Дербито на денот во европскиот фудбал ќе биде во германската Бундеслига и тоа меѓу екипите на Лајпциг и Борусија Дортмунд. Интересно е тоа дека Лајпциг има одличен биланс на домашен терен против Милионерите, ги победија пет пати по ред и сега сигурно сакаат таа низа да продолжи. Минимум два гола има последните 15 пресметки на овие ривали, а мајсторија е да се погоди кој ќе ги даде првиот погодок. Најголеми шанси за тоа му се даваат на Гирасу ...
Во натпревар кој целосно ги исполни очекувањата, шанси на двете страни и четири гола, РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд одиграа 2-2 (2-0), во дуелот од 23. коло. Со ова реми уште поинтересна е борбата за влез во Лигата на шампионите, а Баерн ја зголеми предност пред директниот пратител на врвот. Домаќинот видливо беше посвеж, бидејќи имаше мирна недела да го подготви дербито, за разлика од тимот на Нико Ковач, кој во вторникот играше европски ...
Борусија Дортмунд одигра разочарувачко прво полувреме на „Ред Бул арена“ во Лајпциг и имаше заслужена негатива од 2:0, но момците на Нико Ковач успеаја да се разбудат навреме, а на крајот да се изборат и за бод во дербито. Баумгартнер со два погодоци направи клучна разлика во првите 45 минути и Ред Бул Лајпциг сосема оправдано имаше убава предност, но самиот старт на второто полувреме ни донесе најава за возбудлива драма до завршницата. Во ...

