Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ и нејзиниот сопруг Лазар станаа горди родители на девојче на кое му го дадоа името Искра. Истиот ден се одржала приватна прослава за семејството, пријателите и колегите, а сега убавата водителка ја објави својата прва фотографија од породилиштето. Деа објавила фотографија од креветот, каде што ја држи раката на докторот кој, како што напиша на Инстаграм, е „само да посакаш таков“. View this post on Instagram A ...

Музичката ѕвезда Северина на својот Јутјуб-канал го промовираше спотот за новата песна „Нисам крива ја“ („Безосечајна“). Со ова остварување, таа ја отвора вратата кон нејзината најнова и исклучително амбициозна музичка трилогија. Станува збор за една од нејзините најинтимни поп-рок балади во изминатите неколку години. Песната зборува за емоционалните лузни, за стравот од повторно препуштање на љубовта и за моментите кога човекот повеќе не ...

Глумецот Павле Менсур реши малку да се тргне од вниманието на јавноста и да замине на одмор во Хрватска, но овојпат без својата партнерка, познатата глумица Јелисавета Орашанин. Нивната романса деновиве силно го привлекува вниманието на медиумите, особено откако стана јасно дека двајцата повеќе не ја кријат својата блискост. Сепак, за овој летен престој во Пула, младиот глумец избра сосем различно друштво. Татко и син на заеднички одмор Павле ...

Изминаа точно 15 години од сообраќајната несреќа во којашто трагично го изгуби животот познатиот српски пејач Љубиша Стојановиќ – Луис. Човекот којшто го спои џезот со балканскиот фолклор остави длабока трага во музиката, но и во срцата на сите што го познаваа. Роден е на 25 јуни 1952 година во Лесковац. Неговиот татко Жика бил мајстор за дрво, а мајката Милица била домаќинка со извонреден музички талент. Неговото семејство често се селеше ...

Музичката ѕвезда Маја Беровиќ летово ниже рекордни настапи ширум регионот, соборувајќи ги сите посетености во клубовите низ Мостар и на црногорското приморје. Во искрено интервју, таа се осврна врз својата кариера којашто трае веќе 20 години, како и врз состојбите на музичката сцена. Говорејќи за промените на естрадата, Беровиќ истакна дека повеќе ги помни убавите времиња од минатото, иако и денес работите функционираат добро. За разлика од ...

Седма година по ред, традиционално во Хрватска се одржа концерт во чест на легендарниот Оливер Драгојевиќ, кој почина во 2018 година. Српската пејачка Марија Шерифовиќ била меѓу публиката и ги сподели своите емотивни впечатоци на социјалните мрежи. Таа откри дека со ова исполнила голема желба за себе, истакнувајќи дека Оливер никогаш не ги напуштил срцата на публиката. – Сите имаме своја листа на желби. Некои големи, некои сосема мали. Јас ...

Пејачот Слоба Радановиќ открил необична и непријатна ситуација што му се случила за време на еден од неговите настапи. Одговарајќи на прашања од своите следбеници на социјалните мрежи, пејачот раскажал дека една обожавателка се обидела да го бакне во уста додека бил на сцената, но тој го одбил нејзиното барање. Наместо да се повлече мирно, девојката реагирала бурно и, како што раскажал Слоба, го гаѓала со својата чизма. На прашањето која е ...

Познатиот глумец Иван Босиљчиќ изгради успешна кариера во Белград, но неговиот роден град Ужице и понатаму има посебно место во неговиот живот. Соседите и сограѓаните од неговиот роден крај се присетија на неговото детство во една зграда во Ужице, откривајќи каков бил пред да стекне голема популарност. За време на училишните денови, тој бил член на културно-уметничко друштво каде што преку фолклор и песна ја негувал традиционалната култура. ...

Пејачката Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан се во брак повеќе од две децении, а нивната љубовна приказна како да била однапред запишана. Мајката на Тијана ѝ го дала ова име инспирирана од расказ каде што ликот Тијана е вљубен токму во еден Милан, што подоцна целосно се оствари во нејзиниот реален живот. Судбината ги спои кога се запознаа на еден кошаркарски натпревар во Сомбор. Иако пејачката признава дека воопшто не е љубител на ...

Поранешниот свршеник на српската водителка Јована Јеремиќ, Драган Станковиќ, објави важен настан на социјалните мрежи. Тој нагласи дека денеска е важен ден за неговото семејство. – Денеска нашето семејство е побогато за уште еден голем благослов. Крштевката на моето трето внуче е радост што не може да се опише со зборови. Нека Господ го чува, а нас да нè води во хармонија, љубов, вера и чесност. Само оној што има силно семејство знае колку е ...

Пејачката и харфистка Сара Мејс со семејството го прослави роденденот на синот Кирил. Веселата забава беше организирана во друштво на семејството и најблиските другари, а меѓу гостите беше и Ведран, популарното „дете со маслинките“, кое е вистински хит на социјалните мрежи. Сара сподели фотографии од прославата, на кои насмеаното семејство позира покрај роденденската торта со тематска декорација. По тој повод, таа му упати и емотивна честитка ...

Пејачката Тања Савиќ никогаш не криела дека има несигурности поврзани со својот изглед, а сега открила дека планира да направи нова естетска корекција. Иако важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата, Тања признава дека постои нешто што одамна ѝ пречи и што сака да го промени. Таа открила дека планира патување во Турција, каде што сака да направи корекција на претходна интервенција. „Јас сум човек кој сака да биде сам, таква сум. ...

Марта Лазарова, сопругата на јутјуберот и водител Стефан Лазаров, ги разнежни следбениците со нова серија фотографии на кои го овековечи еден од најубавите периоди во својот живот – бременоста. Во романтичниот амбиент на Охрид, Марта позираше со елегантни модни комбинации кои го истакнуваат нејзиното трудничко стомаче, а секоја фотографија зрачи со смиреност, среќа и исчекување. Посебна вредност на фотосесијата ѝ дава фактот што зад ...

Водителката Јована Јеремиќ открила колку тешко ја погодила смртта на нејзиниот татко, раскажувајќи за емотивниот момент кога првпат по неговото заминување влегла во неговата соба во семејниот дом во Љиг. Таа признала дека тоа бил еден од најтешките денови за неа, бидејќи се соочила со спомените од детството и со празнината што останала по загубата на татко ѝ. „Ништо повеќе не мора. По смртта на тато сè е поинаку. Денес бев во Љиг и ми беше ...

Слобода Миќаловиќ, која со децении важи за една од најубавите српски актерки и се истаканува со својот природен изглед и елеганција, неодамна предизвикала воодушевување на социјалните мрежи. Таа споделила фотографија од ноќното излегување во тесен црн фустан со прерамки и длабоко деколте, кој совршено ја истакнувал нејзината фигура. Стајлингот го комплетирала со залижана коса во ниска пунџа и ефектни бели обетки во форма на цвет, а ...

Каролина Гочева сподели дел од атмосферата од своето неодамнешно патување во Полска, каде што ги посетила двата познати града – Варшава и Краков. Поводот за нејзиното заминување бил концертот на британскиот бенд „Хртс“, но самото патување ѝ донело и неочекувано временско искуство. „Почетокот на јули беше за Варшава и Краков. Сите годишни времиња освен лето и главниот повод за ова патешествие“, напиша пејачката на својот инстаграм- профил. Од ...

По концертот на Градското пливалиште во Струга, Елена Ристеска сподели фотографии и видеа на социјалните мрежи и откри дел од атмосферата. На една од фотографиите се гледа како пејачката пее заедно со нејзината внука Делфина, ќерка на нејзината сестра Драгица. Кога малата Делфина се качи на сцената, ги освои симпатиите на присутните. „Уште некоја фотка и видео од незаборавниот концерт во Пливалиште Струга. Мојата внука и јас, си пееме. ...

Српскиот рапер Драгомир Деспиќ – Десингерица откри дека музиката целосно му го променила животот и признал дека без неа не верува оти ќе доживеел 25 години. Во интервју за „Фулскрин медија“, тој зборуваше за колегите од естрадата, пријателството со јутјуберот Бака Прасе, но и за пороците од кои, како што вели, денес е далеку. „Не пијам, не се дрогирам. Порано имаше сѐ и сешто, денес немам време. Музиката многу ме смири. Да не ми се случеше ...

Ќерката на македонската пејачка Соња Тарчуловска и Јохан Тарчуловски, Мелани Тарчуловска, сподели нови фотографии од летниот одмор, а нејзиниот впечатлив моден избор предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи. Младата музичарка сподели серија фотографии покрај морето, на кои позира во кремаст плетен фустан со впечатлив крој и длабоко деколте. Изгледот го комплетираше со долги плетенки, очила за сонце и минималистички модни ...

На денот кога Владимир Блажев – Панчо ќе го прославеше својот 47. роденден, неговите најблиски, соседи, пријатели и бројни почитувачи вчера му оддадоа почит со откривање мурал со неговиот лик пред зградата во која живееше во скопската населба Аеродром. Емотивниот собир помина во духот на маалската дружба, музиката и спомените за еден од најомилените македонски музичари. Голем број граѓани се собраа за да се потсетат на заедничките моменти со ...

Музичарот Александар Станимировиќ, попознат како Аца Амадеус, ужива во нова љубовна врска со 23 години помладата пејачка Барбара Бојовиќ. По турбулентниот период исполнет со јавни несогласувања со поранешната сопруга Снежана и ќерката Васка, музичарот откри дека повторно е среќен во љубовта. Аца во неколку наврати на социјалните мрежи сподели фотографии со својата нова партнерка, а сега и јавно потврди дека нивната врска е сериозна. „Конечно ...

Иако имаа несогласувања, актерот Лазар Бараков со трогателна објава се прости од својот долгогодишен колега и пријател Гоце Тодоровски, кој почина на 75-годишна возраст на 27 јули. Бараков на Фејсбук сподели фотографија и напиша: „МИР БОЖЈИ, Гоце. Замина со твојата величина кај другарите, се ослободи од земните тежести и неправди… Летај и пеј со ангелите и глуми со другарите…“ Во објавата тој сподели и постар статус на актерот Радован Охрид, ...

Регионалната музичка ѕвезда Теа Таировиќ ја продолжува успешната серија летни концерти во Црна Гора, а со последниот настап уште еднаш покажа зошто важи за една од најбараните пејачки на музичката сцена. Клубот во Будва бил исполнет до последното место, а како и секогаш кога настапува Теа, се барала карта повеќе. Уште од првите тактови атмосферата била вжештена, а публиката во еден глас ги пеела нејзините најголеми хитови. Кулминацијата на ...

Дали водителката Сања Савеска е „сингл“? Таа ги заинтригира своите следбеници на Инстаграм со видео кое предизвува реакции и прашања за нејзиниот љубовен статус. Во видеото Сања весело танцува, а на екранот се појавуваат натписите „Сингл животот е одличен“ и „Слободна девојка, слободна девојка“. Дополнително внимание привлече и маицата што ја носи, на која пишува: „Упс, ако изгледаше дека сум заинтересирана, не сум“. View this post on ...

Македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски – ЈЗЈ откри дека во изминатите години одбил да соработува со македонски јавни личности кои барале бесплатно да им изработи креации, нагласувајќи дека денес самиот одлучува кому ќе подари фустан. Гостувајќи во емисијата „Полиграф“, Јовановски зборуваше за соработките со регионалните ѕвезди, но и за принципите според кои ги избира своите клиенти. „Да, им ги подарувам, а не чинат толку. Во последните ...

Познатите браќа Гаги и Ѓоле Ѓогани, кои во минатото поради сложените семејни односи не беа во најдобри односи, одамна ги надминаа несогласувањата и денес уживаат во секој заеднички момент. Тие заедничкиот одмор во Црна Гора го искористија за опуштање на плажа, а нивните фотографии и снимки брзо привлечеа големо внимание кај јавноста и следбениците на социјалните мрежи. Многумина останаа изненадени од нивниот изглед, коментирајќи дека браќата, ...

Пејачката Индира Левак, која неодамна соопшти дека се разведува од сопругот Мирослав со кого со години се бореше за потомство, во повеќе наврати отворено зборуваше за мајчинството и за нејзината желба за посвојување дете. „Не можеме против она што е запишано“ Индира не ја криеше својата голема желба да се оствари во улогата на мајка, но и свесноста дека некои работи не зависат само од нас: „Повеќе од сè сакав да станам мајка, но не можеме ...

Лепа Брена неодамна одржа концерт во Малинска на островот Крк, а видеото на кое ја крева ногата за време на изведбата стана вирален хит на социјалните мрежи. Додека го изведуваше хитот „Коловоѓа“, таа ја крена ногата високо во нејзин препознатлив стил и ја доведе атмосферата до вжештување. „Она кога Лепа Брена за малку ќе ти го скрши телефонот со нога“, напиша корисничката на Инстаграм која го објави видеото од првите редови. View this post ...

Српската водителка Бојана Лазиќ синоќа го прослави јубилејниот 40-ти роденден во друштво на своето семејство и најблиските пријатели. По тој повод, таа ги собрала блиските луѓе во едно кафуле, каде што со торта и свеќи. го одбележала овој посебен ден. Пријателите ѝ приредиле изненадување и ја израдуваа со голем букет рози, но и со дури три различни торти. Бојана со насмевка ги изгасила свеќичките на тортата и замислила роденденска желба. За ...

Победничката на Евровизија 2007 година, Марија Шерифовиќ, одлучи ова лето да ги замени големите сцени со помирен ритам на Јадранското Море. Таа плови во друштво на нејзината мајка Верица Шерифовиќ и синот Марио. Но, иако барале мирни плажи, природата имала поинакви планови кога нивната јахта била погодена од силен ветар. Борба со брановите и бурата во кујната За време на пловидбата, силниот ветар и брановите почнале значително да го нишаат ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25