Винисиус даде фантастичен гол за водство на Реал Мадрид кај Бенфика од 1-0, а Бразилецот со својата прослава ги испровоцира фановите кои фрлаа предмети кон него и доби жолт картон. Потоа се создаде мешаница по која Вини истрча кај судијата да се пожали дека бил расистички навредуван од противничкиот играч Престијани (наводно му рекол „мајмун“), па седна на клупата, не сакаше да продолжи да игра. После прекин од десетина минути, мечот во ...

Реал Мадрид се прикажа во далеку поинакво светло на „Луж“ во споредба со мечот кој пред три недели се играше на истиот стадион, па иако создаде повеќе шанси и за сигурна победа, на крајот пресуди ремек-делото на Винисиус Жуниор. Трубин со серија добри одбрани ја одржуваше Бенфика во живот уште во првото полувреме, но ниту импресивниот голман на „лисабонските орли“ не можеше да направи ништо во ситуација кога Вини режираше мајсторија. ...

Натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во плеј-офот од Лигата на шампионите беше во прекин повеќе од 10 минути, откако Винисиус Јуниор пријави расистички навреди од противнички играч. Иако „кралевите“ си заминаа со минимална победа од 1:0, триумфот остана во сенка на сцените кои не приликуваат на ниту еден спортски терен. Гол, танц и хаос на центарот Драмата започна во 50-та минута кога Винисиус постигна прекрасен гол за водство на Реал. ...