Татабања е ривалот на нашиот ГРК Охрид во финалето на Еверопскиот Куп на ЕХФ, а токму унгарскиот прволигаш со убедлива партија испрати јасна порака дека е во добар ритам пред престојниот двомеч. Имено тимот за кој настапува нашиот Филип Талески го преслуша Будаи Фаркасок со 41:34. Домаќините беа расположени за игра, ефикасни и двете полувремиња ги добија со 20:16 и 21:18. Прв стрелец беше Терјек со осум голови, Талески пак имаше еден погодок ...

Реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и унгарска Татабања предизвика огромен интерес, откако билетите беа распродадени за само 15 минути. На 31 мај, салата „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последното место, а повеќе од 3.000 навивачи ќе создадат атмосфера за паметење покрај Охридското Езеро. Охридскиот тим влегува во двомечот со јасна цел и огромна мотивација, свесен дека ова е историски момент за ...

ГРК Охрид утре ја почнува битката за пехарот во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата сезона го освои Алкалиод. На патот на македонскиот тим до врвот стои Татабања, првиот меч се игра на теренот на унгарскиот тим. Борис Ројевиќ, тренерот на ГРК Охрид во интервју за ЕХФ истакна дека заслужено се во финалето. „Заслужуваме да бидеме во финалето бидејќи бевме подобри од нашите противници. Бевме многу опуштени во првите рунди против РК Баки, МРК Слога ...