Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Николија Јовановиќ, ќерката на Весна Змијанац, на својот Инстаграм откри дека се повредила. Српската пејачка во објавата откри дека ногата ѝ е во завои откако имала мала незгода. Таа покрај фотографијата од ногата објасни што всушност се случило. „Успеав да ја истегнам петицата… А, како сте вие денес“, напиша Николија, која објави фотографија од својата нога во завои. Загрижените обожаватели веднаш одговорија на нејзината приказна и ѝ ...
Српската водителка Јована Јеремиќ се огласи со емотивна порака за својот покоен татко, поттикната од неодамнешниот преглед кај кардиолог. „Татко мој, денес се сетив на тебе додека докторот ми го прегледуваше срцето. Ми рече дека вакво нешто нема видено, кај обичен човек параметарот е 40 проценти, а кај мене е 70. Му реков: ’Тоа е на татко ми, само тој имаше толку големо и силно срце‘. Ти благодарам што ми ги остави овие гени“, напиша таа. ...
Важат за мирни, кротки и питоми отсекогаш, а сега Стефан и Мартин од познатото дуо „Некст тајм“ седнаа на полиграф и проговорија за многу приватни работи. Меѓу бројните прашања водителот Стефанатор на двајцата засебно им го постави истото прашање: „Дали е точно тоа дека сте биле со иста девојка?“ Мартин за ова прашање веднаш одговори потврдно. – Да, тоа беше многу одамна, млади бевме, можеби 17-18 години. Девојката прво дојде мене, ме баци, а ...
Популарниот актер Милош Биковиќ со години ужива во љубовта со адвокатката Ивана Малиќ. По околу две години врска, двојката се зема, а не долго потоа, на 9 јануари 2024 година, добија син кого го крстија Василије. Сега Биковиќ ги искористи своите слободни моменти за да ужива на црногорскиот брег во Бар, каде што беше фатен во моменти со својот син. Актерот беше лежерно облечен во розова кошула со кратки ракави и бели шорцеви, додека на лицето ...
Македонската песна „Македонско девојче“ се слушна и во Јапонија, во изведба на оперски пејачи кои на публиката ѝ претставија дел од македонската музичка традиција. Познатата песна ја изведоа јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу и членовите на „Менс Клаб оф Токио Опера“ од Токио, а особено интересно е што ја отпеаја на македонски јазик. За јапонските музичари ова не е прва средба со музиката од Балканот. Тие веќе подолго време пројавуваат ...
Младата скопјанка Ана Колевска е 14-годишна танчерка со светска кариера, гордост на Македонија. Таа започнала со танцот уште од многу рана возраст, а како што вели во интервју за „Слободен печат“, со танцот активно се занимава веќе девет години. -Прво одев на класичен балет, но не се пронајдов во таа сала. Со мајка ми баравме друга алтернатива за мене и отидовме на едen час во „Ритам плус“. На почетокот се плашев како ќе биде, дали ќе се ...
Анѓела Игњатовиќ позната како Бресквица и нејзиниот поранешен партнер Немања Станисављевиќ со години важеа за еден од најскладните млади парови на српската сцена. Нивната љубовна приказна траеше дури пет години, а за време на врската не криеја дека прават големи планови за заедничката иднина. Нивната врска заврши, а од заедничките планови денес останаа само спомени, но и една исклучително луксузна недвижност која своевремено ја подготвувале ...
Македонската мисица Ева Величковска престојуваше во Истанбул пред да отпатува за Виетнам, каде што ќе ја претставува Македонија на меѓународниот избор за убавина „Мис на светот 2026“. Дваесетгодишната Величковска, која годинава ја освои титулата „Мис на Македонија“, сподели повеќе фотографии од посетата на турската метропола. Таа престојувала во Истанбул по повод свадбена прослава, а слободното време го искористила за прошетки и разгледување ...
Дражен Шолц (65), поранешниот тапанар на „Парни ваљак“, „Прљаво казалиште“, „Филм“ и други бендови, е осуден на четири и пол години затвор поради сообраќајна несреќа во 2017 година во која усмртил пешак. Шолц е осуден поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртна последица, како и бегство, односно непружање помош на жртвата. Шолц е двапати неправосилно осуден поради тоа што на улицата Илица во Загреб во 2017 година соборил пешак на ...
Нина Бадриќ и ова лето ужива во хрватскиот остров Хвар, кој со години го смета за свој втор дом, но овој пат покажа и особено емотивна страна од својот одмор. Хрватската пејачка Нина Бадриќ сподели ретка фотографија со својата мајка Мила со своите следбеници на социјалните мрежи. Мајката и ќерката ги поминуваат летните денови заедно на Хвар, а пејачката полна со емоции напишала покрај фотографијата: „Ден кој се памети е нашата песна, а овие ...
Македонската манекенка Катарина Ивановска ги користи топлите летни денови за одмор во Маврово, каде ужива во друштво на своите деца, Вања и Кира, и партнерот Стефан Ханџиски. Ивановска сподели албум од фотографии и видеоснимки на Инстаграм, преку кои покажа дел од семејната атмосфера и активностите со кои ги исполнуваат деновите во една од најубавите планински дестинации во Македонија. „Мавровски игри“, напиша кратко манекенката во описот на ...
Речиси две децении по прераната смрт на Тоше Проески, спомените од неговите концерти и денес будат силни емоции кај публиката. Еден таков спомен сподели неговата обожавателка Ема Тодоровска, која објави фотографии и видеоснимки од настапот на македонската музичка ѕвезда во Античкиот театар во Охрид, одржан на 9 август 2006 година. Фотографиите се направени на филм, во време кога секој кадар внимателно се одбираше, а резултатот можеше да се ...
Поп пејачката Тамара Тодевска беше дел од програмата во Охрид по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија. На сцената претворена како еден музички времеполов преку голем број изведувачи се потсетивме на наголемите македоснки хитови и евергрини. Тамара покрај нејзината легендарна „Тажна љубов, среќна песна“ од душа ја испеа и песната „Излажи ме“ од Тоше Проески. Публиката пееше во еден здив со неа. Пејачката за оваа пригода ...
Пејачот Јаков Јозиновиќ изминатите месеци беше една од главните теми на музичката сцена, успевајќи за кратко време да наполни повеќе сали во Сава Центарот во Белград. Сепак, најновите видеа од неговиот настап во Будва изненадија многумина. E moj Jakove. 🤭 Drugaricu Priju pod ruku pa možda napunite Tophill. 🤣🤣🤣 tuga… pic.twitter.com/C5vhXIzVDM — cecin_doktor (@dr_u_pokusaju) August 10, 2026 На платформата Икс се појавија видеа од летниот ...
Македонскиот виртуоз на хармоника и композитор Горан Алачки сподели ретка фотографија од своето детство, направена пред повеќе од пет децении во Белград. На црно-белата фотографија од 1969 година, Алачки е мало момче и позира покрај својот татко Благој Алачки и нивниот семеен автомобил „НСУ Принц“. Фотографијата е направена на Авала, познатото излетничко место во близина на Белград. „Со татко ми Благој Алачки и нашиот НСУ Принц… 1969 Белград, ...
Српската пејачка Александра Пријовиќ престојува во Црна Гора, каде што целото семејство Живојиновиќ ужива во заедничкото семејно патување. Прво, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ поминаа една недела со своите деца во куќата што ја изнајмиле, а потоа им се придружија на остатокот од семејството на патување со јахта. Сите членови на семејството Живојиновиќ сега уживаат заедно на оваа луксузна јахта. Покрај Александра и Филип со своите ...
Помладата ќерка на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Лара, го прославила 20-тиот роденден во луксузниот Кан, Франција, а сега на социјалните мрежи се појавија фотографии од раскошната роденденска прослава. Не е тајна дека Чолиќ не штеди на своите наследнички, па затоа не му било проблем да издвои околу 10.000 евра за својата помлада ќерка, што, според медиумите, е цената на ВИП местата во клубот каде што била Лара, пишува српски „Мондо“. ...
Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ го поминува летото работејќи, но за време на паузите одмора со семејството и крстари по Јадранското Море. Сепак, на Пријовиќ неодамна ѝ се случила непријатна ситуација, но дури сега се дознало, и тоа благодарение на хостесата која работи во ресторанот. Како што и самата открила, таа ѝ рекла на Александра, или поточно на нејзиниот сопруг Филип, кој всушност разговарал со хостесата, дека не може да ...
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора повторно се во центарот на вниманието по наводниот инцидент во еден белградски трговски центар. По пишувањата на српските медиуми, Исидора Трифуновиќ реши јавно да се огласи и да ги демантира информациите што во последните денови се појавија во јавноста. Што наводно се случило во трговскиот центар? Според досегашните медиумски наводи, инцидентот се случил во една позната продавница, ...
Мане Ќурвија Каспер не ги крие емоциите кон својата партнерка Мина Костиќ, со која е речиси постојано откако пејачката заврши со болничкото лекување. Мина во меѓувреме повторно му се врати на секојдневието и на музиката, а според она што Каспер го откри на социјалните мрежи, пред неа е нов период, како на приватен, така и на професионален план. Пејачката подготвува нови песни, а една од нив, со наслов „Мој Белград“, особено емотивно го ...
Во семејството на српската пејачка Тања Савиќ викендов се славеше. Нејзиниот брат Немања Савиќ организирал свадбена прослава со својата избраничка Сара, а првите снимки од свеченоста веќе се појавија на социјалните мрежи. На видеото, кое го објавила страницата „Србија шоу биз“ на Инстаграм, младенците позираат под раскошен цветен лак, опкружени со природа. Сара за посебниот ден избрала впечатлива венчаница со спуштени раменици, додека Немања ...
Пејачката Емина Јаховиќ го загубила својот татко Нусрет уште како дете, а неговото заминување оставил длабок белег во нејзиниот живот. Нејзиниот татко бил почитуван кардиолог и личност кон која Емина била многу приврзана. Тој починал како последица на срцев удар, кога пејачката беше во раното детство, а во една пригода таа открила детали за својата голема траума, пишува „Нова“. – Јас сум јетим… На турски јазик тоа значи кога детето е сирак, ...
Еден од најпопуларните македонски композитори, текстописци и музички продуценти, врвниот Дарко Димитров, чија слава е надалеку позната, постојано изненадува. Дарко Димитров со сопругата Маја има две ќерки, Лара и Мона, а иако приватните моменти ретко ги споделува јавно, одвреме-навреме објавува фотографии и видеа со најблиските. Неодамна Димитров ни покажа дека знае одлично да пее. Потсетуваме дека тој се појави на јубилејниот концерт на ...
Вељко и Богдана Ражнатовиќ се снимаа себеси како пловат на брод и покажаа како уживаат и го поминуваат времето покрај вода. Вељко и неговата сопруга се неразделни по неговото враќање од Русија, каде што напорно тренираше за претстојните натпревари. Покрај тоа што цело време се со децата, тие се обидуваат и да им се посвети колку што е можно повеќе, но и да им покажат нови работа, па често можеме да ги видиме како уживаат и си играат во ...
Фолк пејачката Зуица Лазова многу пати докажала дека е еден од најдобрите вокали на нашата сцена. Со својата женственост и харизма оваа пејачка секогаш ја освојува публиката. Така беше и вчеравечер пред публиката во Охрид, на првиот ден од караванот „Силно светнал ден“ по повод 35. години независна Македонија. Зуица се појави во делот каде што беа отпеани серија патриотски и народни песни. На сцената беше придружена со прекрасните Андријана ...
Познатата српска дизајнерка Верица Ракочевиќ од деценија во деценија докажува дека стилот, самодовербата и убавината немаат никаква врска со датумот на раѓање. Верица никогаш не дозволила годините да ја дефинираат, а со својот изглед и начин на живот, таа често покажува дека возраста може да биде само уште еден дел од нејзината лична приказна, а не некакво ограничување. Како некој за кого модата е повик во животот, Верица е позната по тоа што ...
Македонската пејачка Елена Ристеска беше меѓу изведувачите на првиот концерт од музичко-сценскиот проект „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Концертот се одржа на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, каде што Ристеска пред публиката ја изведе „Нинанајна“ – песната со која ја претставуваше Македонија на Евровизија во Атина во 2006 година. За оваа пригода, пејачката се ...
Не стивнуваат реакциите во Хрватска околу најавениот настап на Јелена Карлеуша во Водице, кој треба да се одржи во ноќта меѓу 15 и 16 август. Откако дел од јавноста се спротивстави на нејзиното гостување, а градоначалникот на Водице, Анте Цукров, најави разговор со организаторите, сега повторно се огласи и српската пејачка. Карлеуша тврди дека во изминатите денови ѝ се обраќале загрижени обожаватели од Хрватска, кои ѝ посочиле дека на ...
Македонската поп-пејачка Каролина Гочева сподели нови фотографии од својот летен одмор, а нејзиниот природен и младолик изглед веднаш го привлекува вниманието. На фотографиите 46-годишната пејачка позира во опуштено летно издание, со собрана коса и речиси без шминка, покажувајќи го своето негувано лице во сосема природно издание. Каролина отсекогаш важела за една од најубавите македонски пејачки, а новите фотографии се уште еден доказ за ...
„Нема да бегам“ е новата песна на Тамара Грујеска, еден од највпечатливите млади вокали на македонската музичка сцена. Композицијата ја покажува нејзината зрелост како изведувач и нејзината желба преку музиката да раскажува искрени приказни. Со моќен вокал, модерна продукција и впечатлив видеозапис, песната претставува ново поглавје во нејзината музичка кариера. Зад оваа музичка приказна стои тим од докажани професионалци. Музиката и ...