Инвестицискиот фонд на Даниел Ек, основачот на Spotify, ќе одвои 600 милиони евра за германскиот стартап Helsing. Со оваа инвестиција Helsing стана еден од највредните технолошки стартапи во Европа. Најголем инвеститор во оваа рунда е Prima Materia, фонд основан од основачот на Spotify, Даниел Ек и Шекил Кан. Покрај нив, во стартапот инвестираа и постоечките инвеститори Lightspeed Venture Partners, Accel, Plural, General Catalyst и Saab. ...

Во последните моменти пред да му биде изречена казна во Европа, Apple се одлучи да направи некои отстапки во преговорите со ЕУ. Главна причина поради која компанијата се одлучи да преговара се ригорозните казни кои ќе ги изречеше Европската Унија. Apple веќе плати казна од 500 милиони евра. Сепак ако Унијата процени дека компанијата не ги направила потребните промени казните може да бидат значително поригорозни. Максималната казна која Apple ...

Германските власти побараа од популарните продавници за апликации како Google Play и AppStore да ја отстранат DeepSeek од понудата за корисниците од Германија. Германскиот комесар за заштита на податоци Меике Камп побара од Google и Apple во најкус рок да одлучат по нивното барање. Засега нема директни показатели дека DeepSeek ги злоупотребува податоците во смисла на продавање или споделување со несоодветни трети страни. Главната загриженост ...

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го доби проектот “ВЕЗИЛКА : Национална ВИ Фабрика Антена на Северна Македонија”, кој е избран за финансирање во рамките на иницијативата EuroHPC и програмата Horizon Europe. Институционални поддржувачи на проектот се Министерството за дигитална трансформација (МДТ) и Владата на РСМ. Вкупна вредност на проектот е околу 6 ...

Ова е гостински текст на Бојан Кордалов, виш експерт за стратешки комуникации, јавни политики и дигитална трансформација/ВИ писменост. Тој има над 20 години искуство во областите на ЕУ видливост, односи со јавност и стратешки консалтинг. Во моментов, Бојан Кордалов е директор за креирање политики и комуникации во Европскиот Центар за Извонредност (ECE) во Брисел. Повеќето луѓе го ажурираат своето CV или LinkedIn профил само кога им треба нова ...

Американскиот технолошки гигант Nvidia и германскиот телекомуникациски лидер Deutsche Telekom објавија партнерство вредно една милијарда евра за изградба на модерен центар за податоци наменет за вештачка интелигенција во Минхен. Проектот, наречен “Industrial AI Cloud”, има за цел да ја зголеми германската компјутерска моќ за AI за 50 проценти. Новиот центар, чие пуштање во работа се очекува во првото тромесечје на 2026 година, претставува ...

Од денеска па се до 24 ноември, во организација на Мрежата на медиумска писменост, по седми пат ќе се одржат Деновите на медиумска писменост 2025. Членките на Мрежата и нивни поддржувачи, ќе организираат повеќе од дваесетина настани на различни локации низ целата држава, а некои настани ќе се одржат и онлајн. На овој начин нашата земја се приклучува кон Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. На денешната ...

Во истата недела кога Елон Маск објави дека xAI е нов сопственик на X, нови 200 милиони корисници може да си ги видат своите јавно достапни податоци на интернет. Со овие податоци јавно достапни се 2,8 милијарди Twitter ID, што е своевиден неславен рекорд вели онлајн корисникот The Thinking One, кој ги сподели овие податоци. Податоците се објавени на онлајн форум за протечени податоци. Според засега непотврдените информации, ова го прави ...

Корисниците на Gmail се потенцијални жртви на нова и опасна закана. Напаѓачи успеваат да ја заобиколат безбедносната заштита на Google Mail. Заканата за корисниците на Google доаѓа во исто време со најавата на Microsoft дека од 5 мај ќе воведе построга автентикација на електронската пошта. Во случајот на Gmail нападите се особено непријатни бидејќи ја искористуваат довербата во Google и неговата инфраструктура, што ги прави тешки за ...

Франција и официјално ја обвини руската воена разузнавачка служба (ГРУ) за серија сајбер-напади насочени кон земјата во изминатата деценија. Во овие напади се вклучени нападите врз организирањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година и претседателската кампања на Емануел Макрон во 2017 година. „Франција најстрого го осудува користењето на руската воено разузнавачка група APT28 за сајбер напади врз француските интереси.“, вели ...

Американскиот суд донесе пресуда во корист на компанијата Meta. Судот им додели речиси 168 милиони долари отштета од израелската компанија за шпионски софтвер NSO Group. Оваа пресуда е резултат на петгодишна правна битка поради инцидентот од мај 2019 година. Тогаш телефоните на над 1400 корисници на WhatsApp беа заразени со шпионски софтвер. „За потсетување, пред шест години, нашите инженери открија и спречија напад од NSO користејќи ја ...

Google Threat Intelligence Group (GTIG) објави дека открила напредна кампања за сајбер-напади насочена кон SonicWall Secure Mobile Access (SMA) 100 серијата уреди, кои се користат за безбеден далечински пристап во корпоративни мрежи. Оваа кампања, водена од групата означена како UNC6148, користи новооткриен малициозен софтвер наречен OVERSTEP, кој функционира како заден влез и кориснички rootkit. SonicWall е водечка компанија за ...

Microsoft објави дека две познати кинески хакерски групи, Linen Typhoon и Violet Typhoon, заедно со уште една кинеска група позната како Storm-2603, активно ги искористуваат таканаречените „zero-day“ ранливости во SharePoint серверските системи. Овие напади, кои започнале уште на 7 јули, се насочени кон сервери достапни преку интернет, а зафатиле повеќе од 100 организации ширум светот, вклучувајќи владини институции, телекомуникациски ...

Апликацијата Tea, создадена со цел да им помогне на жените да се чувствуваат безбедно при онлајн запознавањата, се соочи со сериозен сајбер напад кој ги изложи личните податоци на илјадници кориснички. Оваа апликација, која брзо се искачи на врвот на листите за преземање во САД, беше замислена како безбеден простор каде жените можат анонимно да споделуваат информации за мажи со кои се среќаваат, но неодамнешниот напад ја доведе во прашање ...

Американскиот технолошки гигант Nvidia неодамна излезе со официјална изјава со која ги демантира шпекулациите дека нивните производи содржат задни врати, „убиствени прекинувачи“ (kill switches) или шпионски софтвер. Според Nvidia, ваквите тврдења не само што се неосновани, туку и го поткопуваат кредибилитетот на американската технолошка индустрија. Дали се губи довербата во американската технологија Гласините за потенцијални задни врати во ...

Google предупредува на шокантна закана: измамници се инфилтрираат во сумирањата направени од вештачка интелигенција (ВИ) на Google и ги полнат со лажни телефонски броеви за да ги ограбат корисниците. Оваа нова форма на “search engine poisoning” експлодираше откако Google ја лансираше AI Overview функцијата во мај 2024 година, а сега предизвикува паника меѓу милиони корисници ширум светот. Според ZDNet, измамниците ги манипулираат алгоритмите ...

Силиконската долина, центарот на технолошка иновација и милијардерски соништа, стана ново бојно поле за шпионажа. Не со хакерски алатки или тајни агенти во сенка, туку со класична, но софистицирана тактика: привлечни жени регрутирани за да заведуваат извршни директори, да склучуваат бракови и да извлекуваат чувствителни информации. Оваа “секс војна”, како што ја нарекуваат американските контраразузнавачи, е систематска кампања предводена од ...

Истражувачи од Универзитетот во Виена открија критична безбедносна ранливост во WhatsApp која им овозможила пристап до телефонските броеви на речиси секој корисник на оваа платформа за размена на пораки. Експлоатацијата на оваа грешка им дозволила на истражувачите да идентификуваат 3,5 милијарди активни профили низ 245 земји, што ја прави оваа инцидентна најголемата документирана изложеност на телефонски броеви досега. Најзагрижувачкиот ...

Јужнокорејскиот гигант за е-трговија, Coupang Inc., често нарекуван „Amazon на Јужна Кореја“, се најде во центарот на масовен скандал кој може да прерасне во најголемиот пробив на податоци во историјата на земјата. Властите започнаа истрага откако беше откриено декапротекле личните информации на околу 33.7 милиони кориснички сметки неовластен пристап. Оваа бројка е фрапантна, со оглед на тоа што Јужна Кореја има 51.7 милиони жители, а ...

Бришење на Facebook, Instagram и Threads, како и алтернативи на овие друштвени мрежи се дел од најпопуларните пребарувања на Google. Трендот е актуелен по најавата на Марк Закерберг дека Meta ќе ја промени досегашната политика со независна проверка на факти, ќе го намали модерирањето на содржина и ќе ги укине ограничувањата на политичка содржина во фидот на корисникот. Гостувањето кај Џо Рогaн, нападите врз Apple, не помогнаа за враќање на ...

Колку и да изгледаше неверојатно пред неколку месеци, остануваат уште само неколку дена за TikTok во САД. Компанијата е подготвена да се „изгаси“ од пазарот во САД, ако до крајот на неделата Врховниот суд на го блокира законот. Ова е поригорозно од решение од она кое TikTok требаше да го направи. Законот бараше од компанијата да го забрани преземањето на апликацијата од нови корисници. Корисниците кои веќе ја преземале апликацијата ќе можеа ...

Социјалната мрежа X (поранешен Twitter) започна пилот-програма која овозможува AI ботови да генерираат свои Community Notes на објавите. Овој чекор, кој стартува од 1 јули, претставува обид значително да се прошири опфатот на Community Notes, системот за додавање контекст и проверка на факти на објавите од заедницата. Компанијата верува дека автоматизацијата може да помогне да се создадат многу повеќе вакви забелешки, бидејќи досега човечките ...

Според објавата на официјалниот блог на Bluesky, платформата воведе нова функционалност, Activity Notifications, која им овозможува на корисниците да добиваат известувања (push и in‑app) од одредени профили по сопствен избор. Ова е една од трите главни новости заедно со проширените опции за управување на нотификациите и известувањата за допаѓања и реобјави на ваши содржини. Како функционира Activity Notifications? Извор: Bluesky Корисниците ...

Технолошкиот свет деновиве е „потресен“ од неочекуван скандал кој се случи на концерт на бендот Coldplay во Бостон и за време на кој „kiss cam“ фати момент кој брзо стана вирален и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Во центарот на вниманието се најдоа Енди Бајрон, извршен директор на технолошката компанија Astronomer, и Кристин Кабет, главен директор за човечки ресурси во истата компанија. Она што требаше да биде забавен момент ...

Апликациите за запознавање, кои некогаш беа револуционерен начин за поврзување на луѓето, сега се соочуваат со нов предизвик: заморот од постојано „свајпување“ кај Gen Z. Според неодамнешни истражувања, младите корисници се чувствуваат преоптоварени од бесконечните профили и разговори, што резултира со таканаречен „замор од запознавање.“ За да го решат овој проблем и да го надминат постпандемиското забавување на растот, големите играчи во ...

OpenAI, компанијата што стои зад револуцијата со ChatGPT, влегува во арената на социјалните медиуми со лансирање на нова, самостојна апликација. Името на апликацијата е „Сора“ (Sora), и е дизајнирана како директен конкурент на TikTok и Instagram Reels, но со една клучна разлика: целата содржина се генерира со вештачка интелигенција. Овој потег го означува првиот голем обид на OpenAI да се позиционира како платформа за корисничка содржина, ...

Популарната социјална мрежа Instagram, која е во сопственост на Meta, ја воведува новата и долгоочекувана функција „Историја на гледање“ (Watch History). Овој потег е директен одговор на фрустрациите на корисниците кои со месеци се жалеа дека е речиси невозможно да се пронајде видео од Reels откако случајно ќе се скролува преку него. Извршниот директор на Instagram, Адам Мосери, ја потврди новата функција, истакнувајќи дека таа е дизајнирана ...

Експлозивниот раст на TikTok Shop ја претвори платформата од забавен тренд во сериозен играч на глобалната дигитална сцена, достигнувајќи обем кој сега е споредлив со долгогодишниот гигант eBay. Она што започна како платформа за кратки видеа и танци, брзо мутираше во моќна машина за трговија. TikTok Shop, кој им овозможува на корисниците да купуваат производи директно од видеата, лајв стримовите и профилите на креаторите, стана еден од ...

Социјалната мрежа X (поранешен Twitter) официјално ја лансираше една од најочекуваните, но и најконтроверзните функционалности во последните години. Новата опција “За овој профил” (About this account) им овозможува на корисниците да видат од која земја потекнува одреден профил, предизвикувајќи бура на реакции низ целата платформа. Функцијата, која почна да се дистрибуира глобално оваа недела, се пристапува едноставно преку кликнување на ...

Австралија направи чекор кој многумина го нарекуваат најрадикална интервенција на една држава во начинот на кој функционира интернетот. Федералниот парламент на земјата го усвои законот со кој се забранува пристап до социјалните мрежи за деца под 16 години. Оваа мерка, која е една од најстрогите од овој тип во светот, има за цел да го заштити менталното здравје на младите, но истовремено отвора низа прашања за приватноста, техничката изведба ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
2.06
86%
1015
weather icon

Белград

-10ᴼ / -12ᴼ
0.51
92%
1011
weather icon

Загреб

-3ᴼ / -7ᴼ
1.03
86%
1008
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
1.03
68%
1014
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
3.05
78%
1010
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -5ᴼ
2.57
97%
1007
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
2.68
51%
1015
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
74%
1016
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
5.14
84%
1007
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -8ᴼ
1.34
85%
1008
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
51%
1011
Currency

61.555

Currency

52.853

Currency

70.9578

Currency

35.3623

Currency

38.0917

Currency

66.0649

Currency

7.56297

Currency

0.65614

Currency

0.33649

Currency

0.5246

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Платина

69516.08

Сребро

2439.02

Злато

142522.91

Паладиум

54399.06

Иридиум

169549.30

Бакар

11.67

Цинк

3.17

Рутениум

44142.98

Родиум

316684.85

Калај

44.87

Алуминиум

3.10

Кобалт

59.52