Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката. Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на опасност од бегство, неможност да се утврди идентитетот на осомничениот или можност за влијание врз ...

Тој дополнително прашува на кои сведоци би можел да влијае Богоев и дали постои реална опасност од прикривање или уништување докази. Во својата реакција, адвокатот упати и остри критики кон институциите, оценувајќи дека случајот можеби се користи за дефокусирање на јавноста од актуелните политички случувања и пораките што пристигнаа од Европската Унија. „Ако со ова го прикривате ‘шамарот’ од ЕУ, браво! Ама и вас ќе ве стигне истото“, напиша ...

Жалба за притворот на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев кој се гони за местење на тендер и примање награда од околу 1800 евра, поднела неговата одбрана. Богоев заедно со уште три лица се гонат дека ја изиграле постапката и ја фаворизирале фирмата РЕМОНДИС МЕДИСОН од Битола која го добила договорот за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали вреден над 300 илјади евра. Кривичниот суд им изрече ...

Стефан Богоев останува зад решетки. Функционерот на СДСМ кој заврши со лисици на рацето поради сомнение за поткуп во Царина, се уште нема дадено гаранција за да се спаси од притворот. Иако неговите адвокати Сања Алексиќ и Виктор Божиновски најавија дека ќе понудат гаранција и ќе се жалат, засега нема ништо. Божиновски се жали на притворот само на својот Фејсбук профил и тврди дека мерката е донесена поради како што пишува шамарот од ЕУ и ...