Стрип-издавачот „Бункер“, во рамките на фестивалот за стрипови „Стрип Трип“ на 6 јуни, во 14 часот во МКЦ,, ќе го промовира своето ново издание од едицијата „Апслоутни почетници“, „Беше еднаш на Истокот“ од Бобан Пешов. Бобан Пешов е истакнат стрип автор кој постигна голем успех на италијанскиот пазар. Роден е во Македонија во 1988 година, а во 1996 се преселува во Италија каде што го завршува основното, средното и високото образование. ...

Четвртото издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност „Стрип Трип“ започна вечерта на 5 јуни во Младинскиот културен центар во Скопје со отворање на изложби, доделување на наградата „Македонско стрип наследство“ на Никола Гелевски и вечерна програма посветена на творештвото на српскиот стрип-автор Алекса Гајиќ. Фестивалот го отвори Игор Јовчевски, кој во воведното обраќање ги најави гостите и програмските активности на годинешното ...

Главен гостин на четвртото издание на меѓународниот фестивал на деветтата уметност „Стрип Трип“, што се одржува од 5 до 7 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, е стрип-авторот Бобан Пешов, кој ќе ја раскаже приказната за својот графички роман „Беше еднаш на Истокот“. Стрип-авторот Бобан Пешов веќе постигна голем успех на италијанскиот стрип-пазар. Роден е во Македонија во 1988 година, а во 1996 се преселува во Италија, каде ...

Фестивалот почнува в петок, 5 јуни, со отворање на изложбите во МКЦ Галерија и во киното „Фросина“, по што ќе следуваат свеченото отворање на фестивалот и доделувањето на наградата „Македонско стрип наследство“ на Никола Гелевски. Во програмата се и панел со Алекса Гајиќ, промоција на неговото дело „Принцезино поле на стрипот“, како и проекција на анимираниот филм „Крал на ништо“ од 2024 година. Во текот на викендот посетителите ќе можат да ...