По барање на обвинителството, судот досега определи притвор на вкупно 18 лица опфатени со истражните активности за трагичниот пожар во Кочани, потврдија за Телма од судот во Кочани. За 16-те на кои вечерва им истекува краткотрајниот притвор, обвинителството, согласно законот за кривична постапка, баралo продолжување на притворот за нови 48 часа. Од судот во Кочани ни изјавија дека на десет лица веќе им е продолжен притворот, а останатите ...

Зошто ми го убивте детето? го праша денеска Александар Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев откако, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски, му врати Манев. Вања беше врзана во моментот кога јас ја видов убиена, се присети обвинетиот Велибор Манев на денешниот исказ. Кога ја откопчавме Вања за Љупчо да ...

Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, утре во 10 часот. Неговата сопруга Наталија објави дека погребот ќе биде извршен утре во 10 часот. Андреј го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ДНК вечерта настапуваше. Според исказите на очевидци, тој неколку пати излегувал и влегувал повторно во локалот за да помогне да се извлечат и спасат што е можно повеќе млади луѓе кои ...

Марјан Витановски го откажа полномошното за бранење на првоосомничениот Љупчо Палевски. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово. Провообвинетиот сега остана само со бранителот Јовица Страшевски. На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичен суд продолжува испитувањето на осомничениот Велибор Манев. Манев изјави дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија упати повик за молитва и сплотеност. „Минува третиот ден од ужасната трагедија во која животите ги загубија 59 невини наши млади чеда, а над стотина се здобија со тешки повреди. Оттогаш, Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на ...

Во изминатите два дена извршени се 50 контроли во угостителски објекти и тоа кабариња, диско клубови. Државниот пазарен инспекторат од извршениот увид утврди дека лиценци поседуваат 22 објекта а 15 се со истечена лиценца. Сите 22 објекти со важечка лиценца денеска се проверуваат а за оние кои немаат лиценци или важноста им е истечена, изречена е мерка:Забрана за вршење дејност. ,,Министерството за економија врши проверка дали кај издадените ...

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи соопшти нови детали во врска со трагедијата во Кочани. „Идентификувани сите 59 лица. Повредени се вкупно 196 лица, од кои 80 транспортирани во странство. Што се однесува до превземени мерки за расчистување на овој случај, досега се приведени 18 лица, задржани се 16 лица од кои последното задржано лице се терети за тешки дела за предизвикување општа опасност, а истото е потписник на основен ...

„Точно е дека во близина на дискотеката ‘Пулс’ е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани. Министерот со ова ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија, која би ја зголемила трагедијата во ...

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало нелегален склад со гориво и бензиска пумпа. „При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството , а потврди и Противпожарната бригада на Кочани. Оваа информација прв ја објави српскиот портал „Информер“ кој пишува: таа кобна ноќ можело да биде кренат во воздух целиот град ...

Студентите кои ги блокираа факултетите во Белград денеска оддадоа 74-минутно молчење пред Амбасадата на Македонија за да им оддадат почит на 15-те жртви од уривањето на настрешницата во Нови Сад, како и на секоја жртва од пожарот во Кочани. Молкот заврши со зборовите „Слава им“. Учениците положија венци и запалија свеќи пред Амбасадата, а им се придружија и граѓани кои исто така оставија цвеќе и запалија свеќи. Дипломатите од Македонија ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски донесе одлуки за разрешување на неколку високи полициски функционери по трагичниот пожар во Кочани. Според информациите до кои дојде Плусинфо, сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори. Oд функциите се разрешуваат: – Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип – Помошник началник – Началникот на Одделението за полиција Штип ...

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Петмина осомничени за пожарот во Кочани пренесени во затворот во Шутка Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација ...

Дали и колкава е одговорнаста на градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов ќе утврди Јавното обвинителство, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како е можно градоначалникот да не е меѓу осомничените за трагедијата во Кочани, со оглед на тоа дека по распитот е пуштен на слобода, иако според закон, општината води регистар на ноќни клубови, дискотеки и кабареа, а наплаќа и половина од сумата за добивање ...

Пет лица кои се меѓу осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во КПУ Скопје, познат како затворот Шутка. Директорот на затворот, Бобан Утковски во телефонска изјава за Курир потврди дека осомничените во затворот се донесени вчеравечер. -Пет лица се донесени синоќа, извршени се лекарски прегледи, запазени се сите процедури при нивниот прием, кусо одговори Утковски за Курир. Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и ...

Во земјава и денеска е ден на жалост за настрданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот. Во знак на сочувство за настраданите во пожарот во ...

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и уште едно лице вечерва се спроведени на сослушување во ОЈО Кочани во врска со трагедијата во дискотека во Кочани во која во пожар животот го загубија 59 лица, а над 150 се повредени. За Бектеши како и за други лица, според информации од обвинителството, ќе се бара краткотраен притвор. Од ОЈО Кочани откако беше сослушан ...

Во 2024 година биле издадени само 12 лиценци за кабареа, можете да претпоставите колку клубови работат низ државата вели премиерот. -Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа, а сега можете да претпоставите колку клубови работат низ државата, а само 12 поседуват лиценци и тоа од тие не знаем кои се сеуште валидни бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, затоа што тие се со важност од една ...

„Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде ...

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов си поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Неговиот став ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав ...

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17. -Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на ...

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Таравари појасни дека дел ...

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година. Состојбата на сите ...

Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“. -Исто така, ...

Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство. За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Во пожарот што се случи вчера ...

Пејачот Андреј Ѓоргиески од групата ДНК загина во пожарот во Кочани. Според првичните информации, тој се вратил да спасува деца и да им помогне и се изгубил во толпата. Владимир Блажев Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката, и е на кислородна поддршка, но е свесен. Двајцата се познати по хуманитарните акции во кои помагаа на сиромашни и болни. Филип Стевановски, член на бендот ДНК загина во дискотеката во Кочани Во ...

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната. Не е време за делби и конфронтации, особено кога се во прашање млади луѓе, чиј живот за миг згасна заради самоволие, импровизација и манипулација. Без стандарди и правила не смее да функционира ниту една дејност и ...

Многу пропусти во објектот кој работел без дозвола утврдил обвинителскиот тим на првиот ден од увидот во остатоците од импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска загинаа 59 млади лица, а 155 се повредени. Објектот бил обложен со запаливи материјали, немал противпожарна заштита, ниту дозвола за пиротехника, соопшти вечерва државниот обвинител Љупчо Коцевски. Со оглед дека увидот трае и ќе продолжи и утре, обвинителскиот тим сè ...

Приведени се и поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен, мислам и сегашен раководител на еден сектор на министерството за економија, приведовме и поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека меѓу приведените има и ...

Музичарот Филип Стевановски од Куманово, кој е член на бендот на дуото ДНК, загина во пожарот во Кочани, јавува штипската телевизија Стар. Стевановски бешее продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип. Стевановски своето основно образование го завршил во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Сребро

2492.14

Злато

143662.56

Родиум

311058.47

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Цинк

3.11

Калај

44.58

Бакар

11.76

Платина

72143.25

Паладиум

58707.26

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.08