Македонскиот прволигаш Пелистер се подготвува за натпреварот против Башкими, каде очекува продолжување на добрата низа и позитивните резултати во првенството. После победата над Работнички, „зелено-белите“ се стремат кон нов триумф со кој можат да фатат приклучок кон погорните позиции на табелата, а тоа го потврдува и тренерот Милан Стојановски. „Моментално сме во добра серија и работиме да ја задржиме што подолго. Знаеме дека играме против ...
Пелистер со убедливи 4-1 против Работнички го отвори пролетниот дел од сезоната во Првата лига и најави амбициозен настап во продолжението од шампионатот. Битолчани прикажаа ефикасна и организирана игра, а стартот им носи дополнителна самодоверба пред новиот предизвик кој следува веќе утре. Шефот на стручниот штаб Милан Стојаноски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека триумфот радува, но потенцираше дека тимот има простор за напредок. ...
Откако ја стартуваа пролетната полусезона со убедлива победа над Работнички, играчите на битолски Пелистер одат во Куманово на мегдан со Башкими (денеска, 14.00 часот) во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на ФК Пелистер, Милан Стојаноски дојде на клупата на „зелените“ во средина од есенскиот дел на сезоната, но сепак знае дека новиот прволигаш славеше во Битола со 2:1. – За нас нема различни натпревари, сметам дека со секоја екипа ...
Натпреварот во Куманово не изобилуваше со шанси, особено во првото полувреме во кое двете екипи играа претпазливо и без поголем ризик. Одлучувачкиот момент се случи во 38. минута кога Сумер Хасан највисоко скокна по корнерот на Алити и ја затресе мрежата за 1-0. Во вториот дел Пелистер се обиде со поофанзивен пристап да стигне до израмнување, изврши неколку измени и притисна кон голот на домаќините. Ивановски и Керим имаа свои можности, а ...

