Се запали кола на плин во населбата Горно Оризари во Битола, пожарникарите се справија успешно со ситуацијата во која истекуваше плин од возилото. Примена дојава во 15:30ч. за запалено возило во Горно Оризари ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари. При интервенцијата од возилото успешно и професионално е отстранета и дислоцирана плинска боца под притисок која испушташе плин и претставуваше опасност за населението и објектите ...

Битола е гнасна, со ваква оценка за градот настапи Габриела Илиевска кандидатка за градоначалник за Битола од независната иницијатива Поинаку. Во интервју за Тера телевизија Илиевска вели - „Мотивот повеќе би рекла, отколку желбата, бидејќи во изминатите триесет и кусур години гледаме дека Битола е уназадена, гледаме дека Битола е целосно и максимално партизирана, да не зборувам дека во последните повеќе години Битола е гнасна, Битола е со ...

ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ Битола денес свечено го одбележа 11 Октомври – Денот на македонското народно востание, еден од најзначајните датуми во историјата на македонскиот народ. Овој ден претставува симбол на слободољубивиот дух и непокорот на македонскиот народ, кој пред 84 години, преку храброста и жртвата на борците од Народноослободителната борба, го означи почетокот на востанието против ...

Во Спомен куќата на народниот херој Стеван Наумов Стив започна снимањето на документарниот филм посветен на овој наш битолчанец кој храбро загина за слободата на Македонија во 1942 година. Филмот е во режија на Шенол Мемиш, а снимател и монтажер е Дејан Младеновиќ. Премиерно ќе биде прикажан на 5 Ноември во Кино Манаки во Битола.. Во филмот, кој ќе се снима на неколку локации, за животот и делото на Стеван Наумов Стив раскажува неговиот внук ...

Гнасотии и вулгарности упати извесен Илија Мирчески на Фејсбук коментар до локалниот битолски медиум Апла.мк, откако порталот објави дека брендирано камионче со фотографии од кандидатката за градоначалник на Битола Габриела Илиевска е паркирано погрешно на пешачка патека и дел на коловозот. По ова Мирчески кој на профилот остава впечаток дека е поддржувач на независната листа "Поинаку" и на Илуевска, упатува вулгарности и крајно недоличен ...

Архитектот Зоран Николовски е независен кнадидат за градоначалник на Битола на претстојните локални избори. Николовски е познат лик во градот, особено по неговите професионални ангажмани и како поранешен директор на Завод и Музеј Битола во два наврати. Во краткото интервју на Апла, Николовски одговара на неколку прашања а дава и образложение зошто по членството во две политички партии сега донесе одлука да биде независен кандидат за ...

Започна зафатот за изведба на голем хотелски комплекс во Битола насловена - „АТИК Премиум“. Комплекст е лоциран на стотина метри од Широк Сокак, непосредно до Градскиот парк, Музејот на град Битола, Градскиот стадион, Шеталиштето и најмодерната населба на Битола лоцирана во поранешната касарна - Златен рид. Хотелскиот комплекс всушност е во реон со нови станбени објекти, трговски центри, како и други објекти од јавно и комерцијално значење ...

Брендирано возило на кандидат за градоначалник на Битола денеска е затекнато паркирано на пешачка патека. Граѓанин кој ни ја испрати фотографијата вели дека патеката била зафатена со товорно возило со налепници во контекст на претстојните локални избори. Од фографијата се гледа дека брендираното возило е паркирано на пешачка патека и зафаќа дел од коловозот. Пред два дена кандидатката за градоначалник на Битола од независната иницијатива ...

СТАДИОНОТ „ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ" ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ГОЛЕМ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, ќе биде домаќин на репрезентацијата на Ерменија, за фудбалери до 21 година. Натпреварот ќе се одигра денес со почеток во 17:00 часот, во рамките на 3-тото коло од квалификациите за пласман на европското првенство во 2027 година. Откако стадионот "Петар Милошевски" ја помина инспекцијата на Европската фудбалска ...

СВР Битола официјално соопшти - На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ...

Денеска истекува рокот за јавната понуда на српската Алта банка АД Белград за купување на 371.528 акции на Стопанска банка АД Битола. Алта Банка АД Белград на почетокот на октомври месец ги извести сите акционерите на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година. Според известувањето ите заинтересирани акционери, согласно јавниот ...

Претседателот на НСДП Горан Мисовски вечерва во Битола присуствуваше на промоцијата на кандидатот за советник Драги Крстев кој е на четвртата позиција на листата на СДСМ и коалиција. На промоцијата присуствуваа и генералниот секретар на НСДП Мики Милковски, потпредседателката Јилијана Сековска. Пред присутните во салата во Битолскиот Музеј, покрај Мисовски се обрати кандидатот за градоначалник на Битола, Методија Куновски, како и ...

Во срцето на Битола, на плоштадот Магнолија, денес по 28 пат се организираа "Денови на македонското пчеларство", настан кој ја промовира традицијата, трудот и љубовта на нашите пчелари кон природата и здравјето. Пчеларството е повеќе од занает, тоа е мисија за зачувување на биодиверзитетот и одржување на рамнотежата во природата. Битола како град со долга традиција во оваа област, со гордост ги поддржува нашите пчелари и нивните производи ...

Младиот Мартин Ивановски е кандидат за советник во Советот на Општина Битола од собветничката листа на ВМРО ДПМНЕ. Мартин Ивановски е апсолвент на Правниот факултет - Кичево (дисперзирани студии во Битола), при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола. Професионално е ангажиран во приватниот сектор, каде што работи како графички дизајнер во маркетинг агенција. Тој е актуелен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола. ...

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, посочувајќи дека минатогодишниот мандат го извршувал посветено, одговорно, отчетно, а новиот мандат ќе значи континуитет на активностите кои секојдневно се реализираат на терен. Коњановски истакна дека Битола во изминатите четири години беше едно градилиште и посочи ...

СВР Битола - На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено..Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска и кандидатот за Градоначалник на Битола, Методија Куновски, денеска остварија средба со културните работници од Интимен театар во Битола. На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој и унапредување на културата во градот на конзулите. „Програмата на СДСМ за Битола, во делот на културата предвидува поддршка за локални фестивали, манифестации, уметнички здруженија и ...

Актуелниот градоначалник на Битола и кандидат за втор мандат Тони Коњановски денеска оствари средба со Даница петличкова претеседател на Здружението на пензионери од Битола и други претставници од здружението. Пензионерите се генерација што дала многу за развојот на нашата заедница и заслужуваат внимание, почит и поддршка. Како локална самоуправа остануваме посветени на реализација на активности и проекти што ќе овозможат поактивно и ...

Александар Талевски - Крт кандидат за советник на листата на граѓанската иницијатива ГРИН, од сега најавува дека ако ја добие довербата на битолчани за влез во Советот на Општина Битола ќе го донира советничкиот паушал на свои сограѓани и институции на кои им се потребни средства за живот и функционирање. Талевски е трет на листата на ГРИН, тој е познат бизнисмен од градот а во последните години е активен во секторот на градежништво. Од ГРИН ...

Поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска последниот период се почесто може да се види во јавноста со кандидатите за градоначалник и советници на СДСМ за претстојните локални избори. По кафето испиено со кандидатот за градоначалник Методија Куновски и екс градоначалникот Златко Вршковски, таа е се поблиску до своите сопартиијци и учесници на локалните избори. Кандидатот за советник Јане Велковски кој е на седмата позиција на ...

Во рамките на редовната настава, согласно Законот за Основно образование, наставниците организираат дополнителна и додатна настава за учениците, или во договор со учениците, или по распоред кој се истакнува во самото училиште со точно определен ден и термин за одржување на наставата. Дополнителната настава, се организира за ученици кои доволно не разбрале и совладале на часот, или недоволно покажале интерес за тоа што се изучува, односно за ...

Битолчанката Олендије Али ја предводи советничката листа на коалицијата ВРЕДИ за претстојните локални избори во Битола. Носителката Али објави - Со благодарност во срцето и со најголема одговорност ја прифаќам со чест мојата кандидатура како носител на листата за советници во Општина Битола од редовите на коалицијата ВРЕДИ. Ова не е само политички чекор, туку ветување дека ќе работам за секое семејство и за една Битола каде секој граѓанин ќе ...

Градоначалникот на Битола и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, денес оствари средба со лица со атипичен развој и граѓани од социјално загрозени категории. Ги слушнав нивните приказни и предизвици со кои се соочуваат, како и тоа кои се нивни предлози се со цел подобрување на условите за нивно секојдневно непречено функционирање. Само преку директна комуникација можеме да создадеме вистински решенија. Како Градоначалник, но пред се и ...

Талентираната Ана Марија Радевска (15) , ликовна уметница од Битола, ја освои првата награда на Националниот ликовен конкурс по повод 30 години Педагошки факултет Битола. Награден цртеж По повод 30 години од постоењето на Педагошкиот факултет, се одржа национален ликовен конкурс на тема „Учителот“, на кој учествуваа голем број ученици и училишта од цела Македонија. На конкурсот беа претставени бројни креативни цртежи поделени во неколку ...

Македонската поетеса Ана Бунтеска ќе биде гостин на книжевната вечер во Книжевниот клуб УТОПИА во Битола. Настанот ќе се одржи во сабота, 25 октомври, од 19:00 часот. -Нејзините стихови не те оставаат рамнодушен, те потсетуваат дека човечноста е сè уште тука, скриена во некој збор, нечиј поглед или недоизречена тишина, објавија од Книжевниот клуб УТОПИА место каде разговорите се искрени, а поезијата станува засолниште за сите што понекогаш ...

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски оствари средба со просветни работници од градот и други чинители во образовниот процес од основните и средните училишта во градот. Изразив благодарност до наставниците и професорите за нивната посветеност и улогата што ја имаат во воспитно-образовниот процес на младите генерации. Образованието е темел на развојот на нашата заедница. Со нивната љубов кон учениците се најважниот двигател на напредокот. ...

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Методија Куновски, заедно со кандидатите за советници, остварија средба со здравствените работници од градот. Во атмосфера исполнета со почит кон „белите мантили“ – хероите на денешното време, Куновски ја изрази својата благодарност за нивната посветеност и пожртвуваност во грижата за здравјето на граѓаните. Тој побара поддршка од здравствените работници и вети дека, како иден градоначалник, ќе ...

Досегашниот советник Бојан Бојкоски ја бара довербата од битолчани за втор мандат во Советот на општина Битола, како дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. -Ми претставува огромна чест што по втор пат ќе бидам дел од листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Битола. Искрена благодарност до Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Д-р Христијан Мицкоски, Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола Пеце Милевски, членовите на ...

Стефан Тековски носител на советничката листа на Граѓанска Иницијатива - ГРИН за престојните Локални избори во Општина Битола ветува заложби за отворање на Одделение за привлекување на странски и домашни инвестиции. -Ние од Граѓанска Иницијатива - ГРИН доколку ја добиеме вашата поддршка ќе побараме во Советот на Општина Битола промена на систематизацијата во општинската администрација, отварање на Одделение во Општина Битола за привлекување ...

„ВИСТИНСКИ ИЗБОР – ДРАГОР СО НОВО ЛИЦЕ, СПОЈ НА ТРАДИЦИЈА И МОДЕРНОСТ!“ Актуелниот градоначалник Тони Коњановски и кандидат за втор мандат најавува уредување на коритото на реката Драгор. "Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализацијата на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1001
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1005
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
84%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1001
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
83%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1001
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.34
89%
1002
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
66%
1008
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Паладиум

58707.26

Иридиум

169549.30

Родиум

311058.47

Платина

72143.25

Цинк

3.11

Алуминиум

3.08

Бакар

11.76

Злато

143662.56

Кобалт

59.52

Калај

44.58

Рутениум

44142.98

Сребро

2492.14