Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски е прогласен за МВП на финалната серија во плеј-офот. Војдан со МЗТ Скопје денеска го освои шестиот пехар, а низ трите мечеви беше лидер во редовите на тимот од Аеродром. МЗТ Скопје продолжи да доминира низ годините, од 2019 година па наваму се на врвот во македонската кошарка. За постетување „сино-белите“ до новиот трофеј дојдоа со максимални 3-0 против дебитантот ...
Македонската кошаркарска легенда Војдан Стојановски е добитник на признанието за најкорисен играч во финалната серија со Маџари, откако искусниот ас го предводеше МЗТ до нова шампионска титула. Војдан вообичаено ја презеде улогата на лидер, беше најдобар кога беше најважно, својот најквалитетен натпревар играјќи го токму на гостински терен во Маџари. Војдан Стојановски го заврши вечерашниот натпревар со 17 поени, 3 скокови и 3 украдени топки, ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата првак на Македонија откако вечерва во натпреварот број 3 од финалната серија го совладаа дебитантот во лигашката конкуренција Маџари со 80:74 и 3-0 во добиени натпревари. Ова за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беше 13.та шампионска титула. Домаќинот солидно го започна натпреварот и ја доби првата делница со 26:21, но МЗТ возврати во вториот период и замина на паузата со предност од ...
МЗТ Скопје Аеродром повторно се искачи на тронот на македонската кошарка, откако „сино-белите“ со максимални 3-0 во финалната серија против Маџари ја освоија 13-тата шампионска титула во својата историја. Во третиот натпревар од финалето, одигран во салата „Наум Наумовски-Борче“, аеродромци славеа со 80-74 и уште еднаш потврдија дека се најквалитетниот тим сезонава во „МТЕЛ“ Супер лигата. Маџари одлично го отвори натпреварот и во првата ...

