Струга, 23. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 19:00 часот во хотелот „Дрим“ во Струга ќе се одржи Новогодишен Концерт на Средното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“, дисперзирани паралелки Струга. На програмата се композиции од Дворжак, Моцарт, Николовска, Коен, Штраус помладиот и Штраус постариот, во изведба на камерниот оркестар и хорот на училиштето под диригентската палка на маестро Алтин Зиба. Влезот за сите ...

Вечерва (24 декември) од 18 часот на сцената на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одржи традиционалниот новогодишен концерт на учениците од Основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес. На програмата се дела од Шопен, Шостакович, Менделсон, Чајковски, Вивалди, традицонални божикни и новогодишни песни. Настап ќе има и Хорот од училиштето како и оркестарот на традиционални народни инструменти. За овој концерт, кој ...

Синоќа во преполната сала на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес традиционален Новогодишен концерт со класична и народна музика изведоа учениците од сите класи на инструменти од Основното општинско Музичко училиште „Стефан Гајдов“. Концертот го започна Хорот на ООМУ „Стефан Гајдов“ со „Зимска песна“, „Радост за нас“ ,„Божиќно дрвце“, под водство на проф. Славица Ставрева. Потоа ученици самостојно или ...