад на јавна површина, како што е опушок од цигара, ќе платите казна од 300 сингапурски долари, или околу 200 евра. И тоа е само за првиот прекршок. Ако повторно ве фатат за истиот прекршок, казните можат да достигнат неколку илјади евра, пишува Punkufer.hr. Сингапур често се нарекува најчист град во светот. Ова не е изненадувачки за оние кои го посетиле овој азиски град со многу ефикасен систем за управување со отпад, ...
Повеќето луѓе се свесни дека пушењето е штетно за здравјето, но помалку луѓе ги знаат негативните ефекти што газираните пијалоци ги имаат врз телото. Затоа, експертите проценија дали Диет Кока-Кола стана „новото пушење“ и дали е навистина толку лошо како пушењето цигари. Сè повеќе студии покажуваат дека редовното пиење газирани пијалоци може да биде штетно за здравјето. Меѓу другото, Диет Кока-Кола почна да се изедначува со пушењето, а некои ...
Ракот на белите дробови останува најсмртоносниот рак, убивајќи повеќе луѓе секоја година отколку ракот на дебелото црево, простатата и дојката заедно. Ново истражување од Northwestern Medicine (објавено во JAMA Network Open) сугерира дека сегашните упатства за скрининг можеби ги пропуштаат повеќето пациенти кои ја развиваат болеста. Анализа на речиси 1.000 пациенти покажа дека само околу 35% од оние со дијагностициран рак на белите дробови ги ...
Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје синоќа се соочи со сериозни прекини, откако беше забележан опасен метеоролошки феномен познат како „wind shear“ – нагла промена на брзината и насоката на ветерот, која претставува директна закана за безбедното слетување на авионите. Според првичните информации, најмалку два лета, еден од Истанбул и еден од Венеција, синоќа не успеале да воспостават стабилен приод кон пистата во Скопје. Поради ...
Македонското судство со години се соочува со негативни оценки и не е на ниво на задачата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. – Генерално во Република Македонија правосудството во континуитет добива негативни критики од сите извештаи. Факт е дека правосудството не е на ниво на задача на која што треба да биде и затоа имавме серија на обиди најпрвин да апострофираме, да сфатат самите, оној мал дел од судиите и обвинителите коишто ...
Во Монтреал чистењето снег не е обична работа, тоа е спектакл. Градот кој секоја година добива неколкукратно повеќе снег од Скопје, покажува организација која личи на воено-логистичка операција, претворена во синхронизиран танц на стотици машини, камиони и работници кои буквално „летаат“ низ улиците. Contents Додека кај нас една улица знае да чека со часови, па дури и денови, Монтреал завршува цел кварт за време пократко од просечно кафе и ...
Падот од приоритетите:Европската и американската дипломатија сегашноста ја кројат низ призмата на нови итни приоритети. Украина останува централната точка на вниманието, а Молдавија брзо се искачува на агендата како следната критична точка на геополитичкиот фронт. Во оваа реконфигурација на интереси, Северна Македонија се наоѓа на маргините – ниту довволно важна за да предизвика внимание, ниту довволно проблематична за да наметне итност. ...
Србија има 52,3 тони злато во вредност од речиси 6 милијарди евра, што претставува повеќе од една петтина од вкупните девизни резерви, потврди денеска гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ. Како што рече таа, Србија денес има повеќе злато од сите земји од поранешна Југославија заедно. -Тоа е повеќе од повеќето земји од Централна Европа. Тоа е повеќе по глава на жител од која било земја на Западен Балкан. Не беше трка ...
Украина, по речиси четири години војна, конечно го прифати нацртот на мировниот договор што го предложиле Соединетите Американски Држави. Според западни извори, во Женевa било постигнато начелно согласување меѓу делегациите на Вашингтон и Киев, јави Ројтерс. Американски функционер за Би-Би-Си изјави дека Украина го прифатила нацрт мировниот договор што го предложиле Соединетите Американски Држави „само уште неколку технички детали треба да се ...
Компанијата ФолоТој повторно го пушти во продажба роботот мече Кумма, кој пред неколку недели шокирал родители со тоа што им зборувал на нивните деца за секс фетиши, палење шибици и други опасни содржини, јави Футуризам. По една недела „темелна безбедносна ревизија“, компанијата објави дека го „засилила системот за контрола и модерирање“, и дека Кумма сега е „безбеден и воспитен“. Сепак, извештаите на организацијата PIRG откриле дека токму ...
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, (локално над 25 l/m2) . Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 5 до 15 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 13 степени. Под влијание на циклонска активност од среда (26.11.2015г) до ...
Исчезнати 30 милиони евра и прашања без одговори Стечајната постапка на СН Осигурителен Брокер се претвора во уште еден случај кој ги потсетува на најтемните финансиски скандали во Македонија. Според достапните информации, во оваа афера исчезнаа околу 30 милиони евра, а низ постапката се провлекуваат сомнителни трансакции, притисоци врз доверители и можни политички врски. Contents Бугарската ЕВРО ИНС и 9 милиони евра долг Во центарот на овој ...
Ново истражување покажува колку деца се загрижени и се плашат да заспијат. Експертите за спиење во Silentnight ја спроведоа студијата, која откри дека речиси една четвртина од децата се плашат од темнината, едно од пет има кошмари, а исто толку се плашат да спијат сами, пишува британски Метро. Грижите за училиштето влијаат на околу 14% од децата, а стравот од насилници предизвикува децата да го изгубат сонот. На малите деца им се препорачува ...
Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија го спроведува Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (ППСУ2) (P180350) кој има за цел да го прошири пристапот и да го подобри квалитетот на социјалните и предучилишните услуги за ранливите групи. Проектот опфаќа две главни области за подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги и за згрижување и воспитание на деца од предучилишна ...
Согласно Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2025 година, Програмата за општинска администрација (А0 и Е0)(„Службен гласник на општина Охрид“ бр.14 од 26.12.2024 година со број 08-15415/22 од 25.12.2024 година, Програмата Ј6 Одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2025 година со број 08-15415/29 од 25.12.2024 година, и Правилник за субвенционирање на општински линиски превоз на ...
„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на активности за ...