Организациониот одбор на Струмичкиот карневал размислува да ги зголеми стиумлациите и наградите за карневалистите но и да се разграничи вреднувањето на групните маски кои доаѓаат од граѓански здруженија и институции т.е. училиштата. Вака денеска одговорија на прес конференцијата Љупка Галаска Василев и Катерина Палифрова на новинарското прашање на Дрнка МК дали размислуваат во иднина да го кореиграат Правилникот за доделување награди. ...

Веќе извесен период Општинската комисија на Струмица врши проценка на штетите од поплавите во населените места Муртино, Сачево и Банско. Таму беа поплавени пластеници и дворови во непосредна близина на реката во која се влеаваат најдојдените води од Тркања. Поплавите се случија на 26 и 27 јануари а до 10 ти февруари беше рокот за пријавување штети. „До Општинската комисија за проценка на штети стасаа 140 пријави. Станува збор за пријави од ...

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а ...

Студеното време не ја растури карневалската магија по улиците на Струмица каде околу илјада учесници ги презентираа своите креации упатувајки разновидни пораки преку своите костими, маски, настапи. Цели четири часа траеше дефилето во кое струмичани доминираа со своите маски и огромни возила кои наликуваа на оние во Рио. Секој со своја енергија, приказна, импозантност во музичко сценските точки. Ликови од митологијата, сегашноста – разиграни ...

Вкупно 15 планинари членови на ПК Ентузијаст од Струмица во наредните пет дена ќе пешачат до Скопје со цел да му одадат почит на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски на гробиштата во Бутел. Тргнаа од пред споменикот ,,Македонија“ подигнат во чест на Трајковски во Струмица и по однапред утврдена рута со ноќевања кај Дедино општина Конче, Љуботен кај Штип,Ѓуришки манастир кај Свети Николе и Маџари кај Скопје, планинарите во четврток ...

Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Тие синоќа на маскенбалот кој се одржа во “Сириус“ беа избрани за оваа улога и веќерва ќе го предводат големото дефиле по струмичките улици. Тие се дел од маската „Диско забава – кралеви на подиумот“ со која се забавуваа на маскенбалот ,,Нашата порака е масовно да ја пренесеме оваа традиција која трае со векови ба бапуте деца и тие да учествуваат на струмичкиот ...

Зоран Јовановски од Ангелци Општина Василево е првиот македонски спортист кој ќе настапи на зимски параолимписки игри, објави Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Зимската параолимпијада во Милано и Кортина ќе трае од 6 до 15 март. Зоки преку Здружението на лицата со инвалидитет Мобилност од Струмица се има истакнато во повеќе спортови а последниве години храбро се справува и со скијањето. „Ова е историски чекор за скијачките спортови ...

Планинарскиот клуб “Ентузијаст“ од Струмица во периодот од 22 до 26.02.2026 година по 21 пат ќе го организира меморијалниот марш-маратон (трансверзала) по повод загинувањето на Претседателот на Р.Македонија, Борис Трајковски, на релација Струмица – Скопје (гробишта Бутел). Целата патека е во должина од 200 км. Собирањето и Поаѓањето ќе биде во 9 часот од Плоштадот Гоце Делчев во Струмица, од каде поворката ќе се движи до споменикот на Борис ...

На 19.02.2026 во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода П.Ш.(29) и С.Д.(24), двајцата од Струмица. При претрес во домот на П.Ш., извршен со судска наредба, во кој била затекната и С.Д., е пронајдено пакување со околу 100 грама кокаин. Во 14:30 часот во Струмица е лишен од слобода и И.Б.(55) од село Чифлик, тетовско, од кого П.Ш. и С.Д. го купиле кокаинот. Лицата се задржани во Полициската станица ...

Вкупно 17 илјади и 67 дивоградби има во Југоистокот кои чекаат на легализација. Овие податоци се од средината на 2024 година кои ги има Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Станува збор за бесправно изградени објекти до 3 март 2011 година а за кои Владата упати апел за нивна легализација по евро за метар квадратен. Сосптвениците на објектите изградени до таа дата требаше да поднесат барање до општините, да изработат елаборат од ...

„Наредните седум дена очекувам голема посетеност на Струмица и секој добронамерник да ужива во позитивната енергија, добрите забави и програмата што ја нуди Струмичкиот карневал“. Така потенцираше градоначалникот на Струмица Петар Јанков во изјава за МТВ подвлекувајки дека годинава има и новитети кои носат дополнителна можност за уживање како што е концертот на Џајковски. Според него карневалот е добар за локалната економија со оглед на ...

Од синоќа Струмица пулсира под маски. Клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков беше предаден кај карневалистите кои ќе ,,владеат“ во наредната недела. ,,Деновиве не очекува интересна програма организирана од Карневалскиот одбор и поддржана од Општината. Се надевам дека ова карневалско издание ќе биде едно од најуспешните и им посакувам добра забава и пријатна атмосфера на сите учесници во ова наше струмичко карневалско чудо, рече ...

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Струмица имаше работна средба со земјоделци, трговци, откупувачи за и околу престојната откупна сезона на пролетната зелка. Од земјоделците слушна за и околу засеаните површини под оваа култура и можните количини што ќе се произведат, додека од трговците откупувачи побара информација каков е интересот од странските пазари. Целта е да се направи акционен план за и околу динамиката на ...

Агенцијата за недвижности Дора Инвест во Струмица го одржа настанот во рамки на Националниот караван за недвижности „Дом во секој град“ – стратешка иницијатива насочена кон јакнење на професионалните стандарди, транспарентноста и довербата на пазарот на недвижности. Преку директна комуникација со граѓаните и соработка со локалните институции и професионалци, караванот има за цел да поттикне одржлив урбан и економски развој во секој регион од ...

Новинарот од Струмица, дописник на МИА – Ристо Тасев ја доби Наградата за животно дело ,, Крсте Петков Мисирков“ на ЗНМ кое годинава одбележува 80 години постоење. Синоќа во Скопје ЗНМ ги додели наградите на новинари и фоторепортери за најдобри истражувачки стории и известувања од локално ниво Ристо Тасев во новинарството е од 1982 година. Својата кариера ја започнува во спортската редакција на Вечер а е бил и репортер на спортската програма ...

Околу 1000 домакинства од општина Босилово ќе добијат посебни канти за селекција на отпад, односно во нив да се депонира пластика. Првиот човек на општината Ристо Манчев објави дека 500 канти веќе се поделени низ селата каде има организирано собрање на отпадот, каде жителите депонираат се што е од пластика. Кантите за селекција отпад, Општина Босилово ги обезбеди во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). До крајот на ...

Општина Василево доби известување од Министерството за транспорт дека се завршени сите административни постапки околу Договорите и средствата за реализација на Основниот проект – Партерно уредување на школски двор во ООУ „Гоце Делчев“ ПУ с. Ангелци со кој општината аплицираше од Проектот за поврзување на локални патишта компнента 2.2 – проекти од значење на заедницата. Битолската фирма Стентон градба ќе ги извршува работите на терен со која ...

Карневалската група „Мулен руж“ годинава на Струмичкиот карневал ќе се престави со маската ,,Меѓу мудроста и силата“. Речиси еден месец ја работат маската во која мажите ке бидат кентаури и ќе ја отсликат грчката митологија на еден нов современ начин. На едно место се конструираат, шијат и дотеруваат сите модели. Се користат ПВЦ цевки, тркала, сунѓери, тврда харија, перики но и голем избор на блескави декоративни елементи „Преку оваа маска ...

Организацискиот одбор на Струмички карневал го објави редоследот на маските за саботното карневалско дефиле. Годинава како што објавија организаторите ќе настапат вкупно 39 маски со околу 1025 учесници. Според доставената табела на големото интернационално карневалско дефиле во Струмица ќе има 28 маски од земјава и 11 од странство. Од Македонија пријавени се 24 групни и 4 поединечни маски додека од странство доаѓаат групи од Бугарија, Србија, ...

Во три работилници во Струмица, карневалското здружение „Струма“ ја работи годинашнава маска за Струмичкиот карневал. Во едната се прават последните детали односно финеси, во друга пак се шијат маските од глава до петици , додека во третата мажите го работат возилото за да ја илустрира пораката што сакат да ја испратат. Маската е насловена „Аманет“ во чест на починатиот член Бранко Достинов еден од основачите на групата „Струма“. Тој ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.М. (33), А.А.В. (23) и А.Ѓ. (23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, во периодот од октомври 2024 година до февруари 2025 година, пријавените се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична ...

Струмичкиот карневал преку свои сограѓани директно e промовиран и преставен на најголемиот и најатрактивниот карневал во светот – карневалот во Рио Де Женеиро во Бразил кој се одржува деновиве. Карневалот кој привлекува милиони туристи и посетители, годинава во Рио се одржува од 13 ти до 21 февруари. Таму директно на трибините има и струмичани кои ја презентираат Струмица и го промовираат Струмичкиот карневал како вековна манифестација со ...

Машката сениорска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига 2026 ќе го започне на домашен терен, односно како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека националните тимови на Луксембург и Холандија. Со ваквата одлука на Федерацијата, Струмица, односно хотелот „Пандев“ и салата „Парк“ остануваат базата на машката А селекција, која и минатата година на ...

Општина Дојран ќе земе учество на 47 Интернационален саем за туризам во Белград Србија кој ќе се одржи од 19 ти до 22 февруари под мотото ,,Едно патување – илјада приказни“. На саемот Дојран ќе ги презентира сите свои природни убавини но и угостителски и сместувачки понуди со цел престојната сезона да биде успешна. Се планира преку повеќе рекламни матријали да бидат презентирани угостителско сместувачките капацитети, традиционалната храна, ...

Советот на општина Струмица на седница треба да донесе одлука за измена на Одлуката за висина на цените за издавање на продажни места и други пазарни услуги донесена пред речиси 12 години. Измената ќе се однесува за пазарот Чешел. За оваа прашање Управниот одбор на ЈП Комуналец расправало и предлага на Советот на Општина Струмица да се намали цената за месечен закуп по м2 за продажно место – тезга на пазарот „Чешел“. УО на струмички Комуналец ...

Ниту младите од Струмица и регионот не се имуни на карневалската магија по струмичките улици. Љубовта ја добиваат или преку карневалските групи или училиштата. Во Средното Општинско Училиште „Димитар Влахов“ дури 120 ученици и вработени се вклучени во изработката на нивната маска „Танцот на сонцето“. Едни кројат, други шијат и парче по парче ја составуваат маската. Секој со својата задача за да блеснат пред посетителите на Струмичкиот ...

Во пресрет на празникот Св. Трифун, заштитникот на лозарите, реализирани се средства во износ од 481.127.667 денари кон 12.458 корисници. Средствата се исплатени по Мерка 1.8 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. ,,Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Министерството продолжува со реализација на мерки и политики насочени кон ...

Младите радовишани кои планираат да градат куќи ќе бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Ваква одлука донесе Советот на Општина Радовиш на денешната седница. Според донесената одлука младите од Општина Радовиш до 35 години кои ќе одлучат да изградат, доградат или надградат прв дом – нема да плаќаат комуналии. Како што објави првиот човек на Радовиш Љупче Почивалец оваа е едно од клучните ветувања испорачани од ...

Во координоран заеднички настап со припадници на министерството за внатрешни работи СВР Струмица на ден 11.02.2026 година и општинскиот инспектор за животна средина по извршен вонреден инспекциски надзор кај правен субјект кој има дозвола за складирање и третман на отпад затекнато е како се врши согорување на електрични ротори од моторни возила со цел екстракција на бакарните елементи од истите. Со ваквиот начин на постапување на правното ...

Викендов односно од петок до неделата во Градската галерија во Струмица, ќе се одржи Pop UP Bazaar, настан кој ќе ја обедини љубовта и виното со традицијата, креативноста и локални производи. Како што велат организаторите целта на овој настан е да се поддржат локалните креативци односно лицата кои рачно изработуваат накити аксесоари, козметика, плетива, играчки, ташн, наметки „Pop UP Bazaar го замисливме како простор каде луѓето ќе можат на ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
70%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
90%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
6.94
55%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
96%
1014
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
64%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1015
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
82%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
65%
1008
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
51%
1013
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Цинк

3.44

Родиум

324722.54

Рутениум

55395.74

Алуминиум

3.53

Калај

49.88

Иридиум

253540.09

Паладиум

49215.93

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Платина

66712.80

Сребро

2840.84

Бакар

12.14