Во сабота на 15-ти ноемви во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Маршот на семејствата на загинатите, кои инаку секоја сабота маршираат во Кочани, овој пат ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје. Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три ...

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје е домаќин на X меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“, која се одржува денеска со почеток во 10 часот во амфитеатарот на Институтот. На свеченото отворање поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Лидија ...

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои ги засегаат и земјоделците и јавноста, но и време е конечно да видиме оставка од Трипуновски кој три дена се крие од јавноста, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Јавноста и граѓаните треба да знаат дека ИПАРД средствата кои се сега суспендирани се доделуваат како 50% грант за земјоделците, а 50% тие сами обезбедуваат ...

Данла Арсовска: Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот. Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Нека не ти пишува ...

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ најавија голем граѓански марш за правда, што ќе се одржи на 15 ноември во Скопје, со почеток во 12 часот и 5 минути. Маршот ќе започне од Плоштад Македонија, ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што родителите ќе побараат институциите конечно да ...

Рафинеријата на нафта во рускиот град Саратов во текот на ноќта беше нападната од украински беспилотни летала, пренесоа локалните канали на Телеграм кои споделија снимки за кои се тврди дека покажуваат експлозии во објектот. Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми известуваат дека по ...

Ленче Николовска: Луѓе, баталете ѓубрето во Скопје, од вчера 100 милиони евра од ИПАРД за земјоделците се под знак прашалник. Каква катастрофа, каков пораз за сите што учествувавме во развивањето и успешноста на Платежната агенција до сега. Најголем пораз и нервози за оние што ги инвестираа парите (милиони евра се во прашање) постои ризик да бидат стопирани сите исплати. Какво разочарување за сите што планираа да инвестираат и да се развиваат ...

По објавувањето на резултатите, лидерот на ДУИ Али Ахмети истакна дека, и покрај поразите во неколку општини, неговата партија и коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) ја имаат „народната и општинската поддршка“ со повеќе од 23.000 гласови разлика наспроти ВЛЕН и најави длабока анализа и обновување на партиските редови, потенцирајќи дека поразите ќе бидат искористени за внатрешно зајакнување на структурата. Дестан Јонузи По ...

Фрлете по еден поглед преку рамото и ќе ги видите урнатините на Македонија: од образованието, до културата, науката и економијата, архитектурата, урбанистиката, мишелинската надворешна политика. Македонија направи Газа од себе си. Вмро со помош на востанатиот народ против себе. И олигархиската и интелектуална елита натопени во фолклорна патетика и строга општа, политичка и историска неписменост. Извештајот на Европската унија за напредокот на ...

Во однос на октомври 2024 година, индексот на трошоците на живот пораснал за 4,5%, а индексот на цените на мало за 2,8%, што покажува дека граѓаните сè уште се соочуваат со висок инфлаторен притисок. Највидливо поскапување е регистрирано кај храна и безалкохолни пијалаци, кои за една година се зголемиле за 7%, како и кај алкохолни пијалаци и тутун (+6,7%) и облека и обувки (+2,8%). Мали месечни зголемувања има и кај домувањето, вода, ...

Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата. Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук. Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, ...

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари. Во објавената видео информација на фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 лица во износ од по 71 900 денари. -Почитувани, транспарентно ја споделуваме ...

Гордан Калајџиев: Извештајот на Европска комисија во кој е констатиран недостаток на напредок во борбата против корупцијата и судските реформи во земјата, претставува јасен прекор до Власта за начинот на кој ја третира правната држава. Не постоио вропска држава каде извршната власт би си дозволила отворено да ги напаѓа или да влезе во војна со судиите и обвинителите, да ги обвинува како да се тие најголеми криминалци и со тоа сама да влијае ...

08/11/2025 06:50 - Нова ТВ

Љубомир Костовски: Ниту гласањето на претходните локални избори за Данела Арсовска не беше премногу блескаво – таа освои 120 илјкади гласови што треба да се погледни во однос на тоталните бројки на можни гласови. Орце одново е некаде на ниво на она што го доби Трифун Костовски. И заслужува таква оценка. Секако, се покажува една зачудувачка апстиненција која кај албанскиот електорат е речиси правило, кога се работи за кандидат/кандидати кои ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави видео од активностите што се преземаат за чистење на главниот град, согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот. Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар; Се поставуваат украсни канделабри на плоштадот ,,Македонија”. Најдоброто, доаѓа!, објави Ѓорѓиевски попладнево на неговиот ...

08/11/2025 01:21 - Нова ТВ

Никола Калајџиски: Четири години го урнисуваа Скопје. Ја изгореа младоста на Кочани. А мед и млеко им тече од усните. Останете во Авгиевата штала. И трајте си. Слепило и рамнодушност се дијагноза за болното општество со разурнат систем на вредности. Без етика и морал. ЌЕ. Како парадигма за заробено општество. И ние во него. Извор: Фејсбук (ПС. Нова.мк: „Авгиева штала“ термин за скриени пари на диктатори и криминалци. Според грчката легенда, ...

Дејан Трајковски: Не лутете се на тие коишто гласале за ВМРО-ДПМНЕ, туку концентрирајте се на оние што не излегле на гласање, а тоа се речиси 60% од запишаните избирачи. Проблемот, значи, не е толку во нивното тврдо партиско гласачко тело, туку во апатијата и разочараноста на мнозинството кое останало дома, за што секако имало причини, иако не и оправдување. Вмровците не можете да ги промените. Тие имаат верно гласачко тело од партиски ...

Бранко Тричковски: Тој е задоволен од Извештајот. Непристојна е секоја дискусија после неговиот праворек. Вие кои мислите дека наместо да биде задоволен треба да биде задавен, сте предавници. Или некои слични антимакедонски говњари. И табелата на Европската лига не е таква каква што ја кажуваат во Брисел, туку како што ја пресметува вештачката интелигенција и природната психопатолигијата на премиерот. Значи, вака: Ние сме многу пред Албанија. ...

Борче Трајковски: Фала ти Орце, фала му и на татко ти Мицко, и на горниот Мицко и на долниот. Фала ви на сите кои се појавивте сношти на спектакуларното започнување на филмот “Скопје сија“-.ба мамата. Си направивте терен, подготвивте сцена, го натрупавте градот со ѓубре, за сега да ни демонстрирате како тоа требало да се чисти. Скапо сценарио , ама гајле ви е, народот плаќа. А оние 370 за кои си решил да си останат дома, ама дека нема повеќе ...

Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина. Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година. Курашов, кој беше заробен од украинските сили заедно со други руски војници кратко по инцидентот, се ...

Во моментов од работа од јавните претпријатија се отстранети вкупно 371 лице, кои или не оделе на работа или пак вршеле злоупотреба на своето работно место, а сето тоа го плаќале граѓаните. Активностите за откривање на злоупотреби во јавните градски претпријатија ќе продолжат и во наредните денови, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој додаде дека вечерва до него дошла информација за други злоупотреби, како што истакна, ...

Украина е во преговори за купување ракети „Томахавк“ и друго оружје, изјави украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина. Нејзината изјава доаѓа во контекст на одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп да му ги предаде ракетите на Киев. Во интервју за Блумберг ТВ, Стефанишина истакна дека дискусиите сè уште се во тек, но украинската страна има повеќе делегации кои работат на обезбедување на потребните финансиски ресурси за ...

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во близина на градот Бургас на Црното Море, јавуваат бугарските медиуми. „Шкода“ со романски регистарски таблички превезувала 10 лица, не застанала кога наишла на полициски контролен пункт и се обидела да побегне синоќа, изјавил началникот на граничната полиција, Антон Златанов. Шестмина лица загинале на самото место, а возачот, романски државјанин, и тројца ...

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД сигнализираше дека не е задоволно од договорот, нарекувајќи ја компанијата „руска марионета“ пренесува Оилпрајс. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека војната мора веднаш да заврши. Додека Путин продолжува со бесмислените убиства, марионета на Кремљ, „Ганвор“, никогаш нема да добие ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети. Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира ...

Новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение биле тема на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржала вчера во Скопје. За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. ...

Зоран Иванов Скопјани ја загубија битка со „скопјаните“. На Скопје му се случи нова рураллизација. Му се случува некаква компензација за неговата страотна антиквизација. И тоа е и толку е од урбаното Скопје. Во градот, тука и таму, ќе живурка уште по некое носталгично маалско ќоше. И уште по некој скопски ментален урбан џеб. Но Скопје е Скопје и скопјани се скопјани па, како и секогаш во неговото минато, и сега и натаму, Скопје постојано ќе ...

Само неколку дена по завршувањето на војната во Појасот Газа, милитантниот исламистички Хамас, кој е класифициран како терористичка организација од Германија, ЕУ, САД и неколку други земји, продолжува да го демонстрира своето барање за контрола врз Газа. Според извештајот на израелскиот весник „Хаарец“, Хамас сè уште има околу 40.000 борци. Тие се појавуваат сè почесто на улиците и плоштадите на Појасот Газа. Дојче Веле Американскиот ...

На овие локални избори има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени, исто како и на минатите. Најмногу кандидатски листи се поднесени за Град Скопје 19, потоа следат Битола – 16, Куманово и Долнени по 14. Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во ...

Венко Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука! Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден нова измислена афера по стариот терк, но сега веќе никој не му верува. Кога немаш ниту едно дело, останува само да плукаш. На Мицкоски треба да му биде едно јасно: ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
44%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
55%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
47%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
57%
1024
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.92
52%
1023
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
21%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
45%
1025
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.58
41%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Бакар

11.80

Платина

69606.37

Сребро

2704.52

Иридиум

221848.72

Калај

51.64

Родиум

368126.05

Цинк

3.28

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.35

Рутениум

45750.51

Злато

166049.28

Паладиум

52823.68