Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Капитенот на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах по девет години во Ливерпул донесе одлука кариерата да ја продолжи во европски клуб. 34-годишниот Салах би требало да го облече дресот на Бешикташ. Договорот треба да биде на една година и да биде вреден 10 милиони евра дополнителни два милиона како бонус. Клубот од Истанбул беше подготвен и за повеќе пари, но Салах сам решил да ги намали побарувањата, а клубот таа сума да ја вложува за ...
Во една недела пропаднаа два случаи на некогашното Специјално јавно обвинителство, формирано во 2015 година „за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, како што официјално се викаше или по наше – што ги гонеше сите од „бомбите“ обелоденети од СДСМ. Па, затоа, 11 години подоцна, личност на неделата ни е: Она на „Т“ Отсекогаш ме нервирал оксиморонот „кривични дела поврзани и ...
Ако постои една лекција што ја научивме низ сите изминати години, тогаш тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е најсилно кога е обединето. Ниту една функција, ниту една позиција и ниту едно лично несогласување не може да биде поважно од довербата што ни ја дава народот, истакна вечерва од Битола премиерот Мицкоски. Нашата сила никогаш не била во поединците, туку во заедништвото и чувството дека припаѓаме на нешто поголемо од нас самите. Довербата не е ...
Славко Винчиќ, судијата кој ќе го суди финалето на СП пред неколку години беше приведен за време на голема полициска акција во Бијелина, спроведена под името „Кристал“ поради сомневања за организирана проституција, трговија со дрога и недозволено поседување оружје. Во рацијата беа приведени 35 лица, а полицијата заплени кокаин, пиштоли, заштитни елеци и повеќе од 10.000 евра. Интересно е тоа што тој беше уапсен заедно инфуенерката Тијана ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе.Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ ...
Претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи изјави дека нема да присуствува на финалето на Светското првенство поради суеверие, продолжувајќи ја традицијата која трае повеќе децении. Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем ...
ФИФА потврди дека победникот на финалето меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра на стадионот во Њујорк – Њу Џерси во недела, ќе стане првиот тим во историјата на Светското првенство што ќе добие шампионски прстени, следејќи ја традицијата на американските професионални лиги како НБА, НФЛ и МЛБ. Со ова продолжува американскиот модел во фудбалот, што, за жал, нема да донесе ништо добро за најпопуларниот спорт во светот. Имено, станува збор ...
Слободан Костовски кој е осуден на долгогодишна затворска казна за шверц на две тони дрога бил водач на еден од ограноците на таканаречениот „Балкански картел“. Во моментот на апсењето, по него била распишана црвена потерница од Интерпол, бидејќи во 2018 година побегнал од затвор во Бразил, каде што издржувал деветнаесетгодишна казна, исто така за прекуокеански шверц на кокаин. Тој го искористил одобреното отсуство од затвор поради лекување ...
Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе паника меѓу вработените, кои се исплашија дека ќе им се намали платата, дека ќе имаат помалку права во јавното здравтсво, но и недоумницата што во иднина ќе се случува со пензиите, со оглед на менување на ставката за издвојување средства за пензиското осигурување. Иако на прв поглед изгледа ...
За љубителите кои бараат вистинско освежување со вкус на овошје и без конзерванси Состојки 5 кг вишни 3,5 кг шеќер 50 грама лимонска киселина 3 л вода 1 кесичка ванилин шеќер (по желба) Подготовка Измијте ги вишните под млаз вода, отстранете ги семките и дршките, па ставете ги во голем сад заедно со шеќерот, водата, лимонската киселина, и ванилата. Оставете ја смесата да отстои 24 часа на ладно и темно место, повремено промешувајте за да се ...
Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој подоцна го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, најави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. „Се радуваме на финалниот натпревар в недела и знам дека претседателот се радува на доаѓањето. Неговото присуство ќе го заокружи она што беше најгледаното, најбезбедното и најуспешното Светско првенство“, рече Ливит. Портпаролката на Белата куќа рече дека не знае дали ...
Од 17. до 19 јули 1967 година, во познатата црква „Света Софија“ во Охрид, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква го одржал Третиот македонски црковно-народен собор. Годината е симболична – точно два века претходно, во 1767 г., Цариградската патријаршија со поддршка од Отоманска Турција издејствувала укинување на автокефалната Охридска архиепископија. Митрополитот македонски, г. г. Доситеј, во присуство на насобраните ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата. – Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само ...
Екипата на Шкендија потешко од очекувањето го одигра реванш дуел од првото коло од УЕФА Конференциската лига со Европа од Гибралтар. Екипата на Шкендија повторно беше подобриот тим на теренот, но за разлика од првиот дуел, потфрли во ефикасноста. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86.минута. Гостите и на овој дуел беа тимот што мислеше како да го заврши дуелот со помалку примени голови. Победата од 5:0 на првиот дуел беше доволен ...
Знате ли зошто трае „војната“ меѓу Аргентина и Англија за Фокландските острови? Фолкландските Острови се под британска управа како прекуморска територија, но Аргентина тврди дека има суверенитет над островите, кои ги нарекува Малвински Острови. Во резолуцијата на Обединетите нации од 1976 година се наведува дека ниту Аргентина ниту Велика Британија не треба да преземаат еднострани дејства во врска со територијата додека траат преговорите за ...
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари ...
Тренерот на Силекс, Александар Васоски не го криеше разочарувањето по елиминацијата во воведното коло во Конференциската лига, откако освојувачот на македонскиот Куп загуби синоќа на пенали во Скопје од Динамо Минск. Силекс го пречека лидерот о белоруското првенство со гол предност од првиот натпревар, а откако реваншот во регуларниот дел и продолженијата заврши со идентично водство на Динамо Минск, белорускиот тим победи во пенал серијата со ...
Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд, информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот Дарко Костадиновски добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен ...
Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал.Пред две недели ...
Со новите законски решенија за урбанистичко планирање и градење надмината е досегашната правна празнина и создадена е рамка за изградба на дата-центри во државата. Иако сè уште нема конкретни иницијативи од приватниот сектор, државата сериозно размислува за изградба на државен дата-центар со цел заштита на институциите и зголемување на кибербезбедноста – посочи министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски, денеска, по увидот во ...
Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. – ...
Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење. Состојки: 300 грама пилешко филе 1 кинеска зелка 1 црвен кромид 1 црвена пиперка 1 краставица 5 шери домати 1 мал морков неколку листови нане свеж магдонос сол по потреба 1 лажица кикирики За преливот: 1 лимета 2 ...
Откако ја победи Англија во драматичната завршница од полуфиналето на Светското првенство, аргентинската репрезентација направи неочекувано откритие зад голот на противникот. Всушност, таму се наоѓаше шишето на англискиот голман Џордан Пикфорд, на кое имаше детален список на аргентински изведувачи и прецизни упатства за одбрана на пенали. Погледнете го целиот состав и тактичките инструкции што Иларио ги подготви за Пикфорд подолу: Меси – ...
Финалето на Светското првенство во фудбал кое треба да се игра во недела на 19.јули во Њујорк со почеток во 21 часот, можно е да биде одложено. Натпреварот ќе се игра на стадионот на во Њу Џерси кој има капацитет од 82.500 седишта. Неколку дена во пресрет на големиот спектакл организаторите имаат причина за загриженост поради најавата за неповолни временски услови. Се очекува температура од околу 28 степени и можност за грмотевици. Стадионот ...
Консумирањето овошни пијалаци во текот на летото, на прв поглед изгледа освежително и здраво. Но, од друга страна, овие навидум здрави напитоци можат да содржат големи количини шеќер, а со тоа да го зголемат нивото на гликоза во крвта. Причина за тоа се скриените шеќери што се наоѓаат во многу популарни летни јадења и пијалаци. Според експертите, проблем честопати не се оброците, туку пијалаците. – Секоја година го слушам истиот муабет од ...
Англискиот селектор Томас Тухел изјави оти ја презема одговорноста за своите одлуки од клупата за време на синоќешниот пораз од 2-1 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина, но наведе дека околностите на теренот го принудиле за дефанзивна игра по водечкиот гол. „Разочарани сме, бевме толку блиску, но по водечкиот гол станавме премногу пасивни и му дозволивме на противникот премногу шанси. Не успеавме да ја вратиме ...
Актуелниот светски шампион Аргентина успеа да се избори за финалето на Светското првенство во фудбал 2026 откако во полуфиналето вечерва со пресврт стигнаа до победата од 2:1. Аргентина титулата ќе ја брани во недела против селекцијата на Шпанија. Првото полувреме мина со премногу тактика и на полувреме беше 0:0. По десет минути игра англичаните поведоа со голот на Ентони Гордон. Во тогаш започнаа нападите на Аргентина, а голманот на Англија ...
Цеца Ражнатовиќ објави на својот Инстаграм профил дека нејзината семејна вила е поплавена.Иако дежурниот тим на водоводната компанија излезе на местото на настанот синоќа за да го реши проблемот со истекувањето на водата, се чини дека дефектот е многу посериозен и дека и покрај големите напори на надлежните служби, тој не е отстранет, па ќе бидат потребни уште неколку дена. Цеца откако се врати од одмор во Шпанија го забележала дефектот пред ...