Метеоролошката служба во Грција предупреди дека е во тек продолжен топлотен бран, за време на кој се очекуваат температури од 42 степени во некои области. – Ова е во суштина првиот топлотен бран од ова лето што ќе трае долго време – изјави Костас Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија во Атина и раководител на единицата METEO/EAA, пренесува „Катимерини“. Тој изјави дека се проценува дека областите каде што ќе бидат ...

Замислете да изградите куќа и потоа да откриете дека половина од неа се наоѓа на имотот на вашиот сосед, а тој сосед е друга држава. Отприлика тоа се случило на Меркет, мал остров од 3,3 хектари во Балтичкото Море, поделен меѓу Шведска и Финска. Истражувањето „Мировниот договор од Фредриксхамн и неговите последици во Шведска и Финска“, чиј коавтор е историчарот Петри Каронен, опишува како Договорот од Фредриксхамн од 1809 година ја принудил ...

Источноевропските земји од НАТО се подготвени да преземат поголем дел од трошоците за американските трупи стационирани на нивна територија во обид да ја одвратат администрацијата на Трамп од намалување на американското воено присуство во регионот, објави Блумберг, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Предлогот се подготвува за состанок на алијансата со американскиот потсекретар за одбрана за политички прашања Елбриџ Колби, кој ќе ...

Откупните цени на грозјето се понижувачки, СДСМ со закон ќе бара зголемување на откупните цени за 5 денари за килограм за сите сорти на винско и трпезно грозје, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со лозари од Тиквешкиот регион, на која се разговараше за моменталната катастрофална состојба во лозарството и претстојниот откуп. Во изјавата за медиуми Филипче посочи дека производствените трошоци се драстично ...

Голем пожар избувна денеска на потегот од хлорната станица кај Новите градски гробишта во Прилеп, преку Широк пат до Коњари, поради што Територијалната противпожарна единица – Прилеп упати итен апел до граѓаните кои имаат викендички и други имоти во овој дел да се упатат кон своите објекти и да помогнат во спречувањето на ширењето на огнот. Апелот на ТППЕ – Прилеп се однесува на целиот потег од хлорната станица кај Новите градски гробишта, ...

НАТО се подготвува за многу реална можност следниот француски претседател да ѝ нанесе голем удар на воената алијанса, објави Политико. Неодамнешните анкети на јавното мислење во Франција покажуваат дека околу половина од гласачите ги поддржуваат радикалните кандидати на претседателските избори следната година кои се противат на НАТО. Марин Ле Пен од екстремно десничарската партија Национална унија сака да го извади Париз од интегрираната ...

Нов голем пожар избувна во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча каде огнот дојде во близина на куќите, но нема изгорени куќи освен една помошна просторија. Една постара жена била извлечена на сила бидејќи не сакала да излезе од својата викендица. Последната вест од таму е дека е наредена евакуација на жителите од населбата Софилари. Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пред малку изјави дека наредил евакуација ...

Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) и Конфедерацијата на северноамерикански, централноамерикански и карипски фудбалски асоцијации (КОНКАКАФ) започнаа дискусии за форматот на заеднички фудбалски турнир на кој би можеле да учествуваат 96 екипи, објавува британски „Гардијан“. Според изворот, почетокот на натпреварувањето би можел да се планира за 2028 година. Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) исто така изрази интерес за учество ...

Недостатокот на работници во туризмот, градежништвото и другите сектори ги поттикнува балканските земји сè повеќе да вработуваат луѓе од Непал, Филипините, Виетнам и Индонезија. Албанија веќе потпиша нови договори со Виетнам и Индонезија и е во преговори со Филипините. Три децении, балканските земји беа првенствено извор на работна сила за поразвиените европски економии. Но, сега, емиграцијата, намалувањето на населението и растечката ...

Порастот на водостојот годинава е добра вест, но не е доказ дека езерото закрепнува. Зад привременото зголемување на водата останува долгорочен тренд на намалување на водната маса, климатски промени, зголемено испарување и недостиг од заеднички мониторинг на Македонија, Грција и Албанија. Преспанското Езеро годинава изгледа подобро. Водостојот се зголемува по неколку години на драматично намалување, а со водата повторно се враќа и надежта ...

Ако продолжи по досегашната траекторија Владата ризикува да го заврши мандатот без никаков резултат. Или да оди на предвремени избори. Соња КРАМАРСКА* Како што привршува летото влегуваме и во финалните месеци од 2026 година, а Владата влезе во третата година од својот мандат. Но и оваа година како и претходната, а 2024 не ја броиме затоа што тоа беа месеци на аклиматизација на новата власт, се чини ќе помине во празен од на Северна ...

ПРВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ БОКСЕР ВО ТАРАНТО Македонскиот боксер Ален Рустемовски победнички го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако попладнево го совлада Михајло Декиќ од Босна и Херцеговина и се пласира во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми. Рустемовски ја доби осминафиналната борба со прекин во третата рунда. Судијата го запре мечот на 20 секунди пред крајот, односно по две минути и 40 секунди борба во ...

Борбата против огнената стихија продолжува на неколку локации во Србија, а најкритична е во Делиблатска пешчара, каде што се ангажирани околу 400 луѓе, додека рускиот авион Иљушин обезбедува значителна воздушна поддршка. Во исто време, пожарот на планината Столови сè уште беснее, иако ситуацијата кај средновековната тврдина Маглич е стабилна. На територијата на општина Кладово, претходно прогласената вонредна состојба е укината. Поради ...

Најновите податоци за просечната плата отворија нова пресметка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но кога бројките ќе се извадат од партиските соопштенија и ќе се пресметаат со иста методологија, сликата е значително помалку спектакуларна. СДСМ го зема падот на просечната плата во еден месец како доказ за влошување на животниот стандард. ВМРО-ДПМНЕ, пак, зема два различно долги периоди, го дели номиналното зголемување во денари со бројот на месеци и од ...

Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, фестивалот „Охридско лето“ и ова лето ја потврди својата позиција како еден од најзначајните културни настани во земјава и препознатлива европска фестивалска сцена. Шеесет и шестото издание донесе исклучително богата програма, врвни уметници од повеќе земји, полни концертни простори и публика која со своето присуство и аплаузи покажа дека Охрид повторно живее со уметноста. ...

Во периоди на високи температури и тропски ноќи, сонот лесно може да се наруши, што има последици по здравјето. Неврологот Никола Војводиќ, кој беше гостин во емисијата „3Д – Нова димензија на денот“, за Инсајдер изјави дека несоницата или несоницата може да биде психолошка последица, но и соматска или невролошка болест. Сепак, интересно е што повеќе од 50 проценти од луѓето кои страдаат од хронична несоница немаат никаква специфична причина, ...

Охрид, Преспа или Дојран – разликата не е само во погледот. За едно четиричлено семејство не е исто каде ќе испие кафе, ќе руча, ќе изнајми лежалка и колку километри ќе помине до езерото. Последните августовски викенди секогаш имаат малку поинаква атмосфера. Некои веќе се враќаат од одмор, други го користат последниот слободен викенд пред почетокот на септември за уште еден ден покрај езеро. Но годинава едно прашање е речиси неизбежно: Колку ...

Од 2022 до денес ценовниот удар не исчезна – само стапката на новото поскапување се намали. Еве зошто бројката од 2,3 отсто не значи дека животот станал поевтин. На прв поглед, бројките изгледаат охрабрувачки. Во јули инфлацијата во Македонија изнесува 2,3 отсто на годишно ниво. Само 2,3 отсто – бројка која во споредба со двоцифрената инфлација од годините на енергетската и прехранбената криза изгледа речиси безопасно. Но, доволно е ...

Кога се зборува за кривично дело поврзано со финансиска штета, логично се поставува прашањето: кој е оштетен? Во случајот „Мазут“, како оштетен субјект се водеше АД Електрани на Северна Македонија. Но, во текот на постапката се појави информација која ја менува перспективата — ЕСМ не пријавило финансиска штета. Ова прашање во јавноста го поставуваше и професорот Гордан Калајџиев. Ако самата државна компанија не пријавила штета, тогаш на што ...

Единствениот пат за заштита и остварување на правата на Македонците во соседните земји е членството на Македонија во Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија. Филипче повтори дека СДСМ ќе поддржи секој чекор што реално ќе ја подобри преговарачката позиција на државата и ќе го отвори патот кон полноправно членство во ЕУ. „Што и да се направи во контекст на ...

Социјалните медиуми се во центарот на јавното негодување во Ирска по смртоносната сообраќајна несреќа во која тинејџери загинаа додека се снимаа себеси како возат во погрешна насока на автопат. Најновиот случај е дел од опасен тренд на објавување видеа од диво возење на TikTok и други платформи, а најновиот случај предизвика дебати за одговорноста на полицијата, судството и технолошките компании, пишува The Guardian. Снимките што кружат на ...

По августовската пауза пратениците ги чека нова пленарна седница, но и голем број закони и процеси што останаа отворени. Од странските инвестиции и безбедноста во сообраќајот, до усогласувањето со новиот закон за високите раководители – еве што ги очекува пратениците во новата политичка сезона. Августовскиот одмор за пратениците завршува, а Собранието веќе ја има закажано првата пленарна седница по паузата – 121. седница на 2 септември. На ...

Словенија би можела да ги заштити натписите „Тито“ на Саботин и во Декани како културни споменици. Првиот натпис бил поставен во 1953 година, а оној во Декани подоцна, пишува хрватскиот весник Јутарњи Лист. Општина Нова Горица доставила иницијатива камената композиција „Тито“ да биде прогласена за културен споменик од локално значење. Бидејќи натписот на Саботин се наоѓа во заштитено подрачје, на регистрирано културно наследство од Првата ...

Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“, оваа година ќе се одржи на 22 и 23 септември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје. AI Tech Summit „Филип Аврамчев“ е водечки регионален самит за AI со седиште во Скопје, Северна Македонија, посветен на унапредување на разбирањето и одговорното усвојување на вештачката интелигенција низ индустриите и општеството. Фокусиран на поттикнување на соработката и иновациите, AI Tech ...

ПЕТ-скенот во Клиничкиот центар од денеска повторно е во функција, откако повеќе од еден месец не работеше поради дефект на циклотронот – системот за производство на радиоизотопи. Веќе се закажани девет пациенти, а Министерството за здравство најавува и обезбедување дополнителни количини радиоизотоп за да може апаратот да работи и во сабота, пренесе порталот 360 степени. Проблемот со циклотронот бил откриен при редовен сервис, а според ...

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за мапирање и проценка на речните бариери во преспанското сливно подрачје, со визија за реставрација на природниот тек на реките и унапредување на условите за опстанок на загрозената преспанска пастрмка. Проектот се фокусира на реките Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во Големото Преспанско Езеро. Овие реки се значајни живеалишта за богатата ...

Франција го донесе законот за асистирано умирање, но со тоа не стави точка на дебатата – туку отвори уште повеќе прашања. Од Холандија и Белгија до Швајцарија, Германија и Словенија, Европа има различни модели и различни одговори. А Македонија засега речиси и да нема јавна политичка дебата за прашањето: кој има право да одлучи кога животот треба да заврши? Франција го направи последниот голем чекор. На 19 август стапи во сила законот со кој ...

Колоните на граничните премини Табановце и Богородица дополнително се интензивираат претпладнево. Според информации од терен околу 11 часот, времето на чекање веќе се движи од 60 до 90 минути, во период кога Македонија е зафатена од екстремно високи температури кои денес во делови од земјата надминуваат 40 степени. Утрово АМСМ информираше дека на Табановце, и за влез и за излез од Македонија, се чека од 40 минути до еден час. На Богородица ...

Од Чаниште и Крушевица до Тајмиште и Никуштак, огнот и натаму е активен. Девет пожари се сѐ уште активни или не се ставени под контрола, а официјалните податоци покажуваат дека пожарите не се само природна непогода – најголемиот дел од шумските пожари во Македонија се поврзани со човечки фактор. Македонија и утрово се буди со активни пожари на повеќе локации. Во деноноќието на 21/22.08.2026 година, до 07:30 часот, ЦУК известува за ...

Француските агенции за борба против измами и здравство издадоа предупредување во петокот против десетици илјади потенцијално небезбедни кондоми што се продаваат на интернет, во продавници и аптеки, јави Ројтерс. Агенциите повлекоа околу 260.000 кондоми продадени во аптеки и продавници откако лабораториските тестови открија дека два производи претставуваат ризик од пукање или присуство на перфорации, се вели во соопштението. Тие им советуваа ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
70%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.97
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42