Најмалку 200.186 руски војници загинале во четирите години од војната во Украина, според пресметката на Руската служба на Би-Би-Си и „Медиазона“ врз основа на отворени податоци. Најголеми жртви се регистрирани кај доброволците – 74.316 (37%). Потоа следуваат војници по договор (38.847 мртви), затвореници (21.405) и регрути (17.940). Во преостанатите 44.818 случаи, припадноста не можеше да се утврди. Најголем број жртви се регистрирани во ...
И покрај воената тајновитост за сопствените загуби и на украинска и на руска страна и тешкотиите во броењето на цивилните жртви, особено во окупираните области, напорите надвор од теренот и вкрстувањето на јавните податоци овозможуваат процена на колосалниот обем на човечки жртви во текот на овие четири години војна, објави денеска парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница. Помеѓу 500.000 и 600.000 мртви војници и цивили заедно – тоа ...
Истражувачката група Mediazona, во соработка со рускиот сервис на BBC News, објави дека потврдениот број на руски војници кои загинале или починале од последици на ранувања во Украина надминува 200.000. Според извештајот, реалниот број на жртви веројатно е многу поголем и може да биде и двојно поголем, пренесува Kyiv Post. Истражувачите ја потврдиле секоја жртва по име, користејќи посмртници, цивилни изводи од матични книги, списоци на ...
Телата на 1.000 загинати украински војници се вратени во Украина, а телата на 35 загинати руски војници се вратени во Русија, објави денеска помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински. „Телата на 1.000 загинати украински војници се предадени во Украина. Телата на 35 загинати руски војници и се предадени во Русија“, напиша Медински на својот Телеграм канал. На крајот на јануари исто така беше извршена размена и тогаш Русија на ...

