Екипата на МЗТ Скопје уште еднаш докажа дека е за класа поквалитетна од амбициозниот Куманово. По триумфот во финалето од Купот на Македонија од пред неколку дена (70-96), шампионот и вечерва им одржа час по кошарка на кумановчани и на гостински терен славеше со сигурни 56-72. За „штрковите“ ова беше петнаесетта овосезонска победа во домашниот шампионат (еден пораз), додека Куманово го претрпе осмиот пораз, колку што има и победи. ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје и вторпат за само шест дена успеаја да слават убедливо во Куманово. Ако во неделата со победа над Куманово дојдоа до 14-тиот трофеј од Купот Македонија, „штрковите“ вечерва славеа и во првенствен меч. Актуелниот шампион на Македонија победи со 56-72, иако победата можеше да биде и далеку поубедлива, бидејќи МЗТ водеше и со 22 поени разлика. За „аеродромци“ ова е 15-тата првенствена победа во 16 меча, а единствениот ...

Денеска се комплетираше 16 коло од најдобрата македонска кошаркарска МТЕЛ Суперлига, а во центар на вниманието, во рок од една неполна недела, беше Куманово. Уште еднаш гостуваше екипата на МЗТ Скопје која по втор пат дојде до убедлив триумф – сега и суперлигашки против МКК Куманово со 72:56. Откако славеа изминатиот период во финалето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, сега „металците“ беа подобри од истиот ривал и во шампионатот. ...