Пречек на Новата 2026 година со голем новогодишен концерт и настапи на домашни ѕвезди Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги покани скопјани на плоштадот „Македонија“ за пречек на Новата 2026 година, најавувајќи вечер исполнета со музика, забава и заедништво. „Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот ‘Македонија’ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот“, изјави Ѓорѓиевски. ...

Скопје е желно за новогодишна забава на плоштад. Последниве години отсуствуваше таква организација на дочекот на Новата година. Прво заради ковид пандемијата, а потоа, затоа што Градот не успеваше навремено да се организира. Годинава, сепак, на минусни температури, само најхрабрите се појавија на градскиот плоштад „Македонија“ да ја дочекаат Новата 2026 година. Прославата ја збогатуваат повеќе македонски изведувачи кои пеат за оние кои ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, новата 2026 година ја дочека меѓу граѓаните на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Центарот на градот беше исполнет со празнична атмосфера, музика и илјадници посетители кои заедно ја одбележаа новогодишната ноќ. Премиерот преку објава на социјалните мрежи упати честитка до јавноста, посакувајќи здравје, меѓусебно разбирање и лични и заеднички успеси, со акцент на заедништвото и позитивниот дух како ...