Кошаркарите на Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА лигата и тоа откако експресно го решија Кливленд Кавалирс во битката за најдобрите екипи на Истокот за оваа сезона. Никси ја добија серијата со 4-0, а последниот меч кој се одигра во Охајо со 130:93. Ова беше втора „метла“ во низа за составот од „Медисон Сквер Гарден“ кој претходно си поигра со Филаделфија Севентисиксерс, поточно ќе го дочека финалето со единаесет триумфи во низа во ...

Чекањето долго 27 години конечно заврши. Кошаркарите на Њујорк Никс се пласираа во големото НБА финале, откако синоќа на гостински терен брутално го прегазија Кливленд Кавалирс со 130-93. Со оваа победа, Никси со максимални 4-0 ја затворија финалната серија на Истокот и ја обезбедија првата битка за шампионскиот прстен уште од далечната 1999 година. Избраниците на Мајк Браун демонстрираа застрашувачка моќ во текот на целиот плејоф, а ...

Тимот од Њујорк практично го реши натпреварот уште во првата четвртина, а потоа без поголеми проблеми ја зголемуваше предноста до конечни плус 37. Карл-Ентони Таунс беше лидер на Никс со 19 поени и 14 скокови, Оу Џи Ануноби додаде 17 поени, а значаен придонес дадоа и Лендри Шамет, Микал Бриџис и Џејлен Брансон. По завршувањето на серијата, Џејлен Брансон беше прогласен за најкорисен играч на финалето на Источната конференција со просек од ...