Холандските власти најдоа суптилен начин како да им грабаат пари на граѓаните за да ја полнат празната државна каса. Пратениците го одобрија контроверзниот закон за данок од 36% за нереализирани капитални добивки од заштеди и дигитални средства што оствариле приноси, дури и ако сопствениците не ги продале и реално не оствариле добивка. Законската рамка предвидува годишно оданочување на приватни лица врз основа на раст на широк спектар на ...

Еден научник тврди дека габите комуницираат преку електрични сигнали и можеби имаат свој „јазик“ со десетици „зборови“. Иако звучи необично, истражувањето на Ендрју Адамацки од Универзитетот на Западна Англија сугерира дека габите разменуваат информации преку промени во електричната активност. Тој вметнал електроди во неколку различни видови габи и забележал обрасци на електрични импулси кои се менуваат во зависност од надворешните услови. ...

Со воведувањето на македонската Брајова азбука на Android преку специјализирана тастатура, се отвораат нови можности за полесно и поефикасно користење на дигиталните уреди од страна на слепите и лицата со оштетен вид. Преку апликацијата „Advance Braille Keyboard“, Android сега добива поддршка за македонското Брајово писмо, што им овозможува на корисниците да пишуваат и комуницираат на својот мајчин јазик без досегашните технички пречки. Оваа ...

Цените на земјоделското земјиште во Европската Унија продолжуваат да растат, а просечната вредност на еден хектар веќе надминува 15.000 евра. Истовремено, се зголемуваат и трошоците за изнајмување на ниви и тревни површини. Според најновите податоци, просечната годишна кирија во ЕУ изнесувала 295 евра по хектар, што претставува раст од 6,4 проценти во однос на претходната година, кога изнесувала 277 евра. Големи разлики постојат меѓу ...

Во вторник 17 февруари 2026 ни следува нагло заладување и силен северен ветер во Македонија кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. Во исто време од Џенова преку Јонското море ќе ни пристигне нов длабок циклонски систем кој ќе ни донесе нови обилни врнежи кои полека освен на повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето градови во Македонија особено во западните и во северните предели. Послаби ...

Медузите се спектакуларни и помалку збунувачки суштества – изгледаат како да се од друга планета и често живеат на екстремни длабочини. Познати и како „морски желеа“, овие желатинозни суштества всушност не се риби и немаат мозок, крв ниту срце. Ги има во најразлични форми и големини, во разни бои и со различно однесување. (На пример, некои боцкаат луѓе, а некои не.) И научниците сè уште постојано откриваат нови работи за нив. Еве 10 уникатни ...

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање во тој дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Водостојот на реката Треска утринава е во намалување но сѐ уште е исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на некои делници по течението. И реката Црна бележи зголемен водостој утрово. Во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во ...

Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем ја заокружи својата доминација на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со уште еден златен медал, освојувајќи го првото место и на големата скокалница. Со тоа, таа стана двократна олимписка шампионка, додека Словенката Ника Превц, која пред почетокот на Игрите важеше за најголем фаворит, овојпат се закити со бронза. Овој триумф има и историско значење, бидејќи Стрем е првата спортистка што ...

Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив кој ќе го проширува неговото влијание до нашиот дел од Европскиот Континент и ќе услови формирање на голем влажен бран кој за време на викендов во Македонија ќе услови да имаме обилни и поројни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд) особено во текот на ноќта кон недела и во недела 15 февруари. Викендов локално атмосферските процеси во Македонија ќе ...

Во Музеј-галеријата Кавадарци на 13 февруари со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена групна изложба посветена на празникот Св. Трифун, на која ќе учествуваат 35 македонски уметници. Изложбата „Боите на Св. Трифун“, која постепено се етаблира како значаен културен настан во градот, нуди разновиден приказ на современи ликовни изрази и авторски сензибилитети. Ова е третпат поставката да се реализира во ваков формат, со што се продолжува ...

Денешното утро во Македонија ни донесе претежно облачно време но сепак температурите речиси насекаде беа позитивни и над нулата освен на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово каде температурата се спушти за некој степен под нулата. Во изминатите 24 часа исто така во Македонија на повеќе места имаше повремени врнежи од дожд а на повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри имаше врнежи од снег па така снежната покривка на ...

Под влијание на длабока циклонска активност со центар над Џеновскиот залив која постојано ќе се обновува и ќе го проширува нејзиното влијание до нашиот дел од Европскиот Континент до самиот крај од седмицава во Македонија ќе имаме честа појава на повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни особено за време на викендот кога ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. На повисоките планини со надморска височина од ...

По силниот земјотрес што синоќа ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и научно објаснување за потресот. Тој истакна дека нема место за паника, туку се работи за природен геолошки процес на „немирната“ Шар Планина., малку по малку, а ние може да си одмориме. „Ништо страшно, немирната Шар Планина, уште се извишува, макар можеби само за десетина милиметри (одеднаш, ...

Претставата „Амадеус“, во режија на македонскиот театарски автор Александар Поповски и во продукција на Словенското народно гледалишче од Марибор, ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар на 1 април. Од МНТ посочуваат дека гостувањето е дел од продолжената програма со која театарот го одбележува јубилејот – 80 години од првата изведена претстава во 1945 година. По минатогодишната централна прослава, годинава акцентот е ставен на ...

Влијанието на циклонската активност над нашиот дел од Европскиот Континент продолжува и во почетокот на новата седмица но со тоа што на ден понеделник 9 февруари 2026 од север кон Македонија ќе се спушта поладен воздух кој ќе предизвика да имаме заладување и пад на температурите на воздухот кои преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје температурата ќе се искачи до околу 6/7 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Под влијание на нов бран на врнежи, односно на нов влажен бран од југозапад во Македонија попладнево и вечерва на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во јужните и во југоисточните предели од Македонија каде локално ќе наврнат нови над 15 литри на метар квадратен дожд. Во исто време од север ќе се спушта поладен воздух па така на планините и повисоките места со надморска височина од околу и над 1000 метри врнежите од ...

Истражувачи кои повторно ги разгледуваат податоците од мисијата „Магелан“ на НАСА, стари неколку децении, тврдат дека на Венера наишле на траги од структура што наликува на огромен подземен тунел создаден од вулканска активност. Доколку ова откритие се потврди, ќе станува збор за само втор забележан пример на лавина цевка на Венера, по откритијата на слични формации на Месечината и на Марс. Наодот дополнително ја засилува групата докази што ...

Купувањето зелени банани знае да биде мини предизвик. Ги носите дома со надеж дека за неколку дена ќе созреат и ќе бидат совршени за јадење. Но, некогаш тие едноставно не пожолтуваат, колку и да чекате. Ако ви се случило тоа, не грижете се — зелените банани воопшто не се за фрлање. Првиот трик што вреди да се проба е да ги ставите во хартиена кеса ден или два. Истото функционира и со авокадо. Кога овошјето зрее, ослободува етилен – природен ...

Циклонот од Џенова повторно се активира и го интензивира влијанието во Македонија, па така во следните часови во западните предели од Македонија ќе услови да имаме нови пообилни врнежи од дожд каде се очекува да наврнато нови околу па и над 20 литри дожд на метар квадратен додека на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. ...

Четворицата претставници на Македонија на 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина продефилираа на свеченото отворање на стадионот „Сан Сиро“ и во околните места кадешто (ќе) се одвиваат натпреварувањата. Македонското знаме го носеа алпската скијачка Јана Атанасовска и нордиецот Ставре Јада, а покрај нив на олимпијадата ќе настапат и алпинецот Виктор Петков и нордијката Ана Цветановска. Атанасовска и Петков ќе се натпреваруваат во слалом ...

На првиот наставнички совет со кој претседавал директорот Орде Печијаре биле донесени шест одлуки, меѓу кои и одлуката, на 6 февруари во гимназијата во Битола да се одржи првиот наставен час на современ македонски јазик. – Скромно украсената сала на гимназијата беше шумна. Се дигна завесата и молк. На бината се појави првиот директор на гимназијата, Орде Печијаре. Тој објави дека гимназијата започнува со редовна настава на македонски јазик. ...

Новина за оние кои патуваат на сезонска работа во Хрватска, пред сѐ за оние кои остануваат подолго таму на работа. За да земат работна дозола, ќе мора да полагаат јазичен испит. Хрватската влада предложи измени на Законот за странци со кои за државјаните на трети земји се воведува обврска за учење и полагање испит по хрватски јазик како услов за продолжување на дозволата за престој и работа. По една година престој, странски работник ќе треба ...

Од почетокот на следната недела, поточно од понеделник (9.02), Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, ќе влезе под влијание на значително постудена воздушна маса од североисток. Се очекува забележлив пад на температурите, придружен со умерен до засилен северен и североисточен ветер, што ќе придонесе чувството на студ да биде уште поизразено. Утринските температури ќе се спуштаат значително, а на планинските предели постои можност за појава на ...

Историјата постојано ни го повторува истото предупредување: кога од еден екосистем ќе се отстрани клучен вид, последиците можат да бидат катастрофални. Таканаречените „клучни видови“ имаат пресудна улога во одржувањето на природната рамнотежа, а нивното исчезнување предизвикува синџир на негативни промени. Слично сценарио денес се одвива и на Тибетско-кинеската висорамнина, каде што научниците предупредуваат дека државната политика за ...

На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред ...

Една од највпечатливите фрески на ренесансата – „Страшниот суд“ на Микеланџело, сместена во Сикстинската капела – ќе биде подложена на реставрација првпат по изминати 30 години, соопштија од Ватикан. Според официјалното соопштение, интервенцијата има за цел внимателно да се обноват боите и светлосниот ефект на делото, приближувајќи го изгледот на фреската до оригиналната визија на уметникот. Процесот ќе трае околу три месеци и ќе се фокусира ...

Македонија денеска ќе ужива во променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според УХМР, ќе дува слаб југоисточен ветер, кој долж Повардарието ќе биде со умерен интензитет. Температурите се во пораст, па максималните денес ќе се движат од 6 до 11 степени. Во Скопје слично време – облачноста ќе се менува со сонцето, а термометарот ќе достигне до 9-тиот степен. Утрото беше свежо со температура околу -1 степен. Сепак, метеоролозите ...

Истражувачи од Јужна Кореја развија нов метод со кој за само неколку минути може да се отстранат микро- и нанопластичните честички од водата, со ефикасност поголема од 95 проценти. Техниката има потенцијал за примена и во системите за прочистување на пиечка и отпадна вода. Методот се базира на поврзување на микроскопските пластични честички со специјално дизајнирани магнетни наночестички од железен оксид. Бидејќи пластиката сама по себе не ...

Од 31 јануари до 17 февруари, градот на каналите ќе пулсира во знакот на една од најпрепознатливите манифестации во светот. По тематските изданија посветени на Марко Поло и Џакомо Казанова, годинава фокусот се насочува кон олимпискиот дух. Причината е јасна – Италија е домаќин на Зимските олимписки игри, чие свечено отворање е закажано за 6 февруари во Милано и Кортина д’Ампецо. Во таа насока, карневалот го носи мотото „Олимп – Во зората на ...

Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен откако во денешното финале го совлада десеткратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (2:6; 6:2; 6:3 и 7:5). Финалниот меч траеше 3 часа и 4 минути, а Алкараз ја освои првата титула во Мелбурн. Финалето почна со доминација на Ѓоковиќ кој првиот сет го доби со 6:2 и притоа успеа да направи два брејка. Во следниот сет иста слика со тоа што во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28