Крајно неизвесно, драматично и полно со пресврти ракометно дерби во Битола во кое на крајот славеа охриѓани со 26-27 со гол во последните секунди од натпреварот. На неколку пати двата тима се менуваа во водство, а ниту една екипа не се стекна со повеќе од три гола предност. И покрај тоа што Е.Пелистер имаше 26-25, сепак, на крајот Охрид со два гола успеа да ја „украде“ победата и да донесе целосно разочарување во салата „Боро Чурлески. Ова е ...

Денеска во дербито на домашната Супер лига ракометарите на Охрид направија изненадување во Битола совладувајќи го актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 27:26. После првото полувреме домаќините имаа водство од два голови разлика (13:11) во салата „Боро Чурлевски“. Охриѓани успеаја во последните секунди од натпреварот со голот на Стрмљан да дојде до голема и значајна победа. Токму Тилен Стрмљан беше прв стрелец кај гостите со пет голови, а ...

Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати на клубот Дваесет и пет годишниот јапонски репрезентативец доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар 1961 пред 2 сезони. Игра на позицијата среден бек. Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против ...

Ракометарите на Охрид ја продолжи победничката серија во Супер лигата. Тие убедливо триумфраа во дуелот со Тиквеш, совладувајќи го тимот од Кавадарци со конечни 37-20. Иако гостите на почетокот поведоа со 0-2, охриѓани брзо воспоставија целосна контрола на теренот и континуирано ја зголемуваа својата предност пред домашната публика. Најголемата разлика на натпреварот беше постигната во самиот финиш, кога домашниот тим стигна до недостижни 17 ...