Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Украинската војска во текот на ноќта кон 25 август изведе напад врз рускиот Краснодарски Крај, а според наводите на руските канали на Телеграм, погодена е рафинеријата за нафта „Афипски“. Станува збор за едно од најголемите постројки за преработка на нафта на југот од Русија. Рафинеријата произведува бензин, дизел гориво, дестилати од гасен кондензат, тешки нафтени остатоци и сулфур. Годишно преработува околу 6,25 милиони тони сурова нафта, ...
Советникот во Кремљ, Андреј Федоров, изјави дека британските фабрики за дронови би можеле да се најдат на мета на „полувоен“ одговор што би го спровеле „непознати извори“. Причина за тоа е одлуката на Лондон да сподели воени нацрти со Украина. Велика Британија се согласи да ѝ ги предаде на Украина нацртите за компонентите на ракетата Scalp, која е француска верзија на британската крстосувачка ракета Storm Shadow. Тие нацрти ќе ѝ овозможат на ...
УЈП не ги избира даночните обврзници за контрола според тоа дали се големи или мали, туку според ризикот и потенцијалната загуба на даночни приходи. Ризик-профилот на секој обврзник се гради врз основа на десетици индикатори – отстапувања од просеците во дејноста, пријавен промет во однос на податоци од други извори, ДДВ-ефекти, залихи, број на вработени, профитни и даночни стапки, профил на добавувачите и историјата на усогласеност, вли во ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ излажа дека ќе се бори против монополите и дека ќе се залага за пазарна диверзификација, а го направи токму спротивното. Со пари извадени директно од џебот на даночните обврзници, наместо да градат отворен пазар со долгорочни пониски цени на авиобилетите, тие финансираат тотален монопол во кој една унгарска приватна нискобуџетна компанија контролира над 60 проценти од пазарот, соопштија од ЛДП. „Додека сведочиме за ...
Премиерот на државава Христијан Мицкоски во интервју за американскиот Breitbart News вели дека поддршката на Доналд Трамп во Македонија е многу висока, повисока од каде било во Европа, и дека со задоволство би го пречекал во земјава доколку распоредот на американскиот претседател го дозволува тоа. – Со задоволство ќе го угостам на највисоко ниво. Тој ќе ја ужива поддршката од македонските граѓани. Кога ќе има слободен временски термин во ...
Украина одржа нешто што организаторите го опишаа како прва воена парада во светот составена во целост од беспилотни системи, одбележувајќи го Денот на независноста со приказ на копнени, поморски и воздушни дронови наместо традиционални формации со војници. Десетици копнени роботски системи се движеа по главната улица во Киев, а се наменети за логистика, извидување и борбени мисии. Над нив над главниот град летаа пресретнувачки дронови ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на ТВ Канал 5 оцени дека бројот на смртни случаи од западнонилска треска претставува сериозен аларм и дека реакцијата на надлежните институции била задоцнета, особено во делот на превентивните мерки и прскањето против комарци. „Според статистиката од 2011 година до 2025 година ние имаме само 5 смртни случаи на западно-нилска треска. Тоа се вкупно 14 години. А ...
Научниците предупредуваат дека светот, поради загревањето на планетата и сè почестите екстреми, се приближува кон уште поразурнувачки климатски настани од оние што веќе ги бележи последниве години. Долгогодишните предупредувања за посилни топлотни бранови, бури, поплави и суши повеќе не се набљудуваат како далечна фикција, туку како реална можност. Од нашата мрежа Голдман Сакс алармира за падот на аналитичките вештини кај младите… 29 минути ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на ...
„Од 28 февруари, кога започнаа американско-израелските напади врз Иран, кај нас цената порасна од 71 на 101,5 денари – 43% за помалку од шест месеци! Резервоар од 50 литри кој тогаш чинеше 3.550 денари, сега чини 5.075 денари, односно 1.525 денари повеќе. Светската криза го објаснува берзанскиот удар, но не ја оправдува пасивноста на Владата – Мицкоски не може секое поскапување да го прогласува за увезено, а секој денар од даноците да ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски во гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека Македонија е безбедна и стабилна држава и дека нема непосредни безбедносни ризици за земјата. Тој ја истакна подготвеноста на Армијата да одговори на потенцијални закани и додаде дека лесната пешадиска баталјонска група неодамна била оценета со највисоки оценки за борбена способност. „Знаете дека пред извесно време не оценуваа поготово нашата лесна ...
Американското министерство за финансии се закани со воведување нови остри санкции за државите што ќе одбијат да ги прекинат економските врски со Иран, но засега се откажа од моментална примена на најтешките казнети мерки. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека Вашингтон во моментов применува „тивка дипломатија“ за на сите земји јасно да им ги пренесе очекувањата на Белата куќа. Од нашата мрежа Алонсо за Фернандез: Ништо веќе ...
Поранешната мис на Македонија Сања Николиќ го прослави 44-от роденден, а нејзиниот сопруг, раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика, јавно ѝ го честита среќниот ден. Раперот со страсен бакнеж на сцената ѝ го честиташе роденденот на Сања. Слаткар објави видео од концертот во Охрид, на кое во еден момент ѝ приоѓа на Сања и ја бакнува пред публиката. Снимката ја придружи со кратка љубовна порака: Од нашата мрежа Шоу на Мален ѝ донесе на Рома ...
Влегувањето на Марс во Рак и Уран во Близнаци може да донесе некои турбуленции, но во исто време ќе отвори врата кон нови можности и важни животни одлуки. Ова особено ќе влијае на двата знака на Зодијакот, кои се соочуваат со период што би можел да им го промени животот од корен. Од нашата мрежа Шоу на Мален ѝ донесе на Рома совршен почеток 8 часа kontra.mk Челси славеше во лондонското дерби против Фулам во спектакуларен натпревар 8 часа ...
Техеран денеска повторно ја предупреди членката на НАТО, Бугарија, да не дозволи користење на својата територија за израелски или американски воени операции против Иран, порачувајќи дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад. „Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Сепак, јасно дадовме до знаење дека секое дејствување кое според меѓународното право претставува поддршка за американско-израелската воена агресија врз ...
Земјоделските производители низ Европската Унија предупредија на нагол пад на приносите откако Европа летово беше погодена од неколку последователни топлински бранови. Економистите проценуваат дека загубите најверојатно ќе ги зголемат цените на храната во претстојните месеци. Од нашата мрежа КК „Соколи 1933“ – Штип ќе го пополни испразнетото место… 40 минути kontra.mk Почна тренерската клиника во Скопје 48 минути kontra.mk Швајцарската ...
Додека политичарите пред секој изборен циклус ветуваат подобар студентски стандард, студентите и понатаму се соочуваат со прашањето што навистина можат да си дозволат со средствата што им се обезбедени преку субвенционираниот студентски оброк. „Сумата од 140 денари дневно тешко е доволна за квалитетен оброк, а дополнителна пречка е и ограничениот број места каде студентите можат да платат со својата картичка“, вели за „Локално“ Петар ...
За безбедносните предизвици со кои се соочува Македонија, за развојот на Армијата и нејзините слабости, како и за тоа колку земјата може да се потпира само на сојузниците од НАТО во одбранбената политика, Лoкално разговараше со поранешниот амбасадор и министер за одбрана Лазар Еленовски Според него најголема слабост на одбраната е неусогласеноста межу визијата за модерна Армија и капацитетите кои ги градиме Тој смета дека е илузија ако ...
На 23.08.2026 во 11:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.Г.(27) од Сојузна Република Германија. При преглед во возилото кое го управувал била пронајдена и одземена марихуана. Од нашата мрежа Хрватскиот јавен сектор сè уште има повисоки плати од приватниот… 29 минути biznisinfo.mk УЈП потсетува: Наближува крајниот рок за поднесување и плаќање на… 38 минути biznisinfo.mk ...
Од Институтот за Позитроно емисиона томографија велат дека денес нема снимање, бидејќи не им биле доставени радиоизотопите потребни за работа на скен камерата, а дека очекуваат утре да продолжат со работа откако ќе ги добијат од Турција потребните радиофармацетици. Одговорните во ПЕТ центарот дадоа ваков одговор за „Локално“, откако претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека снимања на ПЕТ скен камерата имало ...
Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈО) во понеделникот испрати до Вишиот суд обвинителен предлог против четириесетгодишен српски државјанин под сомнение дека учествувал во руско-украинската војна како припадник на руските воени единици, за што е предвидена казна до пет години затвор. Според соопштението објавено на мрежната страница на ВЈО, постои оправдано сомнение дека Милош Н. од септември 2024 година до ноември 2025 година на ...
Венко Филипче очигледно се истрчал и се препознал во повикот на Левица за мобилизација на сите сили и граѓани кои сакаат општество поинакво од она што денес го нудат ДПМНЕ и сите политички сили кои досега владееле, изјави за „Локално“ Димитар Апасиев, претседател на политичката партија Левица. Тој ова го изхјави по денешната изјава на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека ќе ја примат Левица во Фронотот за вистината, ако оваа партија се ...
Норвешка ќе продолжи да ги развива своите ресурси на нафта и гас во Баренцовото Море без оглед на поддршката на Европската Унија за мораториумот за снабдување на Арктикот со јаглеводороди и повеќе не се смета себеси за „зелена батерија“ на Европа, изјави министерот за енергетика Терје Осланд за „Ројтерс“. По руската инвазија врз Украина во 2022 година, Норвешка стана најголемиот европски испорачувач на природен гас, задоволувајќи околу 30 ...
Жители од Иловица ја поддржуваат реализацијата на проектот за рудник за бакар, оценувајќи дека инвестицијата може да донесе нов економски импулс во југоисточниот регион. Според нив, отворањето на рудникот би создало можности за добро платени работни места и би помогнало младите да останат во својот регион наместо да се иселуваат. Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери и член на локалната иницијатива „И здравје и ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.08.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ...
Киевскиот режим отвори Пандорина кутија со нападите врз руската цивилна инфраструктура, па сега секојдневно се соочува со одмазда, а така ќе биде и во иднина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите. Одговарајќи на прашањето за нападите со дронови врз складиштата на Озон, тој рече: „Би ве упатил повторно на интервјуто на претседателот Путин од саботата. Тој јасно рече дека Украина се обидува да ја нападне инфраструктурата ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека обединувањето на опозицијата може да биде само околу јасни проевропски политики и Фронтот за вистина и правда, а Левица прво треба да се откаже од своите проруски политики и од Христијан Мицкоски. „Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изнесе тврдења дека Русија до крајот на оваа година најверојатно ќе мобилизира дополнителни 300.000 војници за да се обиде целосно да ја заземе источна Украина. Зеленски предвидува дека руските сили ќе ја завршат годината со истата количина окупирана територија како и на почетокот, и покрај огромните човечки загуби. Од нашата мрежа Европската Унија се соочува со прехранбена криза 26 минути ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...
Батерија ракети „Патриот“ во понеделникот се префрлува од островот Карпатос, на крајниот исток на Грција, на Крит поради иранските закани кон американските бази во Европа, известија грчките медиуми. Преместувањето започна во неделата наутро, известија неколку грчки медиуми, со фотографии на кои се гледаат ракетните системи поставени на камиони во пристаништето, пред нивното качување на брод. Од нашата мрежа Европа гори, а бројот на ...