Второто коло во Плеј-аут зоната носи уште три натпревари, во кои треба да биде, веројатно уште појасно, која ќе биде третата екипа која во наредната натпреварувачка сезона ќе се пресели во понискиот ранг на натпреварување – Првата македонска лига. По она првото, екипите на Чаир 2030 и на МКК Куманово, „побегнаа“ уште еден чекор од онааа „опасна зона“. Истото, дури и повеќе од тоа го направија и кошаркарите на Работнички, кои по дуелот и ...
Екипите на Гостивар и Работнички одиграа возбудлив натпревар во плеј-аут битката и по продолжението победа извојува домашниот тим со 75-70. Во регуларниот дел резултатот беше 59-59. Гостивар натпреварот можеше да го реши уште по 40 минути игра, затоа што во неколку наврати имаше и двоцифрена предност, но Работнички не се предаде и во самиот финиш се врати во игра. Сепак, во подолнителните минути гостинските кошаркари потфрлија и го запишаа ...
Работнички – Арсими 2:0 е исходот од денешниот меч на Арената во Скопје во рамките на 28.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Екстра значајна победа и златни три бода за тимот на Муарем Муарем во битката за опстанок. Стрелци беа Мухарем и Хоџа, па така сега Работнички повторно е на -1 бод во однос на деветтиот Пелистер. Во првите 45.минути не видовме ама баш ништо. Само тактика и тактика, имаше борба, но најважно беше да не се прими гол. ...
Работнички повторно се врати на победничките патеки откако на домашен терен со сигурни 2-0 го совлада тимот на Арсими, со што ја задржа надежта за опстанок во прволигашкото друштво. По серијата од четири врзани победи, „романтичарите“ беа запрени со поразите од Шкендија и Вардар, но по тешките пресметки со фаворитите, сега повторно освоија значајни бодови. Првото полувреме не понуди многу возбудувања. Играта беше мирна, без конкретни закани ...

