Во петокот претпладне била пријавена кражба на спомен-бистата на народната хероина Вера Јоциќ, која се наоѓала во парк на подрачјето на скопската општина Центар. Според информациите од полицискиот билтен, на 26 декември 2025 година во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека бистата е одземена од јавниот простор. Станува збор за спомен-обележје посветено на една од најзначајните личности од народноослободителната борба. Од Министерството ...

Денес дознав дека бронзената биста на Вера (Оливера) Јоциќ – народна хероина, антифашистка и борка на Народноослободителниот фронт, е украдена. Ова не е вест. Ова е симптом. Бистата е најверојатно веќе стопена, избришана како форма, продадена како суровина. Веста не дојде како шок во класична смисла – во оваа држава малку нешта сè уште изненадуваат – но дојде како потврда на она што одамна го знаеме, а сепак одбиваме целосно да го прифатиме. ...

Крадци на историјата, ќе бидете испратени во историјата! Вера Јоциќ не е име за во фуснота. Таа е живот даден за Македонија. Таа е младост што не дочека зрелост затоа што избра слобода. Таа е една од оние за кои поетот Ацо Шопов ја напиша песната „Очи“ – песна што не е само поезија туку сведоштво, клетва и аманет. Аманет наречен Вера Јоциќ. „Три дена на раце те носевме збрана, со тага и болка на погледот срчен, и секоја капка на твојата рана ...

Откако беше објавена веста од страна на Министерството за внатрешни работи дека е украдена бистата на Вера Јоциќ со реакции во јавноста излегоа AICA МАКЕДОНИЈА и Друштвото на ликовни уметници. Кражбата на бистата на Вера Јоциќ е уште една потврда за континуираната институционална негрижа кон движното и недвижното културно наследство и кон јавните уметнички дела во Македонија. Повторливото исчезнување на бисти и споменици, нивното извесно ...