На Волстрит вчера, индексот S&P 500 достигна ново рекордно ниво, како и Nasdaq, што најмногу се должи на силниот раст на цените на акциите на Алфабет и Тесла. Дау Џонс доби 0,11 проценти, на 45.883 поени, додека S&P 500 порасна за 0,47 проценти, на 6.615 поени, а индексот Nasdaq за 0,94 проценти, на 22.348 поени. Алфабет надмина 3.000 милијарди долари во пазарна вредност Новите рекорди на S&P 500 и индексот Nasdaq се најмногу ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж. Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите. Гувернерот Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, ...

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година. Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за ...

Овен Работа: Денот носи сериозни предизвици, особено кога станува збор за рокови и комуникација. Ќе треба да бидете прецизни и јасни бидејќи секоја грешка веднаш ќе излезе на површина. Не брзајте, туку проверете сè што правите. Љубов: Слободните Овни би можеле да влезат во интересен разговор со некого што го запознаваат преку работа или обврски, па целиот ден ќе биде обоен од потребата емоциите да бидат јасни и искрени. Здравје: Чувствителен ...

Американските и кинеските претставници денеска ќе продолжат со трговските разговори во Шпанија, бидејќи се приближува рокот за кинескиот сопственик на ТикТок да најде купувач или да се соочи со забрана во Америка. Преговорите, предводени од американскиот секретар за финансии Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, се најновиот обид да се стави крај на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Врховните трговски ...

Сателитскиот интернет провајдер „Старлинк“ на милијардерот Илон Маск објави на својата веб-страница денеска дека има прекин на услугата. -Моментално има прекин на услугата „Старлинк“. Нашиот тим истражува, се вели во соопштението на интернет провајдерот, без да даде дополнителни детали. Веб-страницата за следење на интернет услуги „Даундектор“ соопшти дека повеќе од 43.000 корисници во Соединетите Американски Држави биле погодени. „Старлинк“ ...

На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот на инвестициската банка Леман брадерс (Lehman Brothers). Основана во 1850 година, банката беше столб на американскиот финансиски систем, со средства вредни околу 600 милијарди долари во времето на нејзиниот колапс. Настанот не само што предизвика паника на финансиските пазари, туку и ја предизвика најлошата ...

Коосновачот на Мајкрософт и поранешен најбогат Американец, Бил Гејтс, е надвор од листата на 10 најбогати луѓе во Соединетите Американски Држави за прв пат од 1991 година, според најновата листа на Форбс. Неговото богатство се проценува на 107 милијарди долари, што го става на 14-то место, зад бизнисменот Мајкл Блумберг и пред наследничката на Волмарт, Алис Волтон. Падот на Гејтс на листата не се должи на деловни загуби, туку на неговиот план ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Михал Харари, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на Швајцарија и со претставници на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на која се разговараше за давање поддршка за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон Европската Унија. Во рамките на разговорите беше истакната поддршката што Институтот ја дава преку ...

Со цел промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава, Берзата денеска по шести пат го организира настанот „Инвеститорски ден“. -Оваа иницијатива ја ...

Незапирливиот феномен, TikTok ја освои Европа со 200 милиони корисници, и покрај милионските казни и политичките притисоци. Во еден свет каде што доминацијата на старите социјални мрежи изгледаше неприкосновена, TikTok продолжи со својот незапирлив поход, достигнувајќи нова, импресивна бројка од над 200 милиони активни месечни корисници во Европа. Оваа статистика, која значи дека речиси секој трет Европеец е на платформата, не е само доказ за ...

Финансискиот хороскоп за периодот до крајот на 2025 година покажува дека ќе бидеме сведоци на неколку клучни астролошки аспекти кои ќе влијаат на паричните приливи и одливи кај сите хороскопски знаци. Во првата половина од годината, особено силно дејствуваа планетарните позиции на Јупитер и Сатурн, кои имаа влијание врз темпото на растот и контролата на финансиските ресурси. Јупитер ја стимулира желбата за проширување на приходите и ...

Овие хороскопски знаци ќе мора да се мачат уште малку, но подоцна конечно ќе можат да напредуваат. Често се вели дека работите се влошуваат пред да се подобрат, и токму тоа се случува со четирите хороскопски знаци кои имаат уште еден последен тест на универзумот пред да го привлечат изобилството што го заслужуваат. Според астрологот Еван Натаниел Грим, влегувањето на Сатурн во Риби за последен пат претставува последен тест на универзумот за ...

Овен Овој четврток, чувствувате дека вашите ограничувања постепено исчезнуваат. Вашиот претпоследен работен ден ви носи инспирација за нови потфати и сила да ги претворите во реалност. Професионалните можности се забрзуваат бидејќи влијанието на Јупитер ви дава самодоверба да презентирате иновативни идеи. Бидете храбри, но методични во вашиот пристап. Бик Четврток ве поканува на креативност и самоизразување. На овој претпоследен работен ден, ...

Можеме да се каже дека инвеститорите потценуваат многу ризици за овогодишната ситуација на светските пазари, но тоа не е ништо ново. Во последните години индексите на берзите „срушија“ нови рекорди. Дека времињата се многу неизвесни, докажуваат и неодамнешните рекорди кај златото, каде што цената на унца од 31,1 грам веќе се искачи на речиси 3.600 долари. Во последниот месец, вредноста на златото се зголеми за шест проценти, додека вредноста ...

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4 проценти. Очекувам тој тренд полека да продолжи и да дојдеме до оние стабилни проценти би рекол, 2, 2,5 проценти. Тоа е она кое што го очекуваме во периодот кој што следи“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во однос на информацијата дека ...

Спортот е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии и затоа поддршката на спортот е во фокусот на работењето на оваа Влада. „Вложувањето во спортот создава здрава нација, а спортот е единствен начин за постигнување на тоа. Ако сакаме да имаме економија треба да имаме здрава нација, дисциплинирана, посветена и победнички насочена„, рече министерката Гордана Димитриеска-Кочоска којашто денеска учествуваше на ...

Периодот на ретрограден Уран во Близнаци во 2025 година претставува редок астролошки настан кој ја раѓа потребата за револуција на мислењето, комуникацијата и општествените вредности. Од 6 септември, „Големиот будител“ – планетата која владее со изненадувања, технологии и слобода – стапи во воздушниот знак Близнаци по 84 години. Урановата енергија носи драматични промени, ја интензивира потребата за слободно изразување, но ретроградниот ...

„Нинтендо“ извојува уште една победа во борбата против пиратеријата во САД. Имено, Окружниот суд на Вашингтон минатата недела му наложи на Рајан Дејли да ѝ плати два милиони долари на јапонската компанија за видеоигри и да престане да продава „надградени“ џебни конзоли „Свич 2“ (Switch 2) преку интернет. Компанијата, покрај тоа, јасно стави до знаење дека може и да блокира „гемче“ доколку играчите се обидат да го модифицираат уредот. Во ...

OpenAI откри дека јазичните модели добиваат награди кога погодуваат одговори, што води до AI халуцинации. Компанијата нуди решенија како да се намали лажната информација во одговорите. Компанијата за вештачка интелигенција OpenAI тврди дека конечно ја разбрала причината зошто јазичните модели (LLMs) честопати „измислуваат“ одговори – феномен познат како AI халуцинации. Според новото истражување, моделите се наградуваат кога погодуваат, дури и ...

Овен Во среда можете да почувствувате налет на мотивација да го завршите она што сте го одложувале. Ќе бидете побрзи и поодлучни од другите, но внимавајте да не реагирате импулсивно. Вашата енергија може да ги инспирира и луѓето околу вас. Ситуацијата е напната. Бик Оваа среда ви носи можност да се посветите на практични работи. Можете да решите финансиско прашање или да уживате во мали животни задоволства. Обратете внимание на исхраната и на ...

Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги, ...

Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка кој го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). „Со меморандумот за соработка се гради платформа за приоритетно постапување по предметите што се од областа на енергетиката. РКЕ и ДПИ по ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во денешното обраќање на „Регионален спортски самит Скопје 2025“ најави уште поголеми инвестиции во спортската инфраструктура во целата наша држава и законски измени за финансиски олеснувања при инвестирање во спортот. – Како Влада сме сериозно посветени на спортот. Тоа што можеме ние да го направиме е да помогнеме да се развива инфраструктурата и да се даде шанса на сите кои сакаат ...

Денеска во Министерството за одбрана ѝ посакав добредојде, успешен мандат и плодна соработка на новоименуваната амбасадорка на Словачката Република, Ивета Хрицова, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. На средбата разговаравме за унапредување на одбранбената соработка во делот на заеднички обуки и вежби, размена на искуство и развој на соработка на специјалните сили и можностите за едукација, обука и тренинг во ...

Прегледот на крипто пазарот за август 2025 покажува созревање на крипто екосистемот: алткоините заземаат сè поголем замав, стабилните коини сè подлабоко се интегрираат во финансискиот систем, а DeFi кредитирањето се шири со користење од страна на институциите. Краткорочната нестабилност може да продолжи, но долгорочната насока на криптото укажува на поширока употреба, поголема регулаторна јасност и интеграција со традиционалните финансиски ...

Овој викенд не нè остава рамнодушни. Со Уран кој започнува ретрограден циклус во Близнаци на 6 септември, започнуваме внатрешен процес на преиспитување за тоа како се поврзуваме, како користиме технологија и како го негуваме сопствениот нервен систем. Веднаш потоа, на 7 септември, лунарната еклипса во Риби ја отвора вратата кон емоционално ослободување и духовна трансформација. Овој викенд носи длабоки сознанија, ослободување од старо бреме и ...

Полна Месечина на 5 септември 2025: Време за јасност и ослободување Секогаш кога месечината е полна, светлината паѓа врз она што треба да го видиме појасно, било да се работи за наши навики, односи или нешта што одамна треба да ги оставиме зад нас. Оваа Полна Месечина е момент да се соочиме со она што сме го потиснувале и да одлучиме што носиме понатаму, а што оставаме во минатото. Воедно, таа носи силна енергија на кулминација. Она што сме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша наредба за воведување пониски царини за увоз на јапонски автомобили и други производи што беа објавени во јули, обезбедувајќи одредено олеснување за економијата на Јапонија, која е претежно извозно ориентирана. Формализирањето на договорот меѓу САД и клучниот азиски сојузник доаѓа по месеци преговори, ја намалува неизвесноста што го мачи огромниот јапонски автомобилски сектор од објавувањето во ...

„Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните“ – порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), којшто се одржува во Намибија. Во своето воведно обраќање пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), гувернерот нагласи дека ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
64%
1007
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
83%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
67%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
77%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
2.68
89%
1002
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
9.77
62%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Кобалт

59.52

Рутениум

44142.98

Алуминиум

3.08

Платина

72143.25

Родиум

311058.47

Калај

44.58

Сребро

2492.14

Паладиум

58707.26

Бакар

11.76

Иридиум

169549.30

Цинк

3.11

Злато

143662.56