Според првичниот распоред, овој дуел требаше да се одигра во ноќта помеѓу недела и понеделник со почеток во два часот по полноќ. Сепак, новата идеја е средбата да се помести дури шест часа порано, односно во недела навечер од 20 часот. Со евентуалната промена на саатницата, организаторите сакаат да го избегнат големото невреме кое е најавено токму за времето кога Англичаните и Мексиканците требаше да излезат на теренот. Од ФИФА нагласуваат ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува за промена на времето на почеток на два натпревари од осминафиналето на Светското првенство. Се работи за два меча кои ќе се играат во недела вечер, а причина за можното поместување на термините за почеток се лошите временски услови, вклучително и ризикот од поплави, изјавија извори запознаени со ова прашање за Ројтерс. Натпреварот помеѓу Мексико и Англија на стадионот „Ацтека“ може да се ...

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) е блиску до одлука за поместување на терминот на осминафиналниот натпревар помеѓу Англија и Мексико. Немаше поголеми проблеми во организацијата на натпреварите од Светското првенство, освен средбата помеѓу Франција и Иран на почетокот од групната фаза, но сега ФИФА би можела да се соочи со повеќе од нив. Моментално постои неизвесност околу новиот натпревар на Франција, овој пат со ...

ФИФА донесе одлука да го презакаже натпреварот меѓу Мексико и Англија шест часа порано од предвиденото, за истото ги извести двете селекции… и на крајот се премисли решавајќи да не интервенира во календарот од овој мундијал. Челниците на ФИФА беа решени дуелот да се игра точно на пладне по локално време (19 часот по средноевропско време) поради најавените грмотевици кои би можеле да го прекинат мечот и истиот да биде стопиран и неколку часа. ...

Само неколку часа пред почетокот на осминафиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Парагвај и Франција, ФИФА предупреди дека постои висок ризик од одложување поради неповолни временски услови. Французите на тој начин се соочуваат со можност за повторување на сценариото од натпреварот против Ирак, одигран на 22 јуни, кој беше прекинат повеќе од два часа поради силно невреме што ја зафати Филаделфија. Враќањето на „Линколн Стадиум“, каде ...