Големо е разочарувањето во македонската репрезентација откако нашите најдобри ракометари претрпеа пораз на гостувањето против Грција. Пресудно се покажа првото полувреме во кое противникот целосно доминираше, на почетокот од вториот дел Грците стигнаа до „плус девет“, за Македонија конечно да се консолидира и до крајот да ја намали негативата до пет гола разлика. Селекторот Кире Лазаров не го криеше разочарувањето од конечниот исход, ...
Прага е прогласена за најдобар европски град за оние што сакаат да патуваат сами, а веднаш зад неа се најдоа полскиот Краков и Истанбул во Турција. Новото рангирање ги издвојува дестинациите што нудат добра рамнотежа меѓу трошоците за сместување, храна, превоз и забава, но и чувството на безбедност, објави „Еуроњуз“. Патувањето без придружба станува сè попопуларно, но одлуката за првото самостојно патување не е секогаш лесна. Откако ќе се ...
Триесет и првата конференција на Обединетите нации за климатски промени (КОП31) почнува утре во турскиот медитерански град Анталија, каде ќе допатуваат шефови на држави, високи функционери, академици и претставници на цивилното општество од целиот свет. Турција ќе претседава со овогодишната конференција што ќе трае од 9 до 20 ноември, а е организирана под мотото „КОП на иднината – КОП на спроведувањето“, засновано на три столба: дијалог, ...
Американскиот извидувачки авион, кој денес полета од романската воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, патролира во близина на границите на Русија повеќе од четири часа. „Бомбардиер Артемис II“ полета околу 9:41 часот по московско време и се упати кон север, прелета околу регионот Калининград, а потоа се упати кон север кон Естонија, по границите на балтичките држави со Русија, објави РИА Новости. Американската компанија „Лејдос“ го ...
Југозападна Европа е под влијание на исклучително моќен циклон. Циклонот Бруно, официјално именуван од Португалскиот метеоролошки институт IPMA во координација со шпанските и регионалните служби, донесе драстично влошување на времето, придружено со обилни дождови, ветрови со сила на ураган и огромни бранови на отворено море. Системот се формираше над огромните пространства на Атлантскиот Океан, од каде што брзо ќе се движи кон Иберискиот ...

