Ракометарите на ГРК Охрид ќе го предизвикаат Вардар 1961 за трофејот во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот повторно дојде до финалето во натпреварувањето, а таму за противник ќе го има новиот „моќник“ во мак-ракометот, екипа дебитант во мечот за титулата. Во полуфиналето охриѓани демонстрираа моќ, го победија Еурофарм Пелистер и со убедлива игра стигнаа до историско финале. Тимот кој го доби Борис Ројевиќ се засилуваше како што ...
Најпријатното изненадување сезонава во македонскиот ракомет, ГРК Охрид е на прагот да испише историја. Тимот на Охрид вечерва од 20 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе игра во финалето на Купот против Вардар. Ако за Охрид ова е историски меч, тогаш за Вардар е нешто на кое се навикнати. Црвено-црните се актуелни освојувачи на Купот и вечерва ќе се обидат да стигнат до рекордниот 18-ти трофеј во ова натпреварување. Според коефициентите во ...
Ракометарите на Вардар 1961 повторно се искачија на врвот во Купот на Македонија, откако во неизвесно финале во Струмица славеа против Охрид со минимални 24-23. „Црвено-црните“ покажаа повеќе смиреност во клучните моменти и стигнаа до нов, вкупно 18-ти трофеј во ова натпреварување. Вардар подобро го отвори натпреварот и рано создаде предност од неколку голови разлика, која ја одржуваше во најголем дел од првото полувреме. Сепак, охриѓани не ...
ГРК Охрид го елиминираше шампионот Е.Пелистер во полуфиналето на Купот на Македонија, но кога требаше да „стави рака“ на трофејот, налета на пречката наречена Вардар, и не успеа да дојде до првиот трофеј во ова натпреварување. Охриѓани имаа шанси во финишот да го избегнат поразот, и да го одведат мечот во продолженија. Меѓутоа промашија „зицер“ и Вардар го однесе трофејот. Со реакција се јави и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој кажа ...

