Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Современо купувачко искуство и широк избор на технологија на една локација Нептун Македонија на 17 август 2026 година, со почеток во 12:00 часот, свечено ќе го отвори продажниот салон Нептун Чаир, лоциран во Retail Park Point на Булевар Македонско-Косовска бригада бр. 67, Чаир, Скопје. По повод свеченото отворање, од 17 до 19 август 2026 година, потрошувачите ги очекуваат попусти до 50%, подароци и ексклузивни понуди, подготвени специјално за ...
Научниците анализирале гигантски резервоар на водена пареа околу квазарот APM 08279+5255, кој содржи 140 билиони пати повеќе вода од сите океани на Земјата Повремено, вниманието ни го привлекува и некоја интересна научна приказна, а ова е токму една таква, пренесена од ScienceDaily. Во вселената постои резервоар на водена пареа, но не е сè толку едноставно како што звучи. Астрономските тимови открија гигантски резервоар на водена пареа околу ...
Gemini добива повеќе од десет нови интеграции со Connected Apps, кои овозможуваат резервирање, купување билети, закажување услуги и други задачи во име на корисникот Gemini добива повеќе од десет нови апликации и станува вистински дигитален асистент, бидејќи Google го проширува системот Connected Apps со дополнителни сервиси кои овозможуваат вештачката интелигенција да не остане само на разговор и давање одговори, туку да му помогне на ...
Galaxy S27 Ultra според најновите навестувања ќе остане без променлива бленда, а Samsung би можел да ја отстрани и 3x телефото камерата од системот на камери Според најновите информации, Samsung се откажал од планот Galaxy S27 Ultra да добие променлива бленда, иако претходно се споменуваше дека компанијата размислува за враќање на оваа технологија како одговор на очекуваните подобрувања на камерите кај серијата iPhone 18 Pro. Според ...
Постојат работи во домот што ги избираме еднаш и ги задржуваме со години. Гарнитурата, трпезариската маса, можеби дури и бојата на ѕидовите. Но уметноста не мора да биде една од нив. Понекогаш нѐ привлекува нешто смирено и ненаметливо, речиси како природно продолжение на ентериерот. Друг пат,сакаме токму ѕидот да биде првото нешто што ќе го забележи секој што ќе влезе во просторот. А понекогаш е доволно да се смени само едно дело за целата ...
Вештачката интелигенција сè почесто се користи за анализа на био-сигнали што ги мерат уредите за носење, како што се паметните часовници. Преку препознавање значајни обрасци во здравствените податоци, вклучувајќи сон, срцев ритам и физичка активност, вештачката интелигенција им помага на корисниците подобро да го разберат и да управуваат со своето здравје. На Здравствениот Форум („Health Forum“), одржан во рамките на Galaxy Unpacked настанот ...
На 30 септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на нови компетенции“. Конференцијата ја организираат Германската стопанска комора во странство и Хајделберг Факултет – Скопје, во партнерство со Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ, ...
Instagram претстави нов изглед на својот препознатлив wordmark, заменувајќи го курзивниот фонт што го користеше во изминатата деценија. Новото лого е комбинација од курзивни и класични букви, со поедноставен и помодерен изглед. Сепак, промената веднаш предизвика реакции кај корисниците, особено поради начинот на кој изгледаат одредени букви во новиот wordmark. Дел од корисниците забележаа дека наместо „Instagram“, логото на моменти изгледа ...
Неодамна Евростат објави податок што изгледа како мала статистичка промена: 16,5% од населението во Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користи тутун или сродни производи: цигари, електронски цигари, никотински ќесички или загреани тутунски производи. Во 2022 година тој удел изнесувал 17,5%. Значи, има пад. Но, вистинската приказна зад оваа статистика не е во еден процентен поен, туку во фактот дека Европа не се ...
Microsoft ги спојува Copilot и Microsoft 365 Copilot во една апликација, со заеднички интерфејс за приватни и деловни сметки и помалку дуплирање во Windows Microsoft ги спојува сите Copilot апликации во една супер-апликација, со што конечно би требало да исчезнат дуплираните икони од Windows, бидејќи компанијата започнува со обединување на Copilot асистентот за обични корисници и деловната апликација Microsoft 365 Copilot. Новата обединета ...
Apple Watch Ultra 4 и Series 12 пристигнуваат во септември со нов чип, подобри перформанси и можни унапредувања на здравствените функции. Apple во текот на септемврискиот настан, заедно со новите модели на iPhone, ќе ја претстави и новата генерација на своите паметни часовници. Се очекуваат Apple Watch Ultra 4 и Apple Watch Series 12, а досегашните информации укажуваат на нов чип, подобри перформанси и дополнителни унапредувања на ...
Honor 600 серијата им носи на почетниците совети за мобилна фотографија поддржана со вештачка интелигенција Над долината се движат облаци, светлината се пробива низ нив само неколку секунди и глетката целосно се менува. На повеќето луѓе им се случува ваквите моменти да поминат пред да ја подготват камерата. Со HONOR 600 серијата, ваквите сцени можете да ги забележите токму онака како што се случуваат, додека вештачката интелигенција дискретно ...
Компанијата Virgin Galactic потврди дека го одложува првиот комерцијален лет на своето вселенско летало за февруари следната година. Virgin Galactic веќе извесно време ги развива своите вселенски летала од класата „Delta“. Компанијата дури престана да нуди патувања во суборбиталниот простор во 2024 година, по седум успешни комерцијални летови, за да се фокусира на своето возило од новата генерација. Во меѓувреме, компанијата ја подготвуваше ...
Компанијата Heart Aerospace соопшти дека успешно е изведен првиот лет на прототипот на нејзиниот целосно електричен авион, демонстраторот X1. X1 полета од меѓународниот аеродром Платсбург во сојузната држава Њујорк и леташе 27 минути, достигнувајќи височина од 1.100 стапки (335,28 метри), при што целосно ја користеше енергијата од своите батерии. Од Heart додаваат дека за целиот лет, вклучувајќи ги полетувањето и слетувањето, биле потрошени ...
Едукативниот ден е дел од подготовките на македонската делегација за настапот на најголемиот медитерански спортски собир, кој ќе се одржи од 21 август до 3 септември во Таранто, со цел спортистите да добијат дополнителни знаења за полесно справување со предизвиците што ги носи настапот на голем меѓународен спортски настан Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, ...
Spotify најави нова ознака за AI изведувачи наречена „AI Persona“, која има за цел да им сигнализира на слушателите дека идентитетот на изведувачот можеби е генериран со вештачка интелигенција и дека „не претставува вистинска личност“, соопшти компанијата. Ознаката ќе почне да се појавува во средината на септември. Интересно е што ова нема да се применува само на профилите на изведувачи кои самите ќе се означат како AI Persona, туку Spotify ...
Компанијата Google разви модел за превод на знаковен јазик, кој може сложените движења на телото да ги претвори во текст, користејќи повеќе од 100.000 часа податоци од повеќе од 50 знаковни јазици. Технологијата, наречена sign-language-to-text (SL2T), сега преминува од истражувачка фаза кон уреди наменети за корисниците, почнувајќи со американскиот знаковен јазик (ASL) на моделот Pixel 11. Моделот овозможува нови функции за превод од знаковен ...
Xiaomi го претстави HyperOS 4, новата верзија на својот оперативен систем, која носи значително редизајниран кориснички интерфејс, нови можности за персонализација и повеќе функции базирани на вештачка интелигенција. HyperOS ажурирањата не се директно поврзани со верзиите на Android. Xiaomi во моментов го пласира Android 17 како HyperOS 3, додека HyperOS 4 најверојатно ќе биде базиран на истата основа. Нов „стаклен“ дизајн Една од најголемите ...
Граѓаните кои планираат да вложат во подобра изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија, можат да добијат финансиска поддршка и грант до 20% од вредноста на инвестицијата. НЛБ Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој обезбеди нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра, наменета за поддршка на домаќинствата кои ...
Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава. Наградната ...
Tap to Share засега е достапен на Pixel уредите и на неодамна претставените преклопни телефони на Samsung, а Google до крајот на годината ќе ја прошири поддршката и на други уреди. Google официјално ја претстави функцијата Tap to Share, нов начин за едноставно споделување контакти, фотографии и видеа помеѓу Android уреди. Станува збор за функција за која веќе извесно време се шпекулираше како алтернатива на NameDrop на Apple. Како што се ...
При крајот на вчерашната презентација на Robot Phone, Honor објави тизер за претстојната серија Magic9. Брендот потврди дека серијата Magic9 ќе биде претставена во септември, што е еден месец порано во споредба со минатогодишната серија Magic8. Тизерот открива дел од модулот на камерата на Magic9 или Magic9 Pro, кој се чини дека е поставен асиметрично, во аголот на задната страна. Се забележуваат и неколку други интересни детали. Прстенот ...
Apple наводно договорил значително пониски цени за OLED дисплеите за претстојните модели iPhone 18 Pro, но растечките трошоци за RAM меморијата би можеле сепак да доведат до поскапување на новите телефони. Apple успеал да обезбеди пониски цени за OLED-екраните за претстојната серија iPhone 18 Pro, според информации од индустриски извори цитирани од јужнокорејскиот DealSite. Според извештајот, Apple на Samsung и LG ќе им плаќа околу 68 долари ...
iPhone Ultra би можел прво да се појави во продажба во САД, додека Кина и другите клучни пазари би чекале уште два до три месеци iPhone Ultra би можел да има постепено лансирање по пазари, при што првиот бран на продажба би бил ограничен само на САД. Според најновите информации од австралиски извори, Apple би можел да го претстави својот прв преклопен iPhone заедно со моделите iPhone 18 Pro во септември, но продажбата не би започнала ...
Пред изградбата на Меѓународната лунарна истражувачка станица (ILRS), Кина планира да отвори ново поглавје во истражувањето на вселената со испраќање роботски кучиња, новите и подобрени „најдобри пријатели“ на човекот на површината на Месечината за да спроведуваат истражувања, па дури и да им помагаат на луѓето да се населат таму. Пред тој сон да стане реалност, човештвото треба да изгради нови комуникациски и навигациски системи од нула, ...
Кинески маглев модел со маса од околу 1,1 тон достигна брзина од 800 км/ч за 5,3 секунди на тест-пруга долга еден километар и постави нов рекорд. Кинески маглев модел достигна брзина од 800 км/ч за само 5,3 секунди на тест-пруга долга еден километар во лабораторијата Донгху во провинцијата Хубеи. Експерименталното возило, со маса од околу 1.110 килограми, користи магнетна левитација и електромагнетен погон, поради што се движи без контакт ...
Замислете човек што ги искачил сите скалила што општеството ги нарекува „успех“. Од дете растено во сиромаштво, во дом скршен од алкохол и насилство, до факултет, постдипломски студии, врвен менаџмент во домашни и странски компании, па сопствено претприемништво, финансии и инвестиции. И тогаш, кога веќе имал сѐ што „треба да те направи среќен“, Зоран Салопек направил нешто што малкумина би се осмелиле. Ги продал своите компании и слегол од ...
Денот поминат покрај море, езеро или базен бара добро спакувана торба. Покрај кремот за сончање, пешкирот и шишето вода, добро е да понесеме и неколку практични ужини. Најдобар избор се производите што не бараат подготовка или прибор, лесно се носат и може да се консумираат во секој момент. За летните денови издвојуваме три предлози од Виталиа: Elements чипс за крцкава пауза со друштвото, пробиотски колачиња без додаден шеќер кога сакаме ...
Google Gemini надмина една милијарда месечно активни корисници, а повеќе од 100 милиони го користат преку iOS платформата Google Gemini надмина бројка од една милијарда месечно активни корисници, со што стана еден од најбрзорастечките производи во историјата на компанијата. Со тоа Gemini стана 14-тиот Google сервис што влезе во „клубот на милијарда корисници“, заедно со производи како Google Search, Gmail, Google Maps и YouTube. Google ...
Очилата за инфрацрвен вид го претвораат инфрацрвеното зрачење во бои што човечкото око може да ги види, без да го блокираат нормалното видно поле. Инфрацрвените очила за вид, развиени од инженерите на Пекиншкиот институт за технологија, му овозможуваат на корисникот истовремено да ја гледа вообичаената слика од околината и инфрацрвеното зрачење кое природно е невидливо за човечкото око. Прототипот користи квантни точки и OLED слој вграден ...