Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
После спектакуларното отворање, уште во првите денови најсовремениот Веро Џамби маркет стана омилената дестинација во „Gevgelija Mall“. Со огромна посетеност и во празнична атмосфера, сместен во новоотворениот трговски центар, реномираниот бренд ја реализираше својата голема инвестиција во јужниот регион, носејќи светско шопинг искуство за локалното население. Отворањето помина во знакот на семејната забава и радоста. Најмладите посетители ...
На 13 декември 2025 година, редакцијата на „Трн“ по втор пат ги додели своите симболични признанија за иницијативи, колективи и поединци кои со својата работа, ангажман и храброст придонесуваат кон поинклузивно, поправедно и посолидарно општество. Со овие награди, редакцијата на „Трн“ уште еднаш испрати јасна порака дека општествените промени не започнуваат од големите декларации, туку од конкретни дела, локални иницијативи и луѓе кои ...
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови дестинации од скопскиот аеродром – Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје од ...
Продолжува отстранувањето на билбордите, рекламните паноа и другите рекламни материјали од Железничката станица Скопје, објави на својот Фејсбук статус, директорот на ЈП „Македонски железници“, Синиша Ивановски. „Денеска се отстранети билбордите над булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ од двете страни, и од кај Аеродром и од кај Центар“, напиша директорот на претпријатието. Следните викенди, информира Ивановски, ќе продолжат активноститете за ...
Театар Чекори ја најавува премиерата на „Уште еден среќен ден“, инспирирана од легендарната драма „Среќни денови“ на Семјуел Бекет; апсурд кој зборува за човекот, неговата судбина и упорноста да се најде светлина дури и во најтемните денови. Во режија на Снежана Коневски Руси, со Маја Ѓурчевска и Никола Димевски во главните улоги, претставата отвора едно поинакво видување: наместо заробена во хумка, нашата Вини е заробена во костими; сеќавања ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода во петок, 5 декември 2025 година, ќе ја одржи прес-конференцијата со која официјално ќе започне деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, посветена на јакнењето на демократската отпорност во услови на засилени хибридни операции, дезинформациски кампањи и глобална нестабилност. Настанот ќе се одржи во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, со почеток во 11:00 часот, на македонски и ...
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија на булевар „Александар Македонски“, од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, попладнево информираат дека утре ќе се врши технички зафат, па делови од скопската територија ќе останат без вода за пиење. – Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места: булевар „Александар Македонски“, дел од улицата „808“, дел од ...
Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град “ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена на системот предвидена за почетокот на следниот месец. Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни. Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема ...
Краткиот Фестивал на австралиски филм ќе се одржува денеска и утре во Кинотека на Македонија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија. Организатори се Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија. Публиката вечер, во 20:00 часот, ќе може да го погледне австралискиот филм „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners) на ...
На сцената на Македонската опера и балет, вечер ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе настапи светски познатата оперска дива Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и оркестарот на МОБ, под диригентската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Дејан Прошев. Инва Мула, сопран е едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Родена во уметничко семејство во Албанија, таа многу рано го започнува ...
Сеопфатни обуки за градење на капацитети веќе се спроведуваат во рамки на ЕУ-проектот „Поддршка на системот за обезбедување квалитет на социјалните услуги“, како дел од тековните напори за унапредување на мониторингот, евалуацијата и обезбедувањето квалитет на социјалните услуги низ целата земја. Овие обуки се наменети за претставниците од јавните и приватните лиценцирани даватели на социјални услуги, центрите за социјална работа, единиците ...
Во петок ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР. Во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни ...
Од ЈП „Лајка“ информираат дека се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. Посочуваат дека и покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето. -Ова се само девет од кучињата заловени во последниот период, кои имаат сопственик ...
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, а кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин ...
Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи, пренеува ДПА. Измамничките веб-страници имитираат легитимни интернет-продавници, т.е. примаат уплата на пари – но купената стока никогаш не пристигнува. Следствено, застапниците на потрошувачите велат дека големите ...
Во септември годинава во земјава биле регистрирани 132.999 туристи, кои заедно оствариле 262.686 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од нив, 24,6 % се домашни, а 75,4 % странски туристи. Гледано според бројот на ноќевања, домашните туристи учествуваат со 31,8 %, додека странските со 68,2 %. Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 5,8 % во споредба со истиот период лани. ...
Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика. Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7. 124. 419 илјади денари, што е ...
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени. „Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот“, напиша Арсовска во својата објава, додавајќи дека градоначалникот треба јавно да ги објави сите фирми со долг, заедно со фактурите и датумите, „за да знае народ ...
Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението и најави дека од вечерва почнува голема акцијата за чистење на градот, како што вети во предизборната кампања. – Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја. Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам одговорно, посветено и силно, со јасна визија, конкретни ...
Деновиве веќе е објавен јавен повик за прибирање понуди за изработка на идеен проект, основен проект со сите фази, како и проект за ентериерно уредување за трите хотели, на кој се повикуваат да достават понуди сите овластени проектантски бироа. Откако неодамна случајни минувачи можеа да забележат дека се отворија вратите на хотелот „Бристол“ на улица Македонија, затворен повеќе од една деценија, и дека во него нешто се работи, сега од ...
Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на Скопје откако победи на Локалните избори 2025 како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“. На функцијата прв човек на главниот град, која ќе ја преземе со добивање на уверението од ДИК, стапува по четиригодишниот градоначалнички мандат во скопската општина Кисела Вода (од 17 октомври 2021) и со искуство како претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). ...
Дефинирање визуелно загадување/оптоварување Визуелното загадување претставува чин на нарушување на јавните површини преку неселективно и произволно загушување на просторот со различни елементи. Елементите што не се во склад со околината и се издвојуваат по својата одвоеност негативно влијаат врз архитектонската и функционалната целина на градот. Ваквата состојба предизвикува јавниот простор да стане визуелно хаотичен, без изразен идентитет, ...
Министерството за здравство информира за усвоените препораки и мерки од Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) во врска со актуелната состојба со отпадот во Скопје. Препораки до населението: Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфициенс за раце после фрлање на отпад); Совесно одлагање на отпадот (во контејнерите, кабастиот отпад на соодветен начин а не во контејнерите и сл.) Внимателно ракување, ...
Добредојдовте во Скопје, град на ѓубрето и молкот, каде секое ќоше е галерија, а секој контејнер – уметничка инсталација. Главна туристичка атракција 2025: урбана инсталација од отпад, со отворен термин секое утро, бесплатен влез и задолжителен смрдеж. Уметноста на занемарувањето шири реа на секоја улица, под покровителство на властите со слоганот „ќе средиме наскоро“. Во главниот град на Републиката Ѓубре граѓаните се уметници, а властите — ...
Орце Ѓорѓиевски Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и Амар Мециновиќ од Левица, ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје, закажан за 2 ноември. Според најновите податоци објавени утрово од Државната изборна комисија (ДИК), обработени се 100 отсто од избирачките места во Скопје. Ѓорѓиевски води со 39,43 % од гласовите, односно 91.582 гласа, додека Мециновиќ има 13,20 % или 30.659 гласа. На третото место е кандидатот на ...
Естетиката на нашето дело доби невообичаен печат и поради оркестрацијата, преку која на сликовит начин користејќи различни специјални ефекти и техники на свирење ги оживеавме ветерниците, витештвото на Дон Кихот, љубовта, страдањето, страста, како и триумфот на доброто над злото. Не само што уживавме во процесот на создавање, туку и нѝ беше еден вид на терапија, зацелување и мотивација да ги надминеме предизвиците во нашиот личен живот ...
На 8 октомври (среда) во Културно-информативниот центар со почеток во 20 часот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт со наслов „Кругови“. Централен дел од програмата на концертот се четирите пиеси со истоимен наслов, чиј автор е пијанистот и композиторот Дино Имери. Иванова премиерно ќе ги изведе неговите: „Ни ваму ни таму“, „Валцерот на Миро“, „Мајка“ и „Дрво“. На програмата ќе бидат изведени и дела од македонскиот композитор и аранжер ...
Во недела во Скопје ќе важи привремен режим на сообраќај, поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон. На оваа спортска манифестација ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земј,. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот. Целта на сите трки е на Плоштад ...
Македонската филхармонија в четврток во 20 часот ја почнува новата концертна сезона со концертот насловен „Класика РеСтарт“ на кој како солист ќе настапи врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски. На програмата се дела од Бете Илин, Едвард Елгар и Антонин Дворжак. Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери денеска на прес-конференција рече дека новата концертна сезона 2025-2026 ...
На свечена церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во група на светски дестинации кои се препознаени по развојот на одржливиот туризам како главен двигател на локалниот економски развој. Како што се истакнува во соопштението од ИМЕ (Increasing Market Employability Program – IME), ваквото признание е резултат на долгогодишнниот, заеднички и посветен ...