Најдобриот светски рекет, Јаник Синер тргна со победа на АТП Мастерсот во Рим каде целта му е титула и повторување на успехот на Новак Ѓоковиќ-Златен Мастерс. Синер немаше проблеми во соочувањето со Себастијан Офнер кого го совлада во два сета со 6-3 и 6-4. Соочувањето траеше 90 минути во кои направи по еден брејк во двата сета и дојде до резултатот што го посакуваше. Ова за него беше 29. триумф во низа на Мастерсите, се израмни со Рожер ...

Турнирот во Рим конечно го доби својот вистински вечерва, кога на „Кампо Чентрале“ стапна најголемиот италијански сон – Јаник Синер. Првиот рекет на светот, облечен целиот во црно, како витез подготвен за голема битка, не остави ниту трошка сомнеж во својата форма, совладувајќи го Австриецот Себастијан Офнер со 6-3, 6-4 во своето деби на овогодинешниот Мастерс. Рим сонува со очите на Јаник Атмосферата во распродадениот „Форо Италико“ беше ...

Хрватот до големата победа стигна по пресврт, откако Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-2. Призмиќ потоа возврати со 6-2 и 6-4 за најголем триумф во својата кариера. Ова беше прва победа на Призмиќ против српскиот ас, кој претходно го совлада на Австралија Опен во 2024 година. Воедно, Ѓоковиќ го доживеа и првиот пораз од хрватски тенисер на земјена подлога. Српскиот тенисер во Рим настапи по пауза од два месеци, а останува да се види дали пред ...

Вториот носител на Мастерсот 1000 во Рим Германецот Александер Зверев е елиминиран откако загуби добиен меч во осминафиналето со домашниот тенисер Лучано Дардери со 2-1 во сетови (1:6; 7:6 (12:10) и 6:0). Во вториот сет Зверев пропушт четири меч топки. Првиот сет фавориот го доби со 6:1 во гемови, а во вториот имаше преднист од брејк, а потоа и меч топки, кои не ги искористи. Тај брејкот Дардери го доби со 12:10 на поени, а во решавачкиот ...