Кошаркарките на Вардар направија голем чекор во борбата за лидерската позиција во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, откако на гостински терен уште еднаш сезонава го совладаа актуелниот шампион Баскет Кам. Во натпревар одигран во Македонска Каменица, вардарки славеа со 53:43, а клучот за победата беше фантастичната трета четвртина. По целосно израмнето прво полувреме (22:22), скопскиот тим направи серија од 17:5 во третиот период и практично го ...
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец Крива Паланка – г.п.Деве Баир кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до 40м. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...
Лидерот Вардар со победа стартуваше во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Скопје триумфираше убедливо над Арсими со 5-1 (4-0) во рамки на 17. коло. Воведните три голови за домашниот тим ги постигнаа новите зимски засилувања во редовите на „црвено – црните“. Стефан Цветковиќ го отвори резултатот во 5. минута, а Бобан Николов (18 минута) и Дарко Велковски (35) беа прецизни во продолжението ...

