Македонскиот ракометен клуб Вардар, ја впиша првата победа во втората фаза од ЕХФ Европската лига. Со триумфот над Мелсунген, вардарци остануваат во игра за позициите што водат во разигрувањето. Црвено-врните сега заостануваат два бода зад германскиот тим (6), а имаат 4 како и Бенфика. Токму португалската екипа ќе биде следниот противник на вардарци во Европската лига. Од таборот на Вардар објавија информација дека карате за овој натпревар, ...

По одличниот настап против Мелсунген и сигурната победа од 37-33 екипата на Вардар 1961 во својот храм „Јане Сандански“ ќе ја пречека екипата на Бенфика, во последниот домашен натпревар во втората фаза од Европската лига на ЕХФ. Атмосферата против бундеслигашот беше на завидно ниво, а клубот очекува да биде така и на соочувањето со тимот од Лисабон, кој е од круцијално значеше за вардарци. Билетите за овој натпревар веќе се пуштени во ...

Како што информираат од таборот на нашиот ракометен шампион, денеска се пуштени во продажба билетите за последниот домашен дуел на Пелистер во ЛШ и тоа против ПСЖ. Натпреварот со францускиот гигант се игра на 04.03.2026 (среда) со почеток од 20.45 часот а се игра во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. Нема сомневање и на овој меч дека салата ќе биде исполнета и дека Филип Кузмановски и другатите ќе ја имаат големата поддршка од фановите. ...