Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации. Тоа се селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Првпат ќе ги одмериме силите со Швајцарците, а статистиката не ни е така поразителна против Шкотска и против Словенија. Со Словенија имаме позитивен биланс, од седум меѓусебни натпревари, Македонија има четири победи, две средби завршија нерешено, а имаме само еден пораз. Најзначајниот дуел со Словенија беше токму првиот официјален меч, ...

Македонија првпат ќе игра на второто ниво од Лигата на нации, а тоа ни донесе и подобри противници, Шкотска, Словенија и Швајцарија се подобро рангирани од нас. Иако Словенија е подобро рангирана од нас, со нив имаме позитивна статистика. Сме одиграле седум меча, сме победиле дури четирипати, две средби завршиле нерешено, имаме само еден пораз. Против Словенците го одигравме и првиот официјален меч кога како гости ги совладавме со 4-1. ...

Македонија вчера во Брисел ги доби ривалите за Лигата на нации, издание во кое за првпат ќе играме во Б конкуренцијата што значи дека ќе имаше потешки, посериозни ривали на спротивната страна. Ждрепката ни донесе незгодна група, две селекции кои веќе се пласираа на Светското првенство кое летово ќе се одигра во САД, Канада и Мексико (Швајцарија и Шкотска) плус Словенија. Ова ќе биде идеална можност да се види на кое ниво е нашиот национален ...