Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека руските сили извршиле ракетен напад предизвикувајќи пожари во најмалку два квартови на украинскиот главен град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, објави дека околу 600 украински дронови биле лансирани кон руската метропола во текот на ноќта Руските и украинските сили разменија нови масовни напади во текот на ноќта. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека руските ...
Несреќата се случила кога туристичкиот автобус, кој патувал од Полска, излетал од автопатот М3 во Унгарија и се превртел во канал околу 1 часот по полноќ. Унгарската полиција објави дека еден од возачите е приведен бидејќи првичните наоди укажуваат на тоа дека заспал додека управувал со автобусот Дванаесет лица загинаа, а најмалку 10 се повредени откако автобус се преврте на автопат во источна Унгарија во текот на ноќта. Автобусот бил со ...
На ГП „Табановце“, пак, за излез од државата се чека околу половина час Од утринава зголемена е фреквенцијата на сообраќај на граничните премини во земјава. Според извештајот на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на Граничниот премин „Табановце“ за излез од државата се чека околу 30 минути, а на ГП „Богородица“ за излез од земјава кон Грција се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, според АМСМ, нема ...
УХМР најавува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ветер Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 18 Целзиусови степени, ...
Меѓу луѓето во морето имало и бремена жена во седмиот или осмиот месец од бременоста, како и родители со мали деца Повеќе од 500 луѓе за време на катастрофалниот пожар во областа на Омиш, Хрватска побарале спас во морето. На помош, покрај Капетанијата на пристаништата, полицијата, царината и другите служби, им пришле и сопствениците на повеќе од 20 приватни чамци. Во меѓувреме, жителите почнале да се враќаат во своите домови во областите каде ...
Покрај ракетно-вселенскиот центар, во украинските напади погоден е и воениот аеродром Саваслејка во регионот Нижни Новгород, дом на руски авиони што се користат во ракетните напади врз Украина, како и нафтен објект во регионот Ленинград Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Украина го погодила ракетно-вселенскиот центар „Прогрес“ во рускиот регион Самара. Нападот е извршен со крстосувачки ракети „Фламинго“ од домашно ...
Официјалниот број на жртви расте како што се во тек спасувачките акции Најмалку 47 лица загинаа, а десетици други се повредени во разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Индонезија. По првичниот, следеа десетици последоватени потреси, од кои еден со јачина од 6,1 степени. Официјалниот број на жртви расте како што се во тек спасувачките акции. Националната агенција за управување со катастрофи ...
Арбен Џафери беше основач и прв претседател на Демократската партија на Албанците Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска го посети гробот на Арбен Џафери, по пвоод 14-годишнината од неговата смрт. „По тој повод, тој положи свежо цвеќе и му оддаде почит на ликот на Арбен Џафери, една од најважните личности на албанската политика во Северна Македонија“, се наведува во фејсбук-објавата на ДПА. Арбен ...
Директорот на Јавното комунално претпријатие „Бошава“ вели дека не може однапред да се утврдат причините за тоа што се добиени два различни резултати од анализата на водата од градскиот водовод и дека од тие причини се прават дополнителни анализи и проверки Случајот со забранетата вода за пиење на водата во Демир Капија да не се користи за дневнополитички поени – апелира в.д. директорот на демиркапиското јавно комунално претпријатие „Бошава“, ...
Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што нивниот број се искачи на 34 – велат од Центарот за јавно здравје Скопје во изјава за МРТ. Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново. Најмногу случаи се евидентирани во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половината се од Драчево. „Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат ...
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил на осум километри северозападно од Гостивар, на длабочина од три километри Земјотрес попладнево е регистриран во Полошкиот Регион. Потресот со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е евидентиран во 16:10 часот. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот е регистриран на околу 47 ...
Директорот на ДЗС вели дека пожарот се одвива на стрмен и непрооден терен со густи трња и грмушки, поради што интервенцијата од копно е невозможна Трите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска се вклучени во гасење на пожар на непристапен терен на планината Жеден кај Јажинце. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, вели дека пожарот се одвива на стрмен и непрооден терен со густи трња и грмушки, поради што интервенцијата ...
Со нападот врз ќерката и заканите дека ќе ги запали неа и сопругата, 50-годишниот тетовец освен што ја загрозил нивната сигурност, ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои претходно му биле определени од Основниот суд Тетово Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи притвор за 50-годишен тетовец за кој постои основано сомнение дека ја загрозил сигурноста на своите сопруга и ќерка. До насилството, како ...
Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело – безобѕирно управување со возило. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден ...
„Граѓаните на Гостивар имаат право да знаат. Која институција направила анализа на водата и кои се резултатите? Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна? За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност“, велат од СДСМ Од опозицискиот СДСМ велат дека иако вчера политичари и функционери вчера во Гостивар пред камери пиеја вода од градскиот водовод, се уште нема ...
Пред десеттина дена министерката за образование Весна Јаневска информираше дека бројот на основци во земјава е значително намален и во моментот имаме 4 900 првачиња помалку од лани. Таа напомена дека бројката не е дефинитивна затоа што уште ќе се запишуваат, но останува фактот дека има драстичен пад Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека скопската општина Кисела Вода има прилив на првачиња и додаде дека тоа ја ...
Според ДЗС, вчера биле регистрирани 27 пожари на отворено од кои 20 се целосно изгаснати, еден е ставен под контрола, а шест се активни Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информира дека вчера имало 27 пожари на отворен простор на територија на целата земја. Тој смета дека, ако се земе предви дека имало локални врнежи, оваа бројка е сепак алармантна. Според Ангелов, 20 од пожарите се целосно изгаснати, ...
Благата насмевка што ја придружуваше оваа изјава отвора дилема колку Трамп бил сериозен, како и дали неговата порака претставува промена на американската политика Американскиот претседател Доналд Трамп во изјави дека, откако Иран ќе биде поразен, ќе го прогласи стратешки важниот Ормуски Теснец за „американска територија“. „Откако ќе го докрајчиме Иран, набргу потоа ќе го прогласам Ормускиот Теснец за американска територија“, порача ...
„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски Не бев само во Брисел, вели премиерот Христијан Мицксоки додавајќи дека од Македонија бил отсуден околу една недела бидејќи бил на патување што е дел од воспитувањето што го имаат со неговите синови – еднаш во годината да ...
„Јас се надевам дека со новите измени на кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните“, рече премиерот Христијан Мицкоски Повеќе од десет лица се повикани на разговор во МВР за случајот со пораките дека водата во Скопје е загадена, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски оценувајќи дека се ...
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Според МВР, синоќа (14.08.2026 г.) во 21:15 часот, на улица „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, полицијата го лишила ...
Драматично било синоќа на хрватскиот остров Дуги Оток каде во пожар на отворено изгоре површина од околу 300 хектари, а пожарникарите успеале да ги спасат куќите на островските заливи. Хрватска и натаму се справува со последиците од вчерашниот пожар кај градот Омиш. Четворица тешко повредени пациенти се сместени на клиниките во Загреб. Едно лице го загуби животот чиј идентитет се уште се утврдува Пожарникарите цела ноќ се бореа со голем пожар ...
Во автобусот имало главно млади луѓе, кои се враќале од летување во Кушадаси, Турција Двокатен автобус со 84 патници рано утрово излетал од автопатот „Тракија“ во Бугарија, потврдија од бугарската полиција за Н1. Во инцидентот нема повредени. Несреќата се случила околу пет часот утрово, на 90. километар од автопатот, во правец кон Софија. Автобусот, од засега неутврдени причини, ја пробил заштитната ограда и излетал во поле покрај патот, ...
Од Царинската управа велат дека контролите веќе даваат резултати, односно дека е забележана зголемена наплата на увозни давачки за пловила кои претходно биле внесени во земјава со привремен увоз Мобилни тимови на Царинската управа, во координирана акција со Министерството за внатрешни работи (МВР), извршиле контрола на 38 пловила на Охридското Езеро, при што биле проверувани нивниот царински статус, како и лицата што управувале со нив. Од ...
Најмалку 20 лица загинале, но тоа не е конечниот биланс на жртви Индонезија и соседните земји често се погодени од земјотреси поради нивната местоположба на пацифичкиот Огнен прстен, појас на интензивна сеизмичка активност што се протега од Јапонија, преку Југоисточна Азија и понатаму низ Пацифичкиот басен Спасувачите во саботата ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, откако силен земјотрес го погоди подрачјето во близина на ...
Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Се очекува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 ...
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) бара одговори од владата во Берлин, зошто германската амбасада во Скопје финансирала театарска претстава за правата на ЛГБТИ-популацијата, објави „Дојче веле“ Темата доби на тежина откако таблоидот „Билд“ ја пренесе информацијата, а пратеници и поддржувачи на АфД масовно ја споделија на Х (поранешен Твитер), скандализирани поради содржината на претставата. Станува збор за театарската ...
Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека пожарот е делумно ставен под контрола и во моментов не претставува опасност по населените места Над скопското село Бојане во Општина Сарај вечерва избувна пожар, кој се шири од правец на Јегуновце – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен интервенираат четири екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, а екипи на противпожарната служба од Тетово се ангажирани како ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд на САД да го одложи спроведувањето на одлуката на Апелацискиот суд и да дозволи продолжување на изградбата на балската сала во Белата куќа, вредна 400 милиони долари Во случајот што го тестира претседателскиот авторитет на Доналд Трамп, апелациониот суд на САД за округот Колумбија минатата недела пресуди дека контроверзниот проект немал потребно одобрение од ...
Манџоне се соочува со максимална казна доживотен затвор Луиџи Манџоне денеска пред федералниот суд во Њујорк призна дека го убил извршниот директор на најголемата приватна компанија за здравствено осигурување во САД, „Јунајтед хелткер“, Брајан Томпсон. „Јас го застрелав г-дин Томпсон на Менхетен и тој почина“, кажа 28-годишниот Манџоне. Би-би-си опишува дека атмосферата во судницата била тивка, но напната, додека Манџоне говорел со стабилен ...