Благодарение на подобрата гол-разлика и високите порази на директните конкуренти од другите квалификациски групи, Македонија го обезбеди своето осмо, трето по ред, учество на европските првенства. Пивотот на нашата селекција, Ивана Гакидова беше меѓу поефикасните на мечот во Велење постигнувајќи три голови. – Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, ...

Најдобрите македонски ракометарки предводени од селекторот Кристијан Грчевски во Велење бркаа поволен резултат како победа или реми за да го имаат сигурно местото меѓу четирите најдобрите третопласирани репрезентации во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Но, словенечката селекција која веќе во минатото коло се квалификуваше за континенталниот собир, уште еднаш ја оправда фаворитската улога и славеше на домашен терен со ...