Европската фудбалска куќа, УЕФА, и официјално го објави распоредот на натпреварите за новата сезона од Лигата на нациите. Македонија за првпат ќе игра во сегментот „Б“, а групната фаза ја отвораме со домашен дуел против Швајцарија на 26-ти септември. Три дена подоцна следува гостување кај Словенија, а на трети октомври ќе ја пречекаме Шкотска. Двојниот септемвриско-октомври прозорец го затвораме со гостување кај Швајцарија на шестти октомври. ...
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија во годинешното издание од Б конкуренцијата во Лигата на нации за противници ги има селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Против Шкотите во минатото сме одиграле четири средби. По победата од 1:0 во мечот одигран во Скопје во 2008 година, следуваат средби во кои бележиме два порази и еден нерешен резултат. Сите четири средби се играни во рамките на квалификациите за учество на ...
Денеска е утврден и распоредот за натпреварите во групната фаза кои ќе се играат во два прозорци. Во првиот прозорец има дури четири натпревари кои ќе ги одиграме во рок од две недели, во вториот прозорец се последните две кола. Распоред група Б1: 26.09.2026 сабота 20:45 Македонија – Швајцарија 29.09.2026 вторник 20:45 Словенија – Македонија 03.10.2026 сабота 20:45 Македонија – Шкотска 06.10.2026 вторник 20:45 Швајцарија – Македонија ...

