Никола Јокиќ полека влегува во посакуван ритам откако ја санираше незгодната повреда на коленото, а потврда за тоа е вториот меч во низа на кој остварува трипл-дабл учинок. Српскиот кошаркар брилјираше во победата на Денвер над Чикаго со резултат 136:120, но со остварениот трипл-дабл стана и втор најдобар играч со ваков учинок во историјата на НБА лигата. Кога станува збор за регуларниот дел од сезоната, ова беше 182-ри трипл-дабл на Јокиќ, а ...

Денвер губеше по три четвртини, но во последниот период беа спектакуларни, го добија со 39-16 и на крајот дојдоа до убедлива победа. Никола Јокиќ постигна 22 поени, имаше 14 скокови и 17 асистенции, за него ова беше 182. трипл-дабл со кој го помина Оскар Робертсон и се качи на второто место на вечната листа. Сега пред него е уште Расел Вестбрук кој има 207 трипл-дабл учиноци. Се чини дека само прашање на време е кога српскиот кошаркар ќе го ...

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да доминира на НБА-паркетите и ноќеска запиша нов „трипл-дабл“, но неговиот одличен настап не беше доволен за победа на Денвер. Нагетс на домашен терен беа поразени од Кливленд кавалирс со 119:117. Натпреварот донесе вистинска драма во самата завршница, а победникот беше решен од линијата за слободни фрлања, откако Џамал Мареј направи фаул на само една секунда пред крајот. Донован Мичел беше сигурен и ...