Скопје/Охрид, 23. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – До овој момент реализирани се 557.985.782.11 евра или 93,3% од предвидената сума за изградба на автопатот Кичево-Охрид, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги споделија со Радио Слободна Европа (РСЕ). Санација на свлечишта, заштита од одрони на косините со пошумување, мрежа и прскање со бетон, се дел од активностите на терен во моментов на автопатот Кичево-Охрид. Овој ...

Скопје/Охрид, 25. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија, денеска, во рамки на 89. пленарна седница ја изгласа потребата по скратена постапка да се донесат Предлогот на законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) неодамна информираа дека до овој момент се реализирани ...

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи довршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот. ...

Со нови 186 милиони евра и рок до јуни идната година ќе се довршува автопатот Кичево – Охрид. За целосна изградба на делницата, која започна да се гради пред 12 години, ќе се потпише нов анекс на договорот за изградба меѓу Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“. Дополнителните финансии се наменети за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување ограда, изградба на паралелни ...