Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Грција од денеска влегува во фаза на силно невреме предизвикано од циклонот „Ерминио“, при што Националната метеоролошка служба предупреди дека најтешкиот бран се очекува во среда, со поројни дождови, силни грмотевици, засилен ветер и локална појава на град. Невремето веќе е најавено за поголем дел од земјата, а за неколку региони е активиран и црвен метео аларм. Според итниот билтен на EMY, временската состојба е поврзана со двојна ...
На 31 март 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Претходно, околу 01:30 часот, во полициската станица се јавило машко лице пријавувајќи сомневање за убиство на член од своето семејство. Полициските службеници веднаш излегле на терен, и во куќата е пронајден починатиот К.Д. (63) од Гостивар со ...
Во Кривичниот суд во тек е судењето на Стојанче Јовановски кој го поттикнал самоубиствотона сопругата која скокајќи од зграда во смрт ја однесе и нејзината малолетна ќерка. Дел од обвинението во продолжение… На 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ја поврeдил неговата сопруга. Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест. Истиот ден, на ...
Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, соопшти полицијата.На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна ...
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. На 25 март, осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница од користољубие лишил од живот едно лице. Делото го извршил во куќата на оштетениот во Охрид, со цел да го спречи сега починатиот Климе Митрески да го ...
Еден од најпознатите македонски гитаристи Влатко Стефановски во Сплит ја прими наградата за животно дело „Порин“ која се доделува за исклучителен придонес во музиката. Со признанието организаторите му оддадоа чест за неговата богата кариера, бројните албуми, меѓународни турнеи и соработки што го обликуваа звукот на регионот. Стефановски наградата ја примил во рамки на неговиот концерт „Акустик најт“ (Acoustic Night) во Хрватскиот дом во ...
Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција. Според информацијата мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони. При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје. Неофицијално според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале ...
Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) на денешната 40. седница не донесе одлука за избор на нов шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, бидејќи ниту еден од петмината пријавени кандидати не го доби потребното мнозинство. На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артај Ајро и Јасмина Костеска-Здравеска. Не се разгеда кандидатурата на петтиот кандидат Александар Марковски оти веќе беше избран за јавен ...
Голема промена на времето проследена со нагло заладување, олујни ветришта и снежни врнежи денеска го зафати регионот, предизвикувајќи активирање на системите за итно известување и серија метеоролошки предупредувања во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Во Хрватска, граѓаните низ земјата утрово во шест часот добија итни СМС-пораки преку системот СРУУК (SRUUK) со кои се повикуваат на претпазливост. Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) ...
Иран им соопшти на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Меѓународната поморска организација дека „непријателските бродови“ може да поминат низ Ормутскиот Теснец ако прво се координираат со иранските власти. Пораката доаѓа во време кога војната меѓу САД и Израел против Иран речиси спречи околу една петтина од светската нафта и течен природен гас да помине низ теснецот, предизвикувајќи големи прекини во глобалните испораки, објави ...
Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари. За да се намали цената на безнините се намалуваат давачките кон државата. Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и со мерки против поскапување на струјата. Ќе се прогласи кризна ...
Пролетна генералка на Скопје – грижата за животната средина е наш приоритет! Уште од раните утрински часови, заедно со екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, започнавме широка и координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на градот. Ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие. Екипите на „Комунална хигиена“ интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека официјално е отворен нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство. Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош. Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите ...
Според Централноевропската временска зона, астрономската пролет 2026 година започнува денеска во 15:46 часот. За разлика од фиксниот календарски датум што многумина го паметат, почетокот на пролетта зависи од астрономските и метеоролошките закони. Астрономски, пролетта на северната хемисфера започнува во моментот на пролетната рамноденица. Ова е точниот момент кога Сонцето го преминува небесниот екватор и денот и ноќта се речиси еднакви по ...
Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол, соопштија од ТППЕ Струмица. -Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде интервенираа шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. Во акцијата беше користена алпинистичка опрема и носила за безбедно извлекување на ...
Пo спроведен истрага, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител Фехми Стафа за кривично дело – примање награда за противзаконско влијание. Според обвинителниот акт, како што соопшти ОЈО ГОКК, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна ...
Војо Иванов, зоо-неговател во Зоолошката градина во Скопје објави дека посетители украле дел од подароците наменети за мајмун, кој ги добил по роденденска прослава. Иванов на социјалните мрежи информираше дека бил организиран роденден за мајмунот Мики, но наместо настанот да помине во позитивна атмосфера, повеќе од половина од подароците завршиле кај посетителите. „Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека ставот на земјата е многу едноставен – ние сме подготвени да ѝ помогнеме на Украина кога ќе ја добиеме нашата нафта, која тие ја блокираат. Тој им рече на новинарите во Брисел, во пресрет на седницата на Европскиот совет, а кога беше прашан за нафтоводот „Дружба“, кој не работи од крајот на јануари, и за деблокирањето на кредитите за Украина, рече дека дотогаш нема да поддржи никаква одлука во ...
Стојанче Јовановски на 30 март ќе седне на обвинителна клупа за неколку кривични дела поврзани со смртта на неговата сопруга Ивана и ќерка Катја. На Јовановски ќе му се суди за нанесување телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Тој седум години физички и псхички ја малтретирал неговата сопруга, при што, според обвинението, ја довело ...
Словенија ја дели кратко време од клучните парламентарни избори, можеби најважните од 2004 година, кога се одлучуваше за европската иднина на земјата. Според локалните медиуми, гласачите овој пат ќе одлучат помеѓу продолжување на либералниот, проевропски правец или враќање на десничарските популисти кои се залагаат за таканаречениот модел на „унгаризација“. Парламентарните избори во Словенија ќе се одржат на 22 март. Гласачите одлучуваат ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб, бил убиен во ноќен напад. Според неговите зборови, нападот е дел од засилените воени активности на Израел против Иран и либанската организација Хезболах. „Денес се очекуваат значајни изненадувања на сите фронтови, кои дополнително ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан“, изјави Кац за време на брифинг со ...
Кандидатот за државен јавен обвинител Ненад Савески изјави дека негов приоритет ќе бидат поголема отчетност, транспарентност и дигитализација на работата во Јавното обвинителство. Во изјава за МИА, Савески посочи дека е неопходно да се подобрат условите за работа на обвинителите, нагласувајќи дека тие се поголем проблем од платите. „Не може со сиромашна институција да се бориш против богати од криминал“, истакна Савески. Тој најави воведување ...
По изгласувањето, од страна на албанскиот парламент, на Резолуцијата, со која Иран се прогласува за „држава спонзор на тероризмот“ реагираше Израел, оценувајќи ја како историска. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, преку објава на платформата X, изрази благодарност до премиерот Еди Рама и Парламентот за овој многу важен чекор. Нарекувајќи ја историска, тој понатаму нагласува дека „ова е демонстрација на јасна морална ...
Според ексградоначалникот на Скопје, иницијативата за негово исклучување од СДСМ е донесена спротивно на Статутот на партијата. Го повика лидерот на СДСМ да дојде во Општинската организација на партијата во Карпош и таму заедно со членството да разговараат за неговото исклучување, но и за, како што додаде, заминувањето на Филипче. Со иницирањето постапка за негово исклучување од СДСМ, ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека се ...
Да не се заборави и никогаш да не се повтори – е пораката од првата годишнина на трагедијата во Кочани. Од пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Од трагичниот 16 март досега, родителите и семејствата на настраданите секоја сабота одржуваа „Марш на ангелите“, а правдата ја бараат во судскиот процес што е во тек. „Недовршени соништа – Секое име е нечиј свет” е насловен Моморијалот кој ...
„Една битка по друга“ (One Battle After Another), револуционерна сага на Пол Томас Андерсон со шест награди Оскар, меѓу кои за најдобар филм и за најдобар режисер триумфираше на 98. свечено доделувањето на најпрестижните филмски награди што се одржаа синоќа во Долби театарот во Лос Анџелес, САД. Политичкиот трилер/акција, следи група поранешни револуционери кои се обединуваат да ја спасат ќерката на еден од своите, кога по 16 години ќе се ...
На денешното рочиште за случајот „Пулс“, во судницата во Идризово сведочеше Горан Игновски, човек со повеќе од 34 години искуство во продажба и сервис на опрема за настани – озвучување, осветлување и сценски ефекти. Тој изјави дека околу година и половина пред трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани им продал опрема за далечинска активација и прскалки на Панчо и уште еден член од групата ДНК. Игновски, сопственик на фирмата „Чкаља“ ...
Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се ...
Според американските медиуми, домот на Ријана бил цел на напад на 8 март Жена, 30, е уапсена откако наводно испукала повеќе истрели од огнено оружје во домот на Ријана во Беверли Хилс додека поп-ѕвездата била внатре, изјавил извор за списанието People. Според извештаите, еден куршум поминал низ ѕидот. Портпаролот на полициската управа на Лос Анџелес изјавил дека полицајците одговориле на пријава за „истрели“ околу 13:15 часот по локално време ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Од кривичната пријава како и од ...