Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Еурофарм Пелистер – Катар 36:24 (18:12) Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со победа ја започнаа серијата контролни натпревари пред почетокот на новата сезона. “Пелистерци“ на подготвителните натпревари ја поедија репрезентацијата на Катар со резултат 36:24: Еурофарм Пелистер уште во првото полувреме го наметна своето темпо и на одмор замина со предност од 18:12. Во продолжението избраниците на Лино Червар не дозволија изненадување, ...
На 07.08.2026 во 12:00 часот во село Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С. (45) од с. Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с. Сарандиново, ...
Денес, сабота, 8 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 34 степени. Утре, недела, 9 август, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне можност за нестабилност. Ќе дува ...
Во рамките на културното лето “Бит Фест“, во Офицерски дом во Битола, ансамблот трио “Интерарт“ од Битола приреди исклучителна камерна вечер пред преполна сала, вечер исполнета со виртуозност, музичка зрелост и силна емоционална комуникација со публиката. Триото, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска, уште еднаш потврди дека камерната музика може да биде привлечна, ...
На 06.08.2026 во 10:00 часот на ул. „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Ј. (32) од Скопје. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. На 06.08.2026 во 10:00 часот на ул. „8 Септември“ во ...
Од понеделник 10.08.2026 година ќе започнат градежните активности за изградба на паркинг простор кај „Ат Пазар“ во Битола откако беше извршен вовед во работа, започнаа подготвителните работи. Со цел непречена работа на терен се замолуваат граѓаните кои живеат таму и го користат просторот каде што ќе се изведуваат градежните работи, своите возила да ги дислоцираат. Изградбата на овој паркинг е со средства од вториот владин повик преку ...
Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за полуфиналните средби на Мундијалот за кадетки во Романија, а меѓу нив ќе бидат и Македонците Даниело Божиновски од Битола и Виктор Начевски од Скопје. Божиновски и Начевски го добија полуфиналниот дуел меѓу Шпанија и Египет, што ќе се игра денеска во Питешти. Во второто полуфинале ќе се сретнат Данска и Црна Гора. Божиновски и Начевски досега судеа на три меча од групната ...
Денес, петок, 7 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 35 степени. Утре, сабота, 8 август, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
Енергетска класа А+++/А++: Висока А+++ класа на ладење и А++ на греење со напреден инвертер мотор за максимална заштеда на струја. WiFi контрола: Вградена Wi-Fi паметна контрола на температурата од далечина преку мобилна апликација. Инвертер со моќност од 12000 BTU (ладење35 W, греење 4200 W), идеално оптимизирана за простории до 35 m². Филтер за воздух: Опремена со вградени Antifungus филтер, како и повеќе слоеви на заштита на надворешната ...
Викендов ќе се одржи 9. по ред традиционален фестивал на староградска музика Битола во Старата чаршија, кој е еден он настаните кои повеќе години се организира во Битола и е дел од годинашниот “Битфест“. Фестивалот ќе се одржи петок и сабота на плоштадот во Старата чаршија кај Детското студио “Монмартр“. Според програмата која ја соопшти организаторот предвидена е забава за битолчани и нивните гости и пријатна атмосфера како и изминатите ...
До морето има многу патишта. До сите потребни документи – само една адреса, Минт Центар. Патувањето е многу поубаво кога знаете дека сте подготвени за секој километар. Наместо да губите време на различни шалтери и институции, во Минт Центар ги добивате сите услуги што ви се потребни пред да тргнете на пат. Доколку патувате со сопствено возило, во Минт Центар можете брзо и едноставно да склучите авто осигурување и да извадите Зелен картон. ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола соопшти дека по домашните засилувања, потпишан е и првиот странец. Камрон МекДауел, американски шутер, ќе ја организира играта на Пелистер. -Овој американски бек шутер доаѓа како големо засилување во Битола и треба да ја поведе екипата кон новиот предизвик во сезоната. Има 23 години и висок е 196 сантиметри. Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а запиша и 317 скокови и 184 ...
Денес, четврток, 6 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 35 степени. Утре, петок, 7 август, во Битола времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ...
Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола вечерва беше отворена изложбата насловена “ТОПОС“ на полски графичари и е дел одистражувачкиот проект “Простори на уметноста: Природа – култура – човештво“. Изложбата е во соработка со Институтот за ликовни уметности, факултетот за уметност и образовни науки во Чешчин, универзитетот Шлезија во Катовица, галеријата “Ранко Струмениковски“ од Битола и Меѓународното графичко триенале Битола.За ...
Со излегувањето од печат на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“, авторот проф. д-р Зоран Пејковски од Битола го збогатува својот богат и плоден книжевен опус со своето 70-то книжевно дело – дело со исклучителна духовна, историска и поетска димензија. Овој грандиозен поетски еп е посветен на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Чуварот на Светата Охридска Архиепископија и на ...
Ангела Илиевска од Битола како вели, со особено задоволство ја претставува нејзината нова песна „Лето е“, проект во кој вложила многу љубов, емоција и посветеност. -Како што и самата песна вели: „Ова е нашиот омилен хит“, посакувам овие стихови да станат реалност и „Лето е“ да биде песна која ќе ја пеете, ќе ја споделувате и ќе биде дел од вашите најубави летни моменти, вели Ангела. Ангела искрено им се заблагодарува на сите кои беа дел од ...
Македонската публика викендов ќе има ретка можност двапати да ужива во музиката на Сергеј Ќетковиќ. Најпрво, на 8 август, тој ќе настапи во Градскиот парк во Дојран, а веќе следната вечер, на 9 август, ќе ја продолжи својата македонска летна приказна со концерт во Охрид. По концертите што со години оставаат силен белег кај домашната публика, Ќетковиќ и овојпат доаѓа со репертоар исполнет со безвременски љубовни песни, искрени емоции и ...
Денес се асфалтираше новиот паркинг простор во поранешната касарна кој е изграден на СТУ9 АРМ Четврт 3. Вкупната површина на овој паркинг простор е 1.550 м2 и се обезбедуваат нови паркинг места во тој дел на градот. Проектот кој е од вториот владин повик преку Министерството за транспорт предвидуваше и се изведе коловоз, атмосферска канализација, сообраќај и осветлување. Вредноста на договор изнесува 6.256.014,18 денари. Денес се ...
Еден третман. Без апарати. Без агресивни техники. Само раце, прецизни движења и методологија што го активира природниот лимфен систем. Лимфомоделирањето е светски велнес тренд кој истовремено придонесува за: намалување на задржаните течности, подобрување на циркулацијата, намалување на чувството на тежина, поизразена силуета, како и поздрава и поеластична кожа. Во “Боди М“ оваа револуционерна техника ја изведува Марија Каревска, лиценциран ...
Денес, среда, 5 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 35 степени. Утре, четврток, 6 август, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. ...
-Со новите хитови „Ја волим кад си ту“ и изведбите на безвременските песни “Оливера“, “Моја Јулишка“… емоции и искрената љубов од публиката кој дојде од а публика имаше од Битола, Скопје, Струмица, Велес, Србија, Хрватска…, концертот прерасна во вечер што долго ќе се памети. -Илјадници гласови во еден хор – публиката пееше со својот идол, а женската публика доминираше во Античкиот театар, пеејќи ги сите негови песни.Античкиот театар во Охрид ...
Битола на 7 август ќе ужива во незаборавна музичка вечер со еден од најомилените балкански пејачи – Жељко Самарџиќ. Доколку сакате да бидете дел од вечер исполнета со безвременски хитови, емоции и одлична атмосфера, обезбедете го вашиот билет навреме. Карти во Димпо Тобако, Тобако Бротхерс или онлајн на https://kupikarta.com/tickets.nspx?eventid=5753 Инфо: 076/942-600 Битола на 7 август ќе ужива во незаборавна музичка вечер со еден од ...
Љубителите на македонската народна музика на 8 август 2026 година (сабота) ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, традиција и безвременски македонски песни. Во прекрасниот летен амбиент на ресторан “Palash“ ќе се одржи концерт на едни од најреномираните македонски музички имиња – Сузана Спасовска и Наум Петревски, придружувани од маестралните “Битолски Тамбураши“. Настанот ветува вистинско музичко доживување, каде ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, а четврто ново име во битолскиот состав е Иван Сапунџиев. Искусниот бек се договори за кам-бек во Битола и повторно ќе го облече „зелено-белиот“ дрес. Сапунџиев претходно беше дел од Пелистер во периодот од 2022 до 2024 година, кога настапуваше со битолчани во домашниот шампионат и во АБА2 лигата. Станува збор за 31-годишен кошаркар, висок 197 ...
-Битолското културно лето продолжува и во наредниот период со бројни содржини за сите генерации, потврдувајќи ја пораката што Борко Лазески ја оставил на своето ремек-дело: дека уметноста им припаѓа на граѓаните и дека градот живее најсилно тогаш кога се игра, се пее, се создава и се споделува културата. Битола годинава потврдува дека е еден од најживите културни центри во државата. Во пресрет на големиот македонски празник Илинден, градот ...
Ѓуро Илиќ од Битола основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 7 Дан, аикидо мајстор 8 Дан и 8 Дан за џиу џицу, преку кратко виео ќе покаже како да подготвите и што да тренирате за полагање на појаси. Овој пат преку видео ќе ви прикажеме дел од вежбите за појагање “Yout“ програма за појаси за деца yellow belt појас, број 2/1. Ѓуро Илиќ од Битола основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 7 Дан, аикидо мајстор 8 Дан и 8 Дан ...
Денес, вторник, 4 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 35 степени. Утре, среда, 5 август, во Битоал времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 36 степени. Денес, ...
Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола го официјализира и третото, последно, големо засилување за оваа сезона кое во клубот доаѓа од Белград, Р. Србија, а се работи за Невена Радовојевиќ и доаѓа од екипата на Инџија од Белград. Невена Радовојевиќ е родена 2003 година, игра на позицијата техничар, висока е 178 см, нејзината клупска кариера започнува во една од најголемите одбојкарски школи Lucky Star од Белград, за подоцна да го продолжи ...
Претпладнево со полагање на свежо цвеќе на споменикот на двата Илиндена пред Центарот за култура и Споменикот на илинденците во Храмот „Света Недела“, денес во Битола беше одбележан големиот државен празник Илинден. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот Бојан Бојкоски, советници, претставници на Сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе и се поклонија на сите кои со својата ...
Во срцето на Битола, на Широк Сокак, веќе 16 години SILVER MOON претставува препознатливо име за сите љубители на елегантен накит, модни додатоци и врвен квалитет. Со внимателно избрана понуда, професионална услуга и доверба изградена низ годините, овој семеен бренд успешно ја одбележува својата 16-годишнина. Во SILVER MOON клиентите можат да избираат од богат асортиман на накит од сребро, злато и медицински челик, накит со Swarovski ...